Или седиш со другарка, она има 500ка и плаќа. И нели ти ѝ го даваш твојот дел ама немаш уште 10-15 денари ситно (само крупни) и следен пат ти го памти да и вратиш уште 10
И? Си го платиле својот дел, не чекале ти да им го платиш, тоа е доволно. Дали ќе остави некој повеќе или точно колку што е, негова работа, битно си платил своето. За туѓи пари нема што да се меша и коментира, секој својот новчаник нека си го гледа. Во ова време на немаштија за вакви работи да фаќате кусур, не знам. Се додека некој не чека гага од другите, вакво коментирање е срамота и збори само за другата страна што збори.
Има надеж за човештвото сепак. https://vecer.mk/makedonija/tviterd...d-eden-ogan-od-drva-kje-se-zagadel-vozdukhot/
Најјаката изјава што ја слушнав денес беше: Па, за што е жената? Да, готви, нели. И да чисти, да мети и да гледа деца. И На муабетов се изнасмеав и добив едно : Па, што? Да не треба да шета по кафиња. Се што сакам да кажам последно за денес е ова. И зошто се немало женска. Е просто, поради овие муабети. Јас барем, бракот го гледам како поделба на обврските. Ве молам, поправете ме ако грешам. Фала,чао,пријатно.
Поранешен другар ми верглаше како жените се за дома седење и чување деца, и одма после тоа ми се жалеше дека 5 години неможе женска да си фати... ....
Што слушнав, ми се згади. Да се разбереме, јас не се гледам како феминистка затоа што има многу работи кои не ми се допаѓаат во тоа движење. НО!!! НО!!! Не се прашувајте зошто жените ве манипулираат и лажат, зошто глумат и ве користат кога вредноста на жената се цени само по бројот на курови. Се извинувам на вулгарноста, просто сакам да се изразам како што ова мислење и заслужува. Да некому му е битна бројката на сексуални партнери како услов за врска е просто мизерно. Дај не се зафаќајте со муабетот, да, што ако е проститутка. Не, ни јас не би била со маж кој го продавал телото за пари, но не поради бројката на пички, туку поради тоа што сексот го користел како работа, што значи дека е неспособен да работи нешто друго и мрзлив. Да разјаснам и уште нешто, не го сфаќам сексот како играчка, напротив, може да има страшни последици и физички и психолошки, ама моментот “не се цени” ако имала повеќе сексуални партнери е смешен. Вистината е друга, некои мажи не се способни да имаат ни една, па сите жени се курви. Инцелство на максимум. Некои жени па си го живеат животот, не се оптоваруваат што сељаците мислат за нив и не дозволуваат да бидат опресирани само заради тоа што некој ги “скинал”. О да, терајте со Џордан Питерсон само, ама Питерсон е мадафака, милиони направи на грбот на очајни мажи на кои им го кажува тоа што сакаат да го слушнат. Порано мислев поинаку, од денес дефинитивно поддржувам играње со вакви кутри мажи, комплетна манипулација која сами си ја навлекле.
Омг. Мислењево е a wild ride. Не се гледаш како феминистка се додека самата не почувствуваш потреба од феминизам?
Да, не си лепам етикета феминистка затоа што има некои аспекти кои не ги поддржувам, не знам што не е јасно. Башка твојов муабет не знам како се надоврзува на цитираното.
Бакшиш нека остава кој можи и сака, личен избор, искрено јас се зачудив кога за истово читав коментари и голем дел од нив тврдеа дека неоставањето бакшиш било себично, некултурно, не знам какво. Чиниш којзнае какви богаташи сме. Која смелост е да кажуваш како некој треба да си ги троши парите. Сум оставала бакшиш често кога сум јадела некаде, и на пример ако сметката дошла 670 оставам 700 и не барам кусур. Ама пример за кафе од 100 денари насекое да оставам 150/200 и за бакшиш... ќе одам банкрот. Проблемот треба да се бара во газдите кои не плаќаат доволно, не до муштериите кои се осмелиле да платат онолку колку што потрошиле.
А замисли оставаш бакшиш уште од старт на самото седнување? Во фул кафана одма друг третман добиваш, не чекаш за ништо.
Ако во продавница бутнеш нешто кршливо и се скрши, имаш штета направено и ќе си ја платиш, без разлика што сигурно било несакајќи. Ама човек ако утепаш, можеш слободно да кажеш "не беше намерно" и да не плаќаш ич. И така...
Не се плашат овие луѓе да седа со сами себе, познавам вакви, некогаш и јас сум, едноставно тоа ти е навика да си праиш нешто и на спикер да си муабетиш. Многу е прекрасно да мијам садови и да уживам сама со себе а? нееее. Па подобро ќе си се смеам ќе си муабетам со некој и мијам или слушам музика и мијам садови или според тебе и тоа не чини? КАжи и дека не сакаш така, не и кревај и сите среќни