СДК едно големо фала на сите по социјалниве мрежи, вклучувајќи го форумов, што споделуваат секакви глупости и небитни работи, и со таквото однесување уште толку ми ја избиструваат визијата каква личност нејќам да бидам. Знам дека е арогантно од моја страна, ама ич не ми е гајле. Фала, стварно.
не си скроз у право кај некои е и од трауми да, јас горе дадов личен близок пример, за куче шо нападна пошо си бранеше ,,своја’’ територија улично куче.
Океј е кога албанцине се возат и не им замеруваат. И јас имам приметено дека шофер од автобуси рече на една жена со 3 дечиња,наша, карта да куцне и луѓево шо имаа приметено дека шоферон не им се дереше на албанците станаа во нејзина одбрана Претерано е веќе.Навистина
Намали малку. Отвори ја другата тема и ќе видиш дека никаде не оправдав вакво нешто. Не пишав ни дека е решение ама не може да се игнорира фактот што секојдневно има напаѓано луѓе од кучиња и кога ќе се случи вакво нешто да сме сите као изненадени од случката. Смешно е сите да глумат дека се изненадени.. Куче нападнало жена на пазар во Струга, нападнато 14год дете, на брза помош завршило 6год дете и сето тоа овие 2-3 дена. Општините „загрижени“ и со „план“ ама планот никој не го гледа во спротивно немаше да се случи ова. И сеа демек изненадени од случкава денес? Ме нападнаа. И јас како тебе се чудев - се' до тој момент. Пишав во другата тема за ова, да не полнам овде за џабе. Сериозно бре со овој муабет дека „јас ги галам, не ги тепам“? Цело маало ги храниме кучињата кои ги оставаат. Сите се грижиме за нив и пак едно од нив постојано напаѓаше и не само мене и другите кои се обидуваа да го припитомат и хранат. На сите пријави никој ништо не направи околу ова, а се наоѓаше и до градинка. Преку ден напаѓаше, навечер уште пострашно ќе се стрча од некаде... Колку пати луѓе од коли излегувале за да ми помогнат... А не е ни единствено, колку улици одбегнувам заради вакви. Не се правете над ситуација кога реалноста сите ја гледаме. И јас мислев како тебе ама кога од сите луѓе мене ми се случи.... ПОРАЗИТЕЛНА СТАТИСТИКА: Во Скопје има неверојатни 10.000 кучиња скитници кои ги напаѓаат скопјани – властите немаат решение Ова е само еден и тоа застарен пример. Претпоставувам дека сега бројот е уште поголем, а ситуацијата во останатите градови никој не ја ни гледа, се до ваков момент кога ќе се случи ваков хорор. Ама ќе биде каснат некој од куче „човекот провоцирал“, ќе се случи напад од куче „човекот испровоцирал“. Не велам дека нема такви случаи ама не може толку напади да бидат заради тоа, да не се лажеме. Ако меѓусебно се обвинуваме нема никаде да стигнеме. Прогледувам низ прсти на некои коментари затоа што разбирам дека главите се вжештени, ама многу ме иритира тоа што наеднаш сите изненадени, ама кога ќе објават дека луѓе настрадале - штама!!!! Или полошо - ЛУЃЕТО ПРОВОЦИРАЛЕ! Треба план ама и постапување по план. Не може постојано да ги обвинуваме луѓето (не овој грозоморен случај, пишувам за оние за кои се тврди дека “провоцирале“), а во меѓувреме општините да плаќаат оштети заради каснувања и сето тоа од наши пари, кога можеле да ги искористат тие пари за спроведување на плановите кои се први да ги објават ама непостоечки кога требада се реализираат!
Не ми е јасно како може некој да брани убиец. Па тој истиот утре без да му трепне и мене,тебе,детето,комшија ќе не убие.. Па после имаме случаеви како ја утепал бабата, жената, детето,фамилијата. Читајќи ги коментарите да помислиш како Нобелова награда добил.. Дно дна и подолу секој ден..
Рековме, колку и да се трудиш да работиш, СЕКОГАШ ќе има замерки и СЕКОГАШ ќе си ти виновен. И СЕКОГАШ НЕ ЗНАЕШ ДА РАБОТИШ. Ова еднаш морам да си го сфатам. Зар некој мисли дека ако на работникот му се става притисок ќе работи подобро? Сериозно? Никогаш не ја разбрав стратегијава со работа под притисок и барање начин како да се смени карактерот на работниците за доброто на фирмата. И упорно барање грешки. Иако работата 3 сработена и се е во ред.
Државата треба да воведе закон велам закон за кучиња. Оној што вдомува да биде казнет со глобална парична казна ( енормна сума) доколку го пушти кучето на улица заради глупави причини како на пример “им помина меракот”. Секој вдомувач да подлежи под психолошки тест дали е способен да чува куче. Кучето да ги има поминато сите потребни контроли, да е кастрирано. Треба да постои служба за заштита на животните, станционар на товар на државата каде што секое куче ќе биде згрижено со соодветни услови, храна, вода, топлина, играчки и луѓе кои вистински сакаат животни кои соодветно ќе се грижат и ќе им најдат топол дом ама тој што ќе вдоми ќе потпише анекс ( договор) дека свесно вдомува куче и се согласува со наведените услови. Службата ќе врши посета еднаш или два пати годишно за да се увери дека кучето имаа соодветни услови и живее во здрава средина. Во нормална држава толку е едноставно и просто да се реши се, без да се доведе во опасност ничиј живот, да не шетаат со сачмарки и да дивеат. Дури и куче кое избегало и било застрелано од некој човек истиот да се казни дебело и дозволата и оружјето да бидат одземени. Во држава каде перењето на пари, цедење до срж на народот и купување на скапи коли е прв приоритет не очекувајте, ниту барајте правда. Секој пат пред избори за да купат гласови кај здруженијата за животни им ветуваат празна слама. Не треба ни да ве чудат коментарите, тоа се наши сограѓани пола неиживеани, сите верници во црква се молат, а потајно сите убијци на животинки. Толку.
Дај бе затворете тоа темите за чаеви, таблети и слични срања за слабеење. Преку кур од наивни што стопати ќе им објасниш као се слабее и не бе, пак ќе отидат чај ќе земат.
Мене исто така ме нервираат луѓе што еј као се грижиме, сакаме животни а даваат по некоја виршла на идење/враќање дома, ќе остават нешто да каснат и така ќе насоберат 10 кучиња на едно место, па ќе почнат кучињата меѓу себе да се дават, па луѓе ќе се плашат да проаѓаат. Па некој ќе им ссне, ќе ги тепа и тка ќе станат агресивни и се во круг. Значи мора да се бара решение долгорочно! Тоа што ќе му фрлиш едно мевце не е решение
Ако читам меѓу редови, можам да кажам дека ако нешто ни изгледа предобро, мислиме дека не е реално и сме во заблуда. Затоа те прашав како препознаваш ама добро штом викаш да читам меѓу редови. Оти не знам на кој алудираш, јас не сум добила таков впечаток за никој. Напротив, овде дури се повеќе реални и свои (освен ако е трол).
За ова убиството во Скопје. Тотално се слагам дека имаме преголема стигма за ментално здравје. Ама не, не може вината за убиство да ја префрламе на системот. Некои луѓе што не преживуваат па никогаш не би утепале човек. Тие што убиваат имаат далеку посериозни проблеми од такви што се решаваат со редовно пиење лекови или разговор.