Добро зошто секој јануари трае пола година ? Најдосаден месец од сите можни месеци.... Едвај чекам да заврши. Едвај чекам да дојде крајот на месецов. Баш тогаш има два концерта, главата да си ја разбистрам.
да фрламе писмо/глава ако се падне писмо, колкава е веројатноста дека ќе положиме нешто семестаров (јас еден мафнав среќа) ако се падне глава, колкава е шанса да дипломираме пред 2026 ахахахахахахахахахах иди реши ја
Ако некогаш измислам некоја изум или некоја теорија, да знаете дека тогаш тоа ќе биде на шолја. Ама фикс идеи ми истекнуваат додека сум таму... Треба со лист и пенкало да одам, да си запишувам.
Јас единствено надвор од Балканот би можела на раат да читам на Фемина во јавност. Освен ако нема некој земјак заедно со мене.
@Puellapulchra да се врати во чатот(на барање од чатовското друштво)бидејќи многу ни недостасува и е досадно без неа.
Сабајле сфатив колку треба да го ценам кафето на работа испиено. И дома е бесценето покрај маж и две дечиња ама на работа го пијам бавно во мир и тишина.
Колку и да сум носталгична за старите денови, нашето детство и ми е жал што син ми нема да има такво, сепак никад не би можела да го оставам надвор, па и да се враќаат тое стари навики. Времињата се сменети, луѓето се позлобни, коли има повеше и се возат побрзо. Ми вика некој стар лик, зошто денешнице "модерни" мајки не си ги пуштаат децата во продавница сами, да им купат на родителите леб или слично. Не сфаќа дека попрво на колена ќе ги изодам ако треба тое улици, отколку да жалам цел живот ако некој го прегази или ми го снема.
Ги читам коментарите на фб под веста за продолжување на породилното отсуство на 13 месеци ( 4 месеци ќе има право таткото да земе отсуство) и стварно сфаќам колку неписмен народ живее во земјава
Татковци кои се грижат за своите деца = изопаченост? Сигурна сум дека имале одлична врска со нивните татковци и сега имаат убава врска со нивните деца, мхм.
Па, во врска со изопаченоста, еве еден пример колку затуцан народ има. Пред некое време, една жена ми рече дека маж и не сакал да менува пелена на ќерка им, новороденче. И рекол, а што ако ми се дигне додека ја мењам? И ми вика она, па и во право е. ????????????????????