Има електрични коли во Македонија, ама кај можат повеќето луѓе да си дозволат да купат електрична кола, не се реални мерките и не се ефикасни за да се спречи загадувањето.
Како многу други премиери пијаниците се боеми, како коцкар тие рекреативци а не ја гледаат зависноста и кажуваат кој што да прави.
Тоа да, не дека овде е вака, а кај другите не, ама јас како што сум гадлива не би можела утре Тонус да си купам и да го јадам. Среќа па ми се одјаде инстантно, а и немам друг леб дома .
Без навреда ама никогаш не сфатив што е толку посебен тонусот. Има и други поздрави лебови, тонус ми е ко ѓон од патика да јадам. Тврд и бљуткав на вкус. Немал квасец...пих.
Најдов малку време да ви раскажам едно здраво крадење од таксист и да ви посочам да внимавате во кои таксиња се качувате особено тие кај Ист Гејт. Сите се диви и не знам зошто еднаш засекогаш не ги укинаа. Се качив во едно од нив од Ист Гејт до Кисела Вода, човекот беше муслиман и немаше пет мин како тргна почна да ми прави муабет од типот како ми поминал шопингот,што имало во Ист Гејт, каде живеам и такви работи кои јас како личност не преферирам да ги правам, ама отпосле видов дека е див. Многу почна да прашува, за не баш брзо стигнуваме до мојата зграда јас му дадов 1000 денари, на таксиметарот стои 230 денари ( прошлиот пат беше 150 денари ) типот ми враќа кусур, мислеше дека нема да си ги бројам парите и ќе си излезам, ми враќа само 510 и се попишмани ме праша зашто сум ги броела парите и дали има доволно, му кажав дека ми дал 510 и треба уште 260 на што он прави некоја гримаса со устата и ми дава само 200 денари и со дрзок тон ми вели доволно ли е сега?! Среќа што не сакав да си кварам вечер и да се нервирам за 60 ден иначе ќе се разберев убаво. Гледав што побрзо да излезам од возилото,на крајот му кажав секој си ги цени заработените пари. Пребројувајте си ги парите, се краде на велико, уште и лути што ќе им побарате кусур. Ваљда очекуваше да го частам сендвич и пиво со 200 денари +. Арамии.
Мене ми е убав, а и помалку јадам од него, отколку бел леб да речиме, зошто општо сакам многу леб. Две парчиња ме заситуваат, во фрижидер го чувам, ми трае недела и тогаш е ист, не е стар, сув, тегав. А и години го јадам овај, понекогаш Диме и веќе се навикнав, не ми беше така вкусен на почетокот. Не само за квасецот, јадам и од тој со квасец, јас не сакам адитиви кога има.
Знам дека постои апликација, но немав време да ја симнам. И не влегувам во било кое и првото што ќе го видам, многу пазам поради тоа што ме нападнаа порано ама ете не можам да знам, речиси сите се идентични. Може да има број на кола а да е диво.
Да ти влезат во твоја земја и да ти викаат дека е нивна да кажуваат отворено дека имаат претензии и да седиш дома, и после да ти отидат во својата земја без скршени носови треба да си мивка.
Не мора апликација. Имаш на телефон да се јавиш. На златна книга побарај има милион регистрирани такси компании. Не влегувајте на слепо.
Важи, кој има толку слободно време нека бара, јас немам и такси не треба да е диво,туку нормално цивилизирано. Тоа е.
Заборави каде живееше.. Македонија е ова. Се што е ненормално во странство, овде е нормално и обратно.
Знаеш колку има што возат на диво? Се нудат, не се качувам. Барем два броја имај си во телефон и повикај такси. 5 минути ќе ти одземе
Зошто ми ги испревртуваш мислењата, кој ти е проблемот? Знам каде сум живеела и израснала, не мора да ме потсеќаш фала. Од целата приказна за влегувањето се фати. Од сега ете сите носете си златна книга во раце. @KiT Немам Мкд број и кога доаѓам не користам, да имав број мислиш немаше да се јавам?
Еве за друг пат ако ти треба такси.. а немаш мак број Пази се аман многу диви има околу Ист Гејт е лудило. Само чекаат некој да измамат.
Гледав едно кратко видео за жена, мајка на бебенце со две ампутирани раце до рамењата... Сама му менува памперс, му става цуцла, го бања... Сама си ги извршува и дел од домашните работи, со стапалата.... Силна жена, прекрасна мајка и сакана од сопругот, вистински... Тој ѝ облекува фармерки и врзува коса, зависна е од него за некои работи, а сепак покрај неа е, безрезервна поддршка ѝ е... Дали и колку нашите партнери/сопрузи би го правеле истото, ми се наметнува прашањето...