(Кутија) чоколадо исто може и да се направи по свој вкус. Мене ова ми е дупло и двосмислено една од поубавите, пошто потсеќа дека имаш удел и избор над својот живот и исто така дека можеш сам да си направиш чоколадо.
Сакам да кажам дека си го погазив егото и дадов уште една шанса на личност на која не требаше.Се надевам нема пак да се разочарам.
Мојата амбиција и радозналост ме доведе до 3 часа сон . Се прашувам што ми требаше да прашувам што како треба да сработам до крај на месец. А само сакав да ги дознаам обврските што ги планираат за мене и подобро да се организирам. Многу лошо , од месец до месец... само хаос. Пробав со лошо не оди, ќе пробам со фино. Нема исто време работа, секоја недела своја прича, да ги прашаш појма немаат зошто почна да е вака. Ладни , фини и насмеани си ги кажуваат обврските со рок до 31 јануар како да има два месеци до тогаш. А јас овој период со многу обврски приватни. Cама наработа со нереално многу обврски . Баш ме интересира што ќе се случи. А помислив издржи барем до крај на месец, после со разговор ќе решиш се. Па ако му одговара остануваш следен месец.
Сакам да кажааааам дека веќе сам себе не си се поднесувам. И стварно више не знам крајот кај е, или почетокот нов? Колку само сакам да бидам океј пак, весел, исполнет... Среќен сакам да бидам. Преку глава ми е и од анксиозности, и од овертинкинг, и од мисли секакви, и од работа... Аман аман! Што толку барам од животов?!
Сакам да кажам дека ми е многу убаво чувството кога се грижат за мене и ме сакаат, ама никогаш неможам да сфатам како неможат да ме разберат што навистина ми недостига и од што јас се сеќирам, немора да ми даваат пари за да сум среќна, немора да имаат грижа на тоа што јас ќе тагувам и ќе сум несреќна, тоа е се мое, само што барам од другите е да ме остават веќе на мир да си ги решавам сама работите, да имаат доверба во тоа што јас го сакам да го постигнам, целите што ми се зацртани мене ми значат многу повеќе од тоа што тие мислат, сакам веќе еднаш да разберат дека немора да се присутни околу мене кога немаат ни малку разбирање кон тоа што сакам да го постигнам, а се однесува само на мирен и спокоен ден што сакам да го поминам без да имам грижа за другите што мислат за мене, а многу ме притискаат за тоа што не сум била во право според нив, а сакам едноставно да си ги решавам сама работите што ми се наменети за сама да ги решавам. Сакам многу повеќе да се фокусирам на целите што сама сакам да си ги постигнам, само затоа што трпение е се што треба да имам за тоа што го сакам да го постигнам, само за да дојде денот што ќе ме направи горделива на себеси.
Не... Не бива така, луѓе. Гледате од високо, вреѓате, се потсмевате. Зар сериозно мислите дека така се добива авторитет? Сериозно??? Ај, малку запрашајте се кој е над вас?
Како да видам колку е карта со бус до Букурешт без да се јавам на автобуска? Мразам да зборувам со луѓе на телефон..