Незнам дали знаеш дали ти кажал некој до сега ама да ти кажам, треба да бегаш од таков. Со таков нема убава иднина.
Ако е некој тежок криминал и дечкото ги подржува не би била, но доколку ги одбегнува и е против тоа би била, не значи дека сите се криминалци ако еден член од семејството е криминалец.
Не би рекла веднаш да сепак треба да внимаваш но често има случаи каде што тој не е ни приближно како таквите луѓе и ако мислиш дека можеш да пробаш да прифатиш критики од околината и да ризикуваш дека и тој не е таков ,тогаш слободно.Не е убаво еден човек да го судиме по другите ,тој е нивен потомок но и секој си е различен и за себе .
Ако ја познавате приказната за Пинк Пантер криминалната група, кој ја вклучи во бизнисот нејзиниот сопруг од најдобра кошакарка стана бандит, ама сепак не може никој со сила на ништо да те натера ако не одлучиш сам.
Па добро, сигурно ти како родител нема да дозволиш детето со кримос да ти поминува време, и да ти го учи да краде.. Впрочем, ти како родител секогаш треба прво и најважно да имаш авторитет и влијание врз детето, ако го научиш како не треба, детето секогаш ќе знае како не треба, барем јас мислам така..
Каков тип на криминалци? Ако ограбуваат банки и златари, нешто организирана мафија би. Убијци и педофили не доаѓаат у обзир. Макар и комшии.
Ехее дури стигниш ти до дете да ти се роди треба прво да преживееш едно две-три киднапирања, па после за дете ќе му ја мислиш
Лично јас би бил со девојка од криминално семејство, ако потекнува од криминално семејство не значи дека таа е таква, само да не е впуштена во тоа ако таа не го прави тоа се е во ред, зависи од личноста колку е свесна за ситуацијата и средината. А за односот со нејзините тоа е комплексно прашање ако она се има отргнато од нив бидејќи се бават со криминал утре ако би имале деца ќе растат во нормална средина, иначе јас не би седел со криминалци на маса и не би дозволил утре ден тие да се доближуваат до наши деца, поради тоа е комплексно прашање излегува проблем. Јас гледам да немам комплекси врз луѓето а друго е да ја согледуваш реалната ситуација.
Комплицирано. Мразам комплицирано. Сега, зависи и што е криминал, технички и тој со ќебапчињата што е осуден е криминал...и зависи колку е во контакт со тие роднини... Сепак, комплицирано.
Јас би била со некој од крими фамилија и кога невработен ќе ми купува скапи поклони ќе си ќутам. Шега на страна, ова ви се луѓе вика оддржување на стигма. Знаете колку ефект би имало врз мене чичко ми да е криминалец? Близу до 0. Збориме за роднини, не за родители. Криминал не се пренесува генетски плс. Дури и кога си израснат во таква средина, има надвор од тоа. Преференци се океј I guess, ама проблематично е што мислите дека некој е автоматски отиден ако има некој во фамилија што е таков. Тоа за крадење со вујче приказната е најглупо нешто што сум слушнала, нејќам да скролам да видам кој ја напишал за да не мора повторно пред очи да ми излезе. Ама нека, само со смислувајте приказни за да си ја оправдувате ограниченоста.
Имам секакви забегани роднини и со пола немам ни контакт со години. Не гледам дека сум мафијаш или нешто слична на нив. Цела спротива сум дури и од родителите, не па со братучеди и тетки, чичковци. Глупости, што е важна фамилијата, кога некого вистински сакаш не гледаш такви работи.
Ne e samo toa sto ke go naucat tuku dokazano postoi i genetska predispozicija da ima kriminalno odnesuvanje. Temperamentot e nasleden ako majkata i tatkoto se impulsivni golema verojatnost i deteto da e impulsivno itn.