А, за ова? Офисерка за онлине продажба? Па дур 20 000 ден. платата Уау. Па и осигурана уау со тие 20 000 ден. Као демек ако давате 30.000 нема осигурана да биди.
Као прво, шо ку* им треба слика за шо и да е тоа офисирка за онлајн продажба?! Као друго, купи си за 200, ој дома пробај, па врати им го. Те заболе ташак коа се глупи.
Ова не е за во спојлер, туку на со толкава резолуција да ја прикачиш, да се види добро какви кретени има.
Во светот има девојчиња и општо деца кои не (можат да) одат во школо и да се образуваат, а би сакале, има луѓе и организации кои се трудат да го направат образованието достапно за секое дете во светот. Е ама еве дознав и дека има така простички луѓе кои сметаат дека активизмот за школување на секое дете е булшит оти и онака школото нема никаде да ги однесе зашто богат и зрел не се станувало со одење во школо. Куку нонен.
Денес една колешка скоро се онесвестила на работа. Чим дознав одма дотрчав во собата каде што беше легната, ја држев за рака и кажав дека сум тука, да е без галје. Ја прашав дали имала напад и како се осеќа да опиши. Рече дека нешто притисокот и варирал и очигледно и беше страв да признае пред другите. Инаку, колешката има анксиозност. Не знаете само како еден стисок на рака му значи некому во таков момент. Се осеќам исполнето, што барем дадов поддршка, некаква. Но од друга страна, не знам дали сум премногу емпатична и премногу се грижам за другите.... Многу од колегите не не појдоа да ја видат.
Како ја дефинирате љубовта? Дали мислете дека човек во животот може повеќепати да се заљуби? Исто така дали можете навистина да прекинете да сакате некого? Или сепак и после многу години не ви е сеедно кога ќе ја видете таа личност или кога ќе и го слушнете името? Јас мислам дека љубовта доаѓа во многу форми кон различни работи. За љубов кон сродна душа е тешко да се зборува и да се дефинира. Во мојата прва врска мислев дека бев заљубена, но откако прекина сфатив дека тоа беше само една тинејџерска дружба која никако немаше да опстане, а не се чувствував ниту повредена. Во втората врска исто мислев дека љубовта ме обвзема, но кога дојде крајот сфатив дека е само навика и страв од осаменост. Сега во оваа врска е се поразлично, лесно и времето минува ненормално брзо кога сме заедно. Секако, и во двете претходни врски имаше поддршка, разбирање и искреност. Имаше близина и слобода истовремено. Не недостасуваше ништо, освен љубов. Дали навистина сте заљубени? Или како поминува времето тоа ви е само навика?
Толку многу ме болеше глава сношти што ни земјотресот со магнитуда од 5,3 не го сетив. А на фб само пишуваат за тоа. Don’t panic, it’s not in Mkd.
Најглупо е кога на слободен ден од работа ќе станеш пак рано и немаш што да правиш со себе толку рано.
Имам 4 бизнис партнери. Во секој имам доверба. Едниот понекогаш знае да промаши ситуација, но за работа е стабилен. Уште 15 години вака нека тера и ќе се пензионирам на 50. Потоа ќе уживам во трчање секој ден, пливање и теретана. Имам уште многу за реализирање . . .
Колку време и да помине никогаш нема да ми е сеедно и ќе пуштам солза, Тоше беше премногу добар за овој свет но исто и некој кој му треба на светот, и вечна неправда е што прерано замина. Вистина е кога велат дека има само датум на раѓање.
Праење муабет и дебатирање на било која тема, замисли НЕ ЗНАЧИ НАМЕТНУВАЊЕ НА СПРОТИВНО МИСЛЕЊЕ. Да, смееш да имаш ти твое мислење, како што сто пати хистерично викна. Да, смеат и другите да имаат свое мислење и смеат да го изнесат без да бидат осудени и обвинети дека наметнуваат став. Тој процес се нарекува: разговор. Ти кажуваш нешто, па она кажува нешто, па јас кажувам нешто, па пак ти, па пак она, па пак јас, итн, итн. И да не се согласуваме во гледиштата, океј е. Разговор е. Си муабетиме. Тепаме време. Чил. Стварно е тешко чоек да се спријатели these days. Сите се или нешто увредени или предигнати. Комплекси леле мајко. Па искрено боље сама ќе терам у живот него ли да трпам нечие его.
На 50 нема да ти се трча, оди во теретана, или плива, бар не толку активно. Тоа што можеш сега да го уживаш во кои и да си години, не го оставај за старост. Балансот помеѓу парите и времето е најбитен.
Смачено ми е од луѓе намќори што во секој момент и секоја тема внесуваат негатива. Дај бе луѓе насмејте се малку, што толку лошо сте собрале во себе чиниш 150 години имаме живот. Минува брзо времето, а вие од час в час полни со негатива.
Спојлер Нема веќе срамење кога ќе си ја облечам блузата наопаку. А ако ми преречи некој ќе види шо е висока мода. Тоа не е сè, се носи и против уроци, да одам да кажам во темата за баење. Без мајтап ме бендисва.