Со самото тоа што не го знаат македонскиот јазик и ги слават сите празници на Република Албанија (пр. Денот на албанското знаме), а немам видено дека го слават на македонското знаме или азбука, укажува на тоа дека не ја сакаат државата и не чувствуваат дека припаѓаат на неа.
Ова го зборам цело време,каде и да одиш што и да правиш кога престојуваш во друга држава и да не ги славиш нивните празници и обичаи,треба да ги почитуваш.Пример (Смилковско),вреѓање (каури) итн.Еве јас сум атеист па пак ги почитувам и нивните и нашите празници,јазик итн.Знаат они како мачиња да бидат во Швајцарија иначе.Родени се тука а навиваат за Албанија.Ама во Албанија се последни во град а тука први во село.
Во последниве два месеци хоби ми е да праќам цв и да одам на интервју, значииии ќе се најде ли асална работа, со човечки услови, соодветна плата и заштита на работникот?
За тебе како што паметам имаш завршено медицина.Па зар и за вас докторите е тешко да најдете работа??нели имаме дефицит на медицински кадар?
Дефицит има, одиш на интервју, па на проба, па на обука(некаде), па две недели неплатено иако си го работел тоа и претходно, платата ти е ниска, договорите се ужасни, плус повеќето се несериозни месец, два им траат круговите за вработување.........бар искуството моментално ми е такво. Ова е ако си скроз без врски
Ти како да дремеш на форумов да се расправаш со глупости и само го навредуваш македонскиот народ...македонски газди неписмени биле.. Супер ќе беше да си во право дека само македонските газди се такви, јас па пре би рекла турските газди се жива мизерија.
Катастрофа..тоа ти е жална Македонија.Ако докторите без врски што се доаѓаат тешко до работа (а и таа ако ја најдат едвај со деградирачки услови уште од самиот старт)а се вели дека се дефицит тогаш што да се каже за другите професии ...
На братучед ми ни на интервју не го викаат. На едно го викнаа, не му се ни јавија после тоа. Инженер заврши есента, дефицитарни и тие демек беа, без врски ништо. Странски фирми, наши фирми, кај не пушти CV и од никаде ништо... Хаос држава.
Не знам како си го поврзавте ова со претходниот муабет? Да се објаснам, мислам на газди од Македонија, независност која етничка припадност се. Во странски фирми, или фирми со странски газди не се ни приближни условите за работа, платите можат да бидат слични, ама сѐ друго е многу подобро.