Обожавам да ми поправаат заби и да одам на стоматолог, никогаш не сум имала желба да бидам стоматолог, меѓутоа никогаш не сум имала страв од забар и поправање заби, напротив уживам во тоа, среќа во несреќа е тоа што од толкава желба да ги средам забите, сега немам ниту еден расипан, веќе години па ми фали тоа чуство, чистење заби, поправање итн, од секогаш сум се прашувала зашто повеќето луѓе го имаат тој страв, мене ми е опуштање и уживање...
Ги следам темите за запишување на факултет и кој како ќе праша за некој факултет, сите одговори се „не вреди“ и тоа за кој било факултет
Вреди некој технички факултет или финки малку потешко е ама барани професии се, ќе учиш напорно некоја година после си имаш убава работа.
Не е само за вредење. Џабе е ако немаш никаква желба за тоа и ако ни барем минимално не го сакаш тоа што го учиш. Сите професии се важни и сите факултети се корисни. Муабетот ми е што ги разочаруваат сите кои прашуваат затоа што индивидуално можеби не поминале толку добро на одреден факултет.
До некој степен и не е до факултетите, до државата е, нема работни места за повеќето факултет, не инвестираа во младите откако завршат факултет (било кој) веднаш да имаат достапни места за работа.
Не може а и не сака секој да биде програмер. Некој сака да работи на пример во областа на образование, јазик, уметност, биологија, хемија... итн. Учење нешто само поради поголемата плата е од сам старт осуда на незадоволство и неуспех.
Како викаат "a lot can happen in a year" баш ме погоди кога видов прееска. На 04.02. 2021 добив лиценца од факс На 04.02.2022 почина дедо Те молам Господе дади нешто добро оваа година на таа дата
Седнувам на вечера кај моиве и се присетувам, кога бев мала, ако седнев со телефонот на маса кога се јаде, татко ми знаеше на шала да ми го заплени телефонот. Е сега, јас јадам, моиве со телефонот чачкаат нешто. Наочарата на нос спуштена, скролаат со едно прсте како ориз да чистат, за да се гледа подобро телефонот поткачен на далечинското или друга рандом кутија на маса. Се смеам, ги сликав, ги праќам на другарка ми велам денешниве деца без телефон на маса не седнуваат, во истиот момент ми праќа слика назад каква е ситуацијата кај неа. Иста позиција на наочарата на нос, иста поза, исто сѐ! Се сменија улогите. Најинтересни ми се кога иако сме сите во иста просторија, ми праќаат мемиња или смешни видеа со животинки за да видам и јас. Уствари, и таква ни е онлајн комуникацијата. Memes and reels, И по некое рандом слатко маче што сме го виделе негде.
често кога правам планови не испаѓа баш според планираното, секогаш испаѓа нешто спонтано непланирано. Ама ако немам план исто како да немам никаква цел до која би се придржувала така да.... Боље ти е плански
Поради "е добро де, шо ако слуша/м аца лукас" и "е добро де, шо ако гледа/м турски серии", сме на ова дереџе со менталитетот на народов. Ако мислите дека не е битно што музика слуша некој, што серии/филмови/канали гледа некој, што книги чита некој, на какви места искача некој, итн - ептен се лажете. Битно е, и тоа како. Сите овие нешта кажуваат што човек е тој некој. Ме боли курац ако некој мисли дека сум површна, ама тие нешта се многу битни.
Пријателка имам и премногу е добра. Само една маана и фаќам-многу е скржава/шкрта. Знам не постои човек совршен, знам тешко време е, ама млада девојка е, сега ако не си дозволи нешто кога? Три зими со ред купува јакна, никако да купи.. де скапа де грда била не знам што да кажам. А за друго предобар човек, ама за пари да потроши никако.. можи звучи смешно не знам, јас помагам многу пати и частам (некогаш и таа ретко) само јас кога частам бара поскап пијалак кога таа плаќа најевтиното.. не замерувм сепак, не мислам дека е користољубива ама ова...