Спиритуалноста има толку разновидни делчиња што секој различно ја доживува. Многу повеќе е од религија и набројани правила.
Стандарди. Многу е битно да се чуваат стандардите високи кога бирате луѓе во вашиот живот( партнер, пријатели, па и семејни односи) Превише луѓе денес се задоволуваат со било што само за да не бидат сами. Превише. А и по правило станувате како најблиските 5 луѓе во вашиoт живот. И така луѓето стануваат било што... само не она што се и можат да бидат доколку ги имаат вистинските луѓе во животот.
https://puls24.mk/бугарите-од-макед...e-PMKpERFWl1eWrJdgNiGKNQV3FJ0&mibextid=l066kq И шо ќе праат сеа патриотите од дијспората… Си играте со лебот на луѓето...
Откако ќе ставиш на игнор околу 5-6 членки кои како да се дежурни овде и за се' само они знаат, на форумов е малку подобро. Но сепак има многу негативност да не речам злоба, лечење лични комплекси врз друг и спамирање. Ал ин ал не вреди да се троши скапоцено време тука. За разлика од пред една година само, доста квалитетни членки се повлекоа само затоа што не можат да се носат со сета негативност овде и се' повеќе ги сфаќам и оправдувам.
Колку пати во животот човек може да се вљуби вистински? Зборувам за вљубување во припадник на спротивниот пол. И дали сте заедно/мажени со тој што го вистински го сакате/сакавте?
Почнав да се прашувам дали сум нормална бидејќи повеќе психички ме изморува немање работа и седење така отколку цело време да има нешто за работа. Дојде таков период што од другата страна чекам да ми пуштат работа, да завршат тоа што им барам, денот ми беше прееедолг и предосаден. Кога имав полни раце работа се осеќав посреќно и поисполнето, еве не знам, се надевам ќе има повеќе. Дефинитивно можи повеќе пати. Не верувам дека само една единствена личност можи вистински да сакаш. На светот веќе сме 8 милијарди луѓе, секако дека би кликнале со многу од нив, само најголем дел нема никогаш да ги запознаеме.
Дали добро разбрав?! Што, машките немаат психички "пореметувања"? Само ние, женските сме "луди"?? Одлично!
Во спротивен пол неколку пати, во ист само еднаш оти тогаш сфаќаш шо е поубо. Инаку со матап настрана, можиш да си заљубен и да сакаш поќе од еднаш. И арно шо е така инаку шо ќе праевме ко ќе заглавевме во токсичен круг. Лмао не. И не го пиши то на сликата. За ова немам "доказ" да залепам, ама вервам брз гугл срч ќе потврди, зошто е од работилница шо ја слушав, ама статистиката шо ја прикажаа - жени се поверојатно да се самоповредуваат, додека стапката на самоубиства е поголема кај машката популација. Се ова ти е ради различни биолошки и општествени фактори. Башка шо, нигде на сликата не пиши дека машки немаат "пореметувања". Само дека за самоповредување "ризик фактор" е ако си женско наспроти машко, шо не значи дека и машки не се самоповредуваат. Ако читаше за друго, некогаш ќе бидат сменати улогите, а таму кај шо полот не е значаен, нема ни да е нагласен.
Според мене можиш да се заљубиш повеќе пати и да доживееш различна љубов со различен интензитет со секој од партнерите. Амаа, едно големо ама, мислам дека сите имаме по една најголема љубов која ни е непреболена, секако ако сте ја немале таа среќа да завршите заедно со неа во брак. Јас на пример за едно 10-15години од сега, да го сретнам бившиот, јас во брак, тој во брак, пак ќе имам пеперутки во стомакот и ненормална трема како тинејџерка. Никогаш нема да ми е сеедно за него, колку и нефер да звучи спрема тој што ќе биде со мене.Комплицирано скроз.
Како? Јас за никој немам чувства, никакви чувства. Исто како да не сум ги знаела е. Од човек до човек варира мислам. Другарка ми се вљубува во секој втор и не преболува ама ич. Вечно топлес романтик во депресија, хаха.