Од салон за убавина на Инстаграм профилот изнапишале колку се строги со клиенти кои каснеле, кои не откажале, како наплаќаат дупло за каснење и ред други правила ама простите ги мрзи да стават еден пост со ценовник на услуги. А мислев да идам, штета
И јас така мислев до некој период ама откако сум во брак не ни сакам да помислам на него ми се лоши одма. Можеби и кај тебе исто ќе е. И среќа што не сум завршила со него леле. Не знам кај ми бил паметот тогаш стварно. А го сакав премногу бла бла бла мислев дека нема никогаш да се омажам само него ќе го сакам цел живот леле кои глупости многу ми е срам сега од јас со тие мисли пред 10 години.
Сакам да кажам, онлине продавниците Вие што продавате ако немате намера да одговарате на пораки и да ставате seen што мајка барате да се рекламирате не ми е јасно... Толку!
Како ми фали снег, оваа година никаде не појдов и не знам дали ќе сум во можност месецов..... Не сум спремна за пролет. Најтешкиот период од годината ми е кога треба да ја пуштам зимата да си оди
И јас така мислев за бившиот цел живот дури и со новиов ќе го мислам цел живот блаблабла ама траешњ некое време ама пак не беше сакам да се вратам туку онака фантазии, филување на минатото и тоа се додека не си простив на себе и не си расчистив со себе. Сега ич не ми е гајле
Што го прави форумов толку досаден,па сите почнаа да си одат? Особено членови кои не сакам тоа да го направат. Отсекогаш сум го гледала форумов како позитивно место,место на кое можеш да си го кажеш своето мислење колку и да е поразлично од останатите. Добро,разбирам,има некои членови кои се мешаат во сечија манџа,за се коментираат и за се мораат да бидат во право.Ама не сакам ова да стане место како Црнобело,зашто ова е сосема поразлично.
Шминка, нокти, масажа. Гледам само има за ноктите цени ама забутано измеѓу зачуваните сториња. Вака јасно не.
Презаситеност. Презаситеност од социјални мрежи, негатива и негативни луѓе, негативни вести, новости и дискусија околу се ова, што денес има на изволте општо а и по социјални мрежи и на форумов поготово. Последица на се она што ни се случува поготово последниве неколку години поинтензивно.
Не сум ни често уклучена и уште не ги знам ни сите членови за да приметам кој си оди, не гледам ни некоја разлика, но во свое име ако зборам се согласувам со пишаното над мене. Смачени ми се сите социјални мрежи, гледам што помалку да ги посетувам. Форум, инста, се. Уште целосно не можам да ги одвикнам ама работам на тоа да во иднина имам само messenger и вибер. Не сакам друго ништо да користам, ми одзема време и ме полнат социјалниве мрежи со неубави чувства на негатива, а ме нервира и дволичноста и лицемерието што владее на нив. Не само тука, секаде истото. На инста се е лажно, на фб само трагедии објавуваат порталите, тука премногу либерализам и open-minded ставови се промовираат кои не владеат наоколу во реален живот. Се е фејк. Ништо добро не ми влијае. Ги користам само за комуникација со луѓе, друго не ме интересира.
Се согласувам и со двете. Баш се надевам дека во блиската иднина,ќе се појават се повеќе луѓе кои ќе сакаат да се откажат од технологијата и да има повеќе човечност.
Нема никаков простор и атмосфера за дискусија. Таман ќе се развие разговор и дебата, се заклучува темата, се бришат мислења(многу често и "превентивно" за да се избегнело непосакуван тек на дискусијата ) и се губи смислата. Зошто воопшто некој би се впуштил во дискусија, да пишува мислења ако знае дека ќе му бидат избришани.
Затоа што животот е надвор од форумов. Кој напуштил со среќа нека му е, зошто би сакале да се врати назад во онлај свет позади анонимен профил и тастатура. Се напушта и фб, инстаграм и се по ред…
И модераторите ги зафатил овој дух на презаситеност по се изгледа, ама културно пробуваат да соопштат.