После долго време дојдов до заклучок дека речиси не постои човек кој останува цврсто на тлото, кој стои зад своите ставови и размислувања до крај, без притоа да подлежи на манипулација од страна на другите. Јас во близина скоро и да немам некоја таква особа, која можам да кажам дека е стабилна и останала токму онаква каква што сум ја запознала уште на почетокот. Независно дали било пред година две или повеќе. Верувале или не сега се сите драстично сменети! И не, кога велам сменети, не мислам на некои небитни ситнурии. Туку за сериозни ствари од аспект на перципирање на работите, начин на забава, вкус за партнери, стил на живот, музика и сл. Некои од наведениве се релативни, но некои не а се сепак толку променети. Еве банален пример -Тие што се колнеа дека никогаш нема да облечат розев фустан, еве ги денес гордо шетаат во него фалејќи се на своите пријателки од каде го купиле. Пример 2 - Имам познаничка која беше толку уверена дека нема да потпадне под љубовните канџи, и нема да дозволи да стане емотивно зависна од никого, но затоа еве ја 4 години подоцна мажена, живее со свекрва и чека детенце. Колку и да не сака да признае гледам дека е и физички и психички опадната и тоа воопшто не ми се допаѓа. За иронијата да биде уште поголема дури почнав да се сомневам и во мојата најдобра пријателка. Луѓе, значи до вчера можев рака во оган да ставам за одредени нејзини ставови и размислувања, уверена дека нема никогаш да се сменат ама ете, за мое големо разочарување го дочекав и најнеочекуваното. Па, сега стварно почнав да се сомневам првенствено себе си, вклучително со сенсот за вршење проценки за кој ја носев титулата како најдобра. Ама вака подобро кога ќе размислам може и премногу се замарам влегувајќи во некои длабоки анализи, а тоа не ми чини бидејќи ем не сум психолог, ем луѓето се и онака скоро празни и силно врзани за телесната љубов. А од таквите можеш да очекуваш само привремено добро, а набрзо потоа само едно студено збогум и ништо повеќе.
Есента ми мириса на обврски, на чаша чај со цимерката, на суви листови, повторни збогувања и дожд, е затоа ја сакам.
^^ Искуствата не` менуваат. Некогаш тоа е добро, некогаш тоа е лекција да се вратиме на старото. Некогаш тоа е единствениот начин да се увериме дека начинот на којшто сме размислувале и сме се однесувале претходно бил навистина вреден. Отсекогаш сум велела, човекот е пластелин во рацете на животот.
Кога си оставен сам на себе, сфаќаш колку можеш и си способен да постигнеш. Искрено, горда сум на себе во овој момент Се надевам и ви посакувам и вие да имате успеси и никогаш да не се откажувате!
Одлично утро , си пијам топол чај и си гледам видеа од блогерки на јутјуб, а во позадина тивко си оди некоја слоу вржн на Cascada-Every Time We Touch .... уживам во погледов Одлично октомвриско или можеби дури и ноемвриско утро ама ни најмалку не септемвриско Имав план да одам на кафе ама на времево јок, ни чадор немам,а богами ни сандалите не ми одат со времево, а патиките- тие незнам ни каде се Дефинитивно ќе си останам дома ... Синоќа ми текна дека уште немам најдено време да го гледам хај скул мјузикл 3 (иако е излезен 2008 замислете ), може е редно време да го изгледам , или може ќе си најдам друг но дефинитивно таков ден ќе биде денес- некој филм, топол чај би било супер да имаше барем и чипс ама многу врне неможам да одам до продавница на времево само за чипс Нејсе сакав да кажам би можело да излезе добар ден и од денов и покај есенското време
Мили мои сакани колешки, да ви кажам нешто со љубов. Па добро бре смрдли едни, дома кога одите во тоалет на шоља ли серете, се завртувате ли да видите колкави серли сте А!? И тоа смрдените БИНДИ насекаде ли ги расфрлате, како витраж. За сите вас што се подмивате, не мора тоалетот базен да го правите, уште гуми за спасување треба да набавиме на нареден тендер, еве јас ќе предложам. Абе гад ми е што сум женско, се срамам од вас, човек да не може да појде да се измоча раат. И да ве прашам дали мртви глувци јадете? Па отворете прозор да му е*м мајката. И не е само денес така, ката ден, ама денес ми дојдовте ептен на пенал. Од сега ќе знам што опрема да носам за одење во тоалет, гас маска, рибарски чизми и евентуално елек за спасување, оти случајно можам да се удавам во вашите срања. Ете тоа сакав да кажам.
Сакам да кажам дека највеќе мразам кога некој не знае да јаде со затворена уста. И не може никој да ме натера да мислам дека се дешава или дека не може да се контролира. Да може да се контролира
Јас сум крајно увреџена, летото е најубаво и точка Зар не ви беше арно, коктелчичи, да се шлапкате во водата и тук таму по некоја симпатија
Што убаво ме наврна дождот додека се враќав од училиште. Само шампон ми недостигаше, барем нема да мора да вклучувам болјер дома, да трошам струја. ---- На некои девојчиња, по гримансите што ги прават се познава веднаш дека се лигави и си мислат дека се којзнае кој.
02.09.2013 Точно година дена помина од тогаш не ми се верува. Тој ден се случи еден огромен пресврт во мојот живот, а последиците ги има и ден денес, иако ме очекуваат подобри времиња. Инаку да ви кажам се си е во ред, имам и нов другар и иако се знаеме 2 дена ми стана многу поблизок отколку од некој со кого се знам и со години. И да нека ни е среќен почетокот на новава учебна година на сите основци и средношколци.