Ne mozam da sfatam dali zemjotresot bil tolku mnogu silen vo Turcija Ili gradbite vo koi ziveele bile nekvalitetni za da se rushat Kako od kartoni da se. Mnogu zalno.Ova e edinstvena rabota od koja chovek ne moze da se spasi vo migot od nekolku desetina sekundi. Bog na pomosh da I'm e.
Многу сакам собиранки дома, дружење, музика, пеење. Последниве година, две повторно зачестивме. Баш сум среќна што имам такви луѓе околу мене. Имаме многу видеа од тие моменти и баш ме прават среќна кога ги гледам.
Да се градат градби несоодветно, со неквалитетен материјал за потоа во случај на земјотрес таква градба да се сруши и да се припипше рушењето на виша сила е крајно несериозно и некоректно кон вишата сила како и таа да се нарекува (природа или Бог).
Има многу згради кои се нова градба, се гледа дека се направени во последнава декада, како се рушат како кула од карти, а други што се пола век стари стојат без проблем. Сите знаеме дека новиве згради се најголем фуш кај нас, и иако постојат закони и регулативи кои треба да се исполнат и да бидат зградите изградени да издржат сеизмички удари, се краде на велико и никој не ги почитува. По видеава, нема разлика ни во Турција. Не сакам да помислам, Скопје како сеизмичко подрачје, што ќе се случи ако удри појак земјотрес со цела фушарајска градба... Жално за загинатите и тие што останаа без дом.
На ФБ видов видео каде што таткото го бакнува своето мртво бебе извадено од урнатините во Турција. Многу ме погоди видеото, суров живот
Нашиве наводно можеле да издржат до 7.5 степени...али недајбоже да видиме во живо дали стварно е така. Ама гледајќи колку брзо и без план се гради, сумњам дека се безбедни зградиве. Земјотресот 63та било причина да се сменат стандардите и тука и во околни земји, оти Скопје било страшно разурнато. Само не знам, баш се прашувам дали некаде после земјотрес се испитало дали срушените згради биле изградени по стандарди и притоа бил некој казнет ако не биле. Или оти е "природа" па не се занимаваат со друго.
Баш вчера на тв еден професор објаснуваше дека новите градби, особено тие после 2014 требало да се посигурни зашто донеле некој си закон баш за ова за повисоки стандарди и поголема издржливост при земјотреси. Е сега колку се почитува не знам...
Баш така, пропис има, арно ама има и градежна мафија, не верувам дека новите градби се ни приближно сеизмички стабилни колку некои од старите. Според архитектите јас кои ги знам, најсеизмички стабилни се оние градени 80-90ти години. Е викам некои пошто добар дел и од нив се направени швајцарско сирење зошто кому му текнало срушил ѕид, направил доградба, сменил како што му текнало без никаква контрола. Да не се случи иначе отидовме сите колективно. Тоа едно Водно ќе се сруши се во секој момент па сеуште си градат.... Па и купува народ по 2000 евра квадрат, а тоа целото влечиште е.
Вчерашниот и денешниот ден ми беше голем спектар на емоции, мачето си дојде дома, а два дена го немаше малце истепано и окото скроз затворено и со гурелки. При чистење приметив ко да му го нема окото, толкав емоционален шок добив што.. не знам ко за дете/брат да ми е .. се натажив... одма во ниедно време ѕвонев..барав.. лекар да го види, најдов го однесов и фала богу не е ништо сериозно, односно само настинал и му се затворил третиот капак, еве денеска му потпомина окото и е добаррр ама решив да го кастрирам за да седи повеќе дома и да не си дојди некогаш слеп. Згрешив што не го кастрирав порано....
Често знам да имам периоди кога копнеам по детството, по спомените, и токму сега е тој период Кажите ми вака - дали кога ќе видете некоја ваша слика од мали со вашите родители/баби/дедовци без разлика, ви доаѓа до плачење? Mhm, same here Луѓе, премногу е мал збор за да се изразам колку ми фали тоа. Безгрижно детство, сите твои околу тебе, без телефони, играчки еден куп, криенки, ластика.. ааах Време, каде леташ?!?!?! Кога ќе се сетам сега колку ли само сакав да пораснам и пази - да наполнам факинг 18 години, за да можела на раат да излегува типката.. ми се иди да си ја шљакнам една и троа по жешка Заклучок; ценете го секој можен момент со своите најсакани и живејте си го животот на ваш начин и во никој случај не брзајте за ништо
Никогаш не ми престанува тоа чувство на носталгија, буквално цело време е со мене. Затоа, често слушам музика и гледам серии од 90-тите.