И јас допуштив на вестите денес... Колкав ужас, не можам да си замислам. Колку деца заробени под рушевините, душички. Сега те има, следниот момент си ангел на небото. Не можам ни да замислам како им е на мајките, на општо сите луѓе што останаа без некој близок... Им посакувам огромно трпение и сила да го пребродат ова. И се молам на се' помалку жртви... Домот ќе се изгради, но оние кои заминаа на небото нема да се вратат...
Сакам да кажам дека вотка и рум немаат јаглени хидрати, така да пазете шо праите со инфово, if you know what I mean.
На телма НУТРИЦИОНИСТ зборува дека киселост во организмот создава рак. И како да препознаеме киселост, кои се симптомите. Мајке ми.
Ич не ми е јасно зошто на секакви шарлатани им се дава медиумски простор. И не кај нас само. Да се сетиме на Трамп и короната... глупоќата е бескрајна.
Вајлд ја тргнала профилната со слатката кукла Инаку,како сте?Што има ново? Доаѓа Валентајнс и ќе биде мн чудно... Имам такво претчувство.
Често слушам "е што, 20 години имаш, слободно време колку сакаш, обврски 0, уживај, никаква одговорност немаш..." Несериозни, неамбициозни и ред други епитети сум чула за нас децата. А не ми се верува дека 33+ годишна жена во својот живот има време да се занимава, планира и прави сплетки/тестови/проверувања на едно вакво дете. Алал да ви е на паметот што го имате. Мене ми е фасцинантно. Да, како една од тие деца, никогаш не ми било до тој степен досадно и монотоно во животот за да му смислувам сплетки некому. Смрдите на балканштина.
За Трамп барем знаеме дека му фали даска ама женава е нутриционист, барем така кажа. И луѓе ќе ја слушаат.
Ако пх во организмот (крвта) ти се покачи или намали тоа е животозагрозувачка состојба и значи дека црниот дроб или бубрезите почнале да откажуваат или имаш некакво труење, не се лечиш со зеленчук и овошје.
Да да, знам луѓе шо пијат сода секој ден ради ова. СДК дека трпев булинг за облеката шо сега е модерна. И тогаш беше, ама не знаеле дечките.
Денес во 2 серии (најновите епизоди од Csi Vegas и Shrinking) се заебаваа дека моментално најпопуларниот спорт (во Америка) е pickleball. Секој ден човек учи нови нешта. ¯\_(ツ)_/¯
Имав две ќеси за донирање облека сакав да ги однесам денес. Ама прочитав дека за Сирија нема да носат, оставени сами на себе на милост и немилост. Ми се одмили. Само Турција ли е? Срамота.