и јас тоа дојдов да го кажам. https://plusinfo.mk/siri-cite-zabor...a-da-gi-spasat-zhivotite-na-zakopanite-video/
Сирија одбивала помош така барем читав а на која основа што како не се знае .Сирија е исто толку погодена од земјотрес како и Турција сепак треба да се помогне и на двете страни колку што е можно не е моментот погоден за распределби
Мислам дека лажат дека Сирија одбивала помош. Не одбива туку Америка и ЕУ имаат воведено санкции заради Русија и поради таа причина не може да се влезе таму. Моментално кај нив помага само Русија и Иран. Жалосно.
Ич неќам да сум од типот - биди среќен со она што го имаш знаејќи какви све срања има во државава. Ама кога излегувам со дечко, кога носам шорцеви, кога излегувам надвор со непокриена коса, кога гледам обичен филм, кога слушам музика од рецимо Twenty one pilots, кога си учам и читам на омилени теми и можам уште еден факултет да упишам...така за кратко ме јаде грда језа дека некаде таму за работиве луѓе се убивани. Обични секојдневни активности во кои уживаме, кои ни се чинат ситница, кои ги земаме здраво за готово, некој не може да ги прави зашто животот му зависи од тоа. И се прашуваш што ли има во главите на некои гнаси кои вакви работи забрануваат... и никако не можеш да погодиш.
Јас сум мојот тамблр профил. Колекција од разни нешта што сакам, почитувам, мислам, чувствувам. Понекогаш си го скролувам само за да се инспирирам и мотивирам сама себе, да си дадам сила и поддршка.
Имам една желба која сакам да ми се оствари пред да умрам, една најбитна желба после која би немала воопшто regrets. Сонувам и кога спијам и кога сум будна. Како беше она, кога сакаш нешто целиот универзум кова заговор за да ти помогне да го оствариш. Епа никогаш повеќе не сум посакувала да е вистина отколку сега. Тоа што е во моја моќ со сигурност ќе го направам, останатото е сплет на околности и среќа. А тоа ми треба...многу..
Леле сосема исто. На мојот тамблр реблогнувам само работи што ми се убави на око, нешта што си ги посакувам во иднина, цитати кои ме допреле на некој начин и ми постана редовен механизам за дигање на расположението. И се навраќам за инспирација, да се потсетам „која сум“, каков живот сакам да имам.
Се случи земјотресов и нормално не бива една природна катастрофа без мирољубивите верници да нагласат како некоја си таму статуа или крст е недопрен и тоа било доказ дека боК е семоќен.