Многу почнаа да се разфрлаат со термини „ти треба психијатрија“. Забележувам дека и на форумов доста тоа го применуваат за секое различно мислење. Уште ако е и од оние кои глумеле загрижени при некој проблем, уште поодвратно станува.
Fun fact, не ве прави добра личност кога дозволувате некој да гази по вас, кога избегнувате (здрав) конфликт и кога не поставувате граници. Ве прави глупи и никогаш нема да бидете среќни се додека толку убаво се чувствувате во улога на жртва.
Не верувам дека некој се чувствува добро да е жртва освен ако манипулира за внимание и сожалување. Лично јас често знам да избегнувам конфликти ради тоа што во минатото си имав работа со (најверојано) незрели луѓе и често јас испаѓав виновната, лошата бидејќи само сум се карала ако отворам уста за нешто со кое не сум океј. Со време ми стана одбранбен механизам да поќутам наместо да влегувам во конфликти, дури и здрави, ради тоа што прееемногу ме исцрпува психички. И знам дека можеби не сум во право за ова и испаѓам наивна, треба да работам на тоа да имам thicker skin без да се плашам дека ќе се оддалечам од личноста или ќе ја изгубам. Факт е дека многу луѓе сфаќаат како личен напад, но тоа зборува за нив. Се согласувам генерално со мислењето освен дека убаво му е на некој да е жртва.
Тоа ти што опиша е проблем со самодоверба, со кое многу луѓе имаат проблем. И тоа е океј. До тебе е да препознаеш дека тоа е пречка во твојот живот и само to try your best кога е тоа во прашање. Поентата е што тоа не е мерило за колку си добра како личност, не е никаква карактерна врлина да сакаш да им удоволуваш на сите иако сите ја гледаат како добра особина, тоа да избегнуваш конфликт. Дури е маана за твое лично функционирање. Но, кога некој ќе каже дека они премногу се добри спрема другите, нема други добри луѓе на планетата (освен нив), само тие се секогаш прегазени, сите нив им забиваат нож во грб, тоа е менталитет на жртва во кој тие уживаат затоа што го користат како начин да се стават над другите. На тој начин им е убаво да се жртви. А вистински дека им е убаво и дека се среќни, тешко.
Разгласување колку си "пожртвуван/а", колку помагаш а никој не ти враќа, колку сите се против тебе е токму тоа, уживање да бидеш перцепиран/а како жртва.
Многу точно. Посебно проблематично е кога се има оној страв да не те напушти пак личност па на некој начин “се газиш себеси”. Ова се стварно работи кои влијаат и на самодоверба и на психичко здравје. Дури и со сила да се правиш жртва е показател дека не е нешто како што треба.
Ми праќа @sweet-cherry видео со крава што се исплаши од човек и се лизна, падна. Ѝ викам на нашата почитувана Шери дека го имам физикусот на кравата, а богами и исто толку несмасна сум. И еве ја со каков комплимент ми врати: Сакам да кажам, од маж не прифаќам било што помалку од ова. Најдете некој да ве сака како што Шери ги сака светите крави во Индија.
Спојлер Раџеш од Биг Бенг се жалеше дека бил полничок* ко мал: *не можев да го најдам поинаку, морав сама да си го сликам.
Сега се прај смисла. Спојв 2+2. Зато Шери ме одбра за жена. П.С. Се моли господин Џони да седи подалеку од жена ми пошто свето животно е крава, а не вол. Во нејзиното срце има место само за мене. Доста добро пополнувам простор. А сега уште за она „улога на жртва“. Разбирам од кај иди. Сфаќам зошто се случва. Буквално поќето работи тргам да ги разберам чак и да не се согласувам ама ова особено добро го разбирам и на почеток се обидвам да пристапам со разбирање ако ми е некој близок. Ама аман сите божества шо постојат толеранцијата последнава година ми е толку ниска шо не можам да трпам 90% од луѓето шо ми се во близина, ОСОБЕНО овие шо влегват во улоги на жртви нон стоп. Се осеќам како цела енергија да ми ја цицат и некако си штитам мое ментално здравје со то шо од едно уво ми влегва, од друго уво ми излегва. Идеално, кога имам можност да избегнам некој - избегнувам. Fuck y'all #selflove П.С. секогаш мајка ми ме викала саможивна, са да види колку при срце си го земав то и го радикализирав, ќе си изеј зборојте.
Дека многу тажни личности(и да бидеме реални, дијагнози) има на по социјални мрежи/форуми, се лепат шо би се рекло. Повеќе енергија не ми се троши(ме мрзи) во објаснување и изразување, он нека превземе; Спојлер: . https://www.youtube.com/shorts/tkHrLMIi3JM
Баш ми е жал да гледам дека некако на социјално ниво е прифатливa таа дефиниција дека колку повеќе се мачиш во животот, колку повеќе трпиш, тоа подобра личност си. Скроз испревртена перспектива што нема никаква логика. И за жал се израснуваат деца според тие некои принципи, деца кои како возрасни не знаат да кажат не на другите, се затвораат во себе, а родителот само кажува „Ах, ќерка ми е многу мирна/мила/добра“ и тоа се рачуна како добра карактеристика. А онака, може да биде нежна, мирна, добра само со изградена самодоверба, а не како луѓе да се тапкаме по рамо што се осеќаме мизерно само затоа што веруваме дека така сме најдобри на цел свет (*cough* менталитет на жртва).