Сите првпат кога ќе се заљубиме сме многу чувствителни на вакви заебанции, после е веќе изживеана работа, се навикнуваш
Сакам да кажам дека веќе не се замарам повеќе со ништо. Колку повеќе се замараш повеќе ти бегаат работите од контрола. Отпуштам сѐ, шо сака нека биди, како шо е пишано ќе се тера… Немам веќе ни трпение, ни енергија да се трудам за нешто шо нема веќе долго време резултат…
Немојте со машко родено во мај да бидете во врска ,ни под разно .Најлоши се ,без разлика на тоа дали во првата половина или втората во месецот.После да не викате нисам знала,што ме спопадна .Бегајте подалеку од такви додека ве држат нозе ,колку што е можно подалеку
На прв поглед си се пронајдов во првите три. После сфатив дека четвртото е. Зато следи мислење... Јас искрено го хејтам денот оти сум љубоморна. Си признавам не ми е срам. Бидете среќни ако имате со кој да прославите денес или па ако имате некој со кој баш ве боли дали ќе славите еден ден пошто имате нешто многу поќе од то. Ќе си славам со шпагети 1кг, сама, и шо вика другарка ми да поттурниме со нешто, епа со по некоја солза. Колку да напрам место за благо шо не е во форма на срце. Вие шо барате емоџиња во другата тема, ургирајте за прасе и вино.
Си отворив квалитетно вино, бело.... Кашкавал за мезе. Ќе пијам сама. И да, најверојатно ќе се опијам ако не се заситам само со оваа флаша... Ама не ми е гајлее, со ќеф ќе си терам. Ај живели
Па што не кажавте дека толку сте што пијат сами дома, мислев само јас сум сама…. Барем да се соберевме да пиеме заедно
И јас си отворив вино (розе) сама дома вечерва после работа. И ме потфати малку. Поразговарав и со специјална личност... но има нешто посебно во пиењето вино сама. Живели. Си посакувам повеќе да се чувствувам вака во животот како сега.