Неколку години наназад избегнувам луѓе кои мислат дека сите ги мразат т.е дека сите лошо им мислат и баш сум раат.
Интересно како сме скоро најзагадена држава во свет и се жалиме за тоа ама истовремено сме и меѓу нациите што највеќе пушат.
Мразам кога ќе ги вложам сите сили да помогнам некому, и наместо фала ќе добијам мрчење. За памет следен пат.
Нема да ти дојде памет, од искуство ти кажувам Така оди тоа. Секогаш кога ќе помогнеш ќе бидеш казнет.. Ама сепак вреди да се помага
Ама па едно новинарство што го имаме, толку се писмени што ниеден портал не потенцираше дека станува збор за партнери во љубовна врска, туку пишале "Момче (47) падна од балкон" да на девојката ѝ е момче, ама по годините далеку е од момче. Исто, како кога ќе пишат "Маж и жена направиле сообраќајка", ќе му текне ли некому дека за сопружници станува збор или за рандом маж и жена што не се ни знаеле? Очобол се за читање реално, реченици да не знаеш дали се однесуваат на човек, на возило или на ситуација, копи пејст од друго место, не препрочитале пред да објаваат, во статии за кражба не се знае кој кого ограбил, на пример женска заменка употребена пред иницијали на крадецот, не знаеш дали е маж или жена итн. Да читаш, да тумачиш и да подвлекуваш што не ти е јасно, портали никнаа ко печурки, никој не контролира ништо и секој себеси може новинар да се нарече.
Не можам да опишам колку само едвај чекам пролет и топло време. Не ми се живее на ладново, немам мотивација ни најосновните дневни обврски да си ги завршам од што ми е ладно..
Колку ми е мерак коа ке влезам во некој Маркет, Бутик, Теретана или било какво место и ке сретнам Паметни и добри луге, насмеани желни за муабет. Ми доага ич да не се разделам од нив. Камо сите луге да беа такви. Светот ке беше многу убав
Ги разбираме тие што изневеруваат ама не го разбираме Трајче што ќе фати врски во болница да го снимаат побрзо татко му на магнет зашто состојбата му е лоша ама нема брзо термин, а треба да се постави дијагноза или види прогресот на болеста или да се смени терапијата или друга причина.
По повод 20 години од издавањето на албумот Метеора, Линкин Парк издаде песна која требало да се најде како дел од албумот, со гласот на Честер Бенингтон, секако. Мајк Шинода изјави дека имале околу 40-тина демо песни, а требало да ги скратат на само 12. "Lost" била многу блиску да биде дел од Метеора, но е премногу "слична" на "Numb", и како што самиот Мајк изјави: "Не смеевме да ставиме две слични песни, а Numb беше подобра". Кога бе поминаа 20 години? Како вчера да беше кога го издадоа албумот... Се сеќавам дека тоа беше мојата втора средба со Linkin Park, претходно имав слушано песни од албумот Hybrid Theory, кој беше најдобриот нивни албум, се до излегувањето на Meteora. Знам дека другар ми го доби CD-то со Meteora како поклон од татко му кој работеше во странство, уште кога го немаше кај нас по CD-теките. Знаевме да се собереме кај него и да го слушаме на DVD-то со 8 звучници. Во меѓувреме се плешаше и на PS1. Другиот другар имаше portable CD player, кој го носеше во основно и преку слушалки го слушавме за време на одморите. Толку бевме опседнати со нивната музика. Meteora некако постана дел од нас. Наш идентитет. Сите се пронајдовме во некоја песна. Сите имавме друга омилена, освен Numb, секако, кој немаше некој што не ја сакаше. Мојата беше From The Inside. Растевме, созревавме, не ни се допаѓаше повеќе толку звукот на Linkin Park, иако знаевме да ги слушаме и нивните понови песни кои не звучеа исто како старите хитови. Метеора беше, и остана најдоброто нешто од нив. Потоа, потоа сите знаеме што се случи со Честер... "Lost" е песна која ме врати во детството, во тие безгрижни денови, каде што сите мигови ни беа поминати во дружба, авантури, истражувања... А од друга страна, "борба со нашите внатрешни демони", соочување со цела таа пост - воена ситуација што ја тресеше Македонија, транзициски с*ања. Ја гледавме таа неправда што се случуваше, но бевме премногу мали, невини, за да ја разбереме. Ги гледавме луѓето, како од ведри, среќни, полни со живот се претвораа во апатични зомбиња кои живеат од денес за утре, изгубени, не знаејќи што со себе. За жал, бунтовноста на нашите генерации не променија ништо. И ние се претопивме во овој хаос, во кој живееме. За нас, генерациите што израснавме со Linkin Park.
Сакам да отворам клуб за млади девојки излезени од токсични врски и да им бидам групен терапевт, да им укажам дека вредат и дека не треба да се ставаат на второ место за ниту еден маж. Бегајте од мажи што прават да се чувстввуате безвредно и ве манипулираат дека никој друг така нема да ве сака и почитува.
Не оти се добри само туку оти имаат мек став и даваат да ги газат.А во денешно време лошото е подобро ,така живее светот .