Добро го отековте со земјотресите, цел фејсбук фид ми е со тоа. Не мора да труете толку со тажни и лоши вести, аман.
Додека работам ми се спие многу и мислам кога ќе завршам дека ќе одам да спијам и кога ќе завршам со работа веќе не ми се спие.
Не гледам видеа на ТикТок, ама гледам рилс на Инстаграм од видеа шо беа популарни на ТикТок пред две недели. Like a grown up. Ова ми е крадено од едно такво видео. Само сакав да кажам дека колку ќе е добро видеото се гледа уште по тоа кој го лајкнал. Многу сакам луѓе со слична смисла за хумор (дијагноза), некои не ми се блиски ама кога ќе видам нешто ми иди да споделам со нив.
Убаво е кога ќе најдеш бар сличен вкус. Јас на пример сакам црн хумор, и кога ќе кажам, обично ме прават болно пореметена личност, како можам да се смеам на нешто такво.
Добро бе колку останавме непластитчни во Македонијава? Шала на страна гледам или уста зголемена , нос направен ,надградба на коса , филери,силикони итн. Само јас ли немам ставено ама баш ништо на себе?
Порано само по телевизија гледавме такви, а сега секоја обична девојка е со некој "додаток за разубавување" на себе.
Да да толку до 15€ највеќе. Не се сеќавам поодамна беше. Инаку водата беше баш топла, ние бевме 2 автобуси и имаше гужва за пресоблекување, од надвор има неколку кабини не многу големи. Да имав слободно време би одела пак. Убаво да си поминеш па пиши впечатоци.
Одамна ми беше мерак да појдам и да го видам местото и сега ми се укажа шанса, секако и че споделам слики!
Си читам јас на Гугл нешто, и одеднаш ми доаѓа една страница од ,,Кафе пауза" за некои трикови за пишување книга. И, затоа што јас пишувам, си помислив, ајде да го отворам за да видам што има. А внатре, какви глупости изнатропале.... Прво, пола од текстот им беше за издавање книга, што не е не знам што, ама таму го прикажале пишувањето ко нешто најлесно на свет... ,,Се што ти треба е молив и хартија и идеја. На крајот на краиштата, тоа е само книга!" Како бе?? А ти си пробал некогаш да напишеш или само тропаш нешто за лајкови и посетеност? Абе ако е така лесно што сите не сме писатели? И после, викало внимателно одберете ги издавачките куќи... Аха, демек ти си издал не знам колку книги и не знам колку си познат па ти да бираш... Е ќе бираш, ама тие тебе ќе те изберат ли?