Уште не ми е јасно како оваа држава стигна до тој степен на криминалец да му аплаудираат и да му се улижуваат.
(Одредени) ајти вработени ти се перчат до немајкаде колку е важна и тешка нивната работа и оправдана нивната висока плата ама на пустите вработени во фзо не им текнало бекап на податоците да направат. Јас за глупи фајлови и апликации правам копии на страна ама замисли овие абер немале за пренајбитни податоци. Туку може не е тоа. Ама еве и да успеат да го вратат системот ќе биде аа избришани се податоците за болни од цистична фиброза, нема лек сега
Си седам така решив да пишувам домашни и да учам тро (фатив и да гејмам) и си размислувам... прееска имав една дискусија со пријател за трета личност исто заеднички пријател и да речам сме блиски ептен и си имаме кажано некои работи што не се за пред секого. Се најдовме за то муабет, во смисла нашиов другар шо ни има кажано, и овој ми вели ама стој сеа вака, не ја знајме другата страна бла бла. Не е малце глупо и на некој начин дволично нештово?
Некогаш стварно ми иде да си залепам еден убав шамар И многу би сакала да можам да го вратам времето, многу нешта скроз поинаку би ги направила
Недела, убав ден, сончев. Луѓево се ни вода ни киселина, толку молење за едно излегување... Како се изнервирав. Наместо да биди нормално ко секаде, да се појди на природа, да се ужива, секој со носот нагоре. Аман веќе.
Кога ќе каже некој дека на топло време и сонце не му се излегува, одма го гледаат ко чудак сте го забележале ли тоа?
Мене 5 души од сабајле ме прашаа да шетам и им кажувам еднаш не, ме прашуваат пак и тоа најмногу ме нервира. Ако е сонце, ми се седи дома и тоа е тоа
It's a blessing and a curse. Дур растев бев многу лута дека ме гледат ко основец а јас 18. Па труд вложвав да личам постаро. Сега, за скоро 27, уште пиво не можам на право да си купам без лична, шо од една страна е комплимент. Ама ко ќе ми речи келнерот: "леле извини постара си од мене" онака ладна пот ме облева. Или: "АУ ЗА МНОГУ СУМ ЗГРЕШИЛ ИЗВИНИ".
Сакам да кажам дека интуицијата ми кажува оти ќе ме снајди некое големо срање... Сакам да одам против ама не можам, посилно од мене е...
Си викам, може поарно е што немам ќерка, иако ми беше голема желба. Син ми ќе го учиме, ќе му зборуваме, ќе наоѓам начини, ќе дадеме се од себе да почитува жени, избори, согласност, нормалност ама ќерка може нема да успеам да заштитам од гнаси.