Јас година и пол, одам само втора смена на работа... I know how it feels. Мене некогаш од дома не ми се излегува хахаха
После си заминувале младите,па ќе си заминуваат,и нека, да видам од кој буџет ќе цицаат ваквиве.. https://360stepeni.mk/sinovi-kerki-...orazdavachi-ke-bidat-idni-sudii-i-obviniteli/
Какви дискусии за терии на заговор, политики и нов светски поредок, дискусии за бебешка облека ти биле next level sh*t. Треба живци и предвремено психичко и едукациско припремање боме, треба. Кој би рекол дека окидачот после се ќе биде тренд за бебешка облека. Кој би рекол навистина.
Дали е океј или е некултурно на некој кај кого идеш често, (кај што си пожелен гостин нели, не без осет) да му кажеш онака отворено дека не сакаш ништо да те послужува зашто ти е криво ако се троши или да ти служи и собира по тебе?
Не е некултурно. Но сепак мислам дека во туѓа куќа секој си има ред и ако така сакаат, така треба да оставиш. Се земам себе за пример, ако сум решила каде и благо да ставам на маса, ќе ставам, твое е дали ќе земеш или не.
Скроз непотребно е да се кажи ова. Па и до одреден степен некултурно според мене. Ако си посакуван гостин по дифолт на домаќинот му е ќеф да те почасти со тоа шо има. Ако му кажеш не се троши и не собирај по мене, доаѓа како ти да се осеќаш така ако ситуацијата е обратна и домаќинот иди кај тебе на гости.
Што е со родителиве? Жена бараше препорака за книга во библиотека, за нејзина 12 годишна ќерка. Библиотекарката и ја препорача Верити. Не се мешам ама знам дека библиотекаркава нема појма, рандом книги препорачува, па и реков на жената дека Верити содржи баш доста еротика, дека за 12 годишно девојче не е соодветна. Она мртва ладна вика, да? Епа супер, ќе и се свиѓа, ќе и ја земам. Не знам, може грешам ама Верити за толку младо девојче?
Не ја фала богу не осеќам исто према мои гости него сакам да кажам ако домаќинот сака да се осеќам комотно кај него, и него нека не му е незгодно ако ништо не ме почасти. Мада што од друга страна може да се навреди и да си го сфати лично како против него да имам нешто
Кај мене беше нешто слично . Една другарка ми заврши една работа и и купив нешто од ДМ, гел за туширање, спрејче и мист. Седнавме на кафе и ги дадов и се налути, така некако дрско ми рече : Не морало, леле зошто вака, ајде немој те молам, не сакам. Немој уште еднаш да си зела нешто. Прво, јас сакав да покажам благодарност и тоа го правам со блиски. Второ, очекував позитивно да реагира, а не синќир и убив некој, Боже пази. Ова твоево, мислам дека малку е некултурно. Може нависитна сака да те почести, сака да те нагости, едноставно сака да дава. Нејзино е да те послужи до што и да било, ако сакаш ти земи, ако не, не.
Спојлер: . Од дното на душата ги мразам сите родители кои ги тепаат своите деца со цел да ги воспитаат. Вие не сте родители, вие сте монструми. Бев "воспитувана" на таков начин. И ден денес го памтам секој удар, секој лош збор кажан. Доживотно ми врежаа болка во срцето, анксиозност, паника, стрес, затвореност и избегнување на луѓе. Едноставно не правете деца ако единствен начин на воспитување ви е ќотек, бидејќи ќе ве мразат вечно.
Од крајност во крајност се оди. Може трилери и еротики,а цензура се прави на детски книги,поради наводно неприкладни зборови,кои можеби би повредиле нечии чувства. https://www.washingtonpost.com/lifestyle/2023/02/19/roald-dahl-books-revisions-salman-rushdie/ Па осетливи читатели како тестери
"строгиот" родител со своите "методи" на воспитување не прави детето да го мрази родителот. Туку детето да се мрази самото СЕБЕ!!!
Верувај дека го мрази. Се појавува одбивност и желба да се тргне од таа околина уште на млади години.
Вечерва успеав на една личност да и го спасам животот Чуството е неверојатно л-е-т-а-м во облаци од среќа!
Ама стварно, не ги сфаќам луѓево, ич немаат осет. Разбирам, роднини, разбирам ајде попушти. Ама ако веќе знам дека на гости каде што одам, има некој што иде втора смена на работа, и да му идам на гости во 11 е стварно нема смисла. А, цел ден слободна и баш бирам да појдам у 11... И сега, само што се будам и морам да почнам да и помагам на мам, и во рок од саат време мора се тип тип да биде, салати, помфрит, не знам сакара да порачавме.... Треба да частиме за пензија. Далеку од тоа дека не сакам гости. Минимум ако идеш кажи брате, багрем од вчера вечерта, за сабалјево да се разбудиме порано и да спремаме. Греењето ни е во една соба и сеа ќе треба да се средувам на ладно, ајде ете еднаш само, не е страшно...... Требаше да дојди минатата сабота, и добивме одговор, не знам дали ќе идам, не спремајте ништо, ако идам ќе ви кажам пред еден саат. Енд гес уат? Нит се јави да каже дали ќе иде или не. И на крај, јас испаѓам лошата.