Досадни сте со муабети за децата... Знаеме дека ви се центар на внимание И доста веќе со тие муабети, да те мажеме, да те жениме. Ќе те видеме тебе ко ќе си во брак. Коа ви е толку убаво зошто мрчете?
Го прочитав ова од Драган Таневски и си викам имаме ли сите по еден ваков човек зад себе…. Маж кога ќе те засака, ќе знаеш кукле. На очите ќе му пишува, на усните ќе му пишува, на дланките ќе му пишува, на кожата ќе му пишува. А ако му ја раскинеш кожата и го отвориш однатре, и таму дури ќе му пишува... на целата утроба, со длабоко врежани букви, ископани на сите органи ќе му го пишува твоето име. Дека има едни, ќе им дојдеш како настинка и брзо ќе те прележат. Ама маж кога ќе те засака, вечно ќе се разболи од тебе кукле. Неизлечиво ќе се разболи од тебе. Па ќе му доаѓаат разни лекари да го лечат, ама тој ќе ги брка и ќе ги преколнува да го остават таков, болен... смртно болен од тебе….
Дека нема некој посреќен од мене кога одам на работа. Станувам во 5 и се смеам. Се спремам се шминкам и радосна излегувам во 5:39. Продолжувам со проблемот во На срце ми лежи…
Ептен ми е безобразно некој што еднаш си го видел во животот или не си го видел со години да ти мрчи зашто на улица не си го познал
Успех? За мене успех е 2023 да ти почне со 2 работи кои цел живот си ги одбегнувал, а сега да ги правиш во исто време Тоа е она што го викаат ,,соочи се со стравот”
Скролајќи низ Twitter го сретнав постов,и ме натера да размислувам. Колку навистина ни простуваат луѓето,или тоа е само поради празников? Исто размислував дека,па и да кажеш ,,не ти е простено,, или ништо да не кажеш не ми иде. Има и луѓе што прв пат ги сретнувам,а се поздравувам,и да им кажам ,,Проштено нека ви е,, некако исто не ми иде. За да можеш да им простиш на некои луѓе,треба прво на себе да си простиш.Зашто,секогаш кога ќе паднеш треба и да станеш. Секогаш треба да проштеваме,кога мислиме дека е тоа потребно,не само денес.Треба на луѓето да им се дава втора шанса.
Кога знаеш дека е ради реда што се задлабочуваш толку? Демек некој рекол „простено нека ти е" на Прочка и толку, сите проблеми меѓу нив магично исчезнале, се решиле. Go with the flow.
Епа,зошто мора така? И пример после некое време,или наредниот ден веднаш се карате.Као,глеам колку ти траела простувањето..
Животот е интересен... како перон на железничка станица. Едни си одат, други доаѓаат, па ти некаде ќе се симнеш. Те учи да не очекуваш ништо од никого. Најчесто ќе те бараат кога ќе си потребен, но ќе ти го свртат грбот кога не си им во интерес. А најретко - искрено да прашаат како си... Впрочем... кога ќе престанеш да ги прашуваш ти - како си? сфаќаш во суштина дека тие никогаш не би те прашале тебе освен како реципроцитет на твоето прашање или кога љубопитството им било посилно од инаетот. И станува тишина во која настанува чистинка. Чистинка по која настапува мир кој е зависнички добар и не сакаш назад.
Вчера имав гостинка, мало мило, бебенце, мојата кумашинка, Антонија... многу насмевки ни подари таа.. Сега се сетив на неа и ми измами насмевка на лицето
После чистење со доместос ми се чини дека рацете ми мирисаат два дена. Користам нараквици, потоа по 10-15 пати ги мијам рацете со сапун. Па ги мачкам со крем кој има преубав мирис. Рутинава ми е џабе.
Ако може бар на на национлани телевизии да не ставате кловнови што проповедаат како луѓето се сиромашни затоа што не научиле правилно да го користат законот за привлекување, that would be great.