Презирам мрзливи луѓе што се влечат ко sloth-ови наоколу и одложуват сè нешто. Као, на сите ни се спие, никој нема одморено како што треба. Ај еднаш, два пати месечно да се осетиш утепано, ама секој ден од неделата?! Никој не вика дека човек треба да прави ѕвезди и акробации во воздух уште од сабајле, ама дај размрдај се малку, живни, у пм! Нема секогаш да имаме прилика да се разбудиме и да живееме. Здрави, прави, релативно млади, со фамилии, домови, се лигават по цели денови, сè нешто не им е по кејф, трујат наоколу со глупости. Ова може беше повеќе за во Испукајте се, ама ај. Иначе, им завидувам на женскиве. Си кулираат на душеци и си кркаат паста.
СДК дека за прв пат запознавам машко кое што е толку нежно со женскиот пол, претпазливо, ги почитува жените. Детево 18тина години има да не испадне дека ми се свиѓа или нешто само ептен сум изненадена. Има и девојка и леле како зборува за неа и за идните им деца. Сега додека пишувам се чудам како во мои скоро 30 години прв пат среќавам ваква личност. Ама очигледно реткост е. Баш би било убаво сите машки да беа вакви, или повеќето. Јас сум запрепастена.
Денеска имам чувство дека на некои луѓе се им е наопаку, и шират таква лоша енергија наоколу, кога станавме вака лоши луѓе, се повеќе и повеќе се ваквите што ништо не им чини, за секого имаат што да искоментираат а сами во огледало се немаат погледнато, исфрустрирани од своите приватни животи, промашени особи, што залудно си го трошат животот во импресионирање на луѓе, кога одвнатре се за никаде.
Како го напиша, сега ќе анализирам дали убаво ти ја разбрав поентата или само кромањонци познавам Или, што е опозитот за кој зборуваш- јас Тарзан, ти Џејн?
Нешто што најмногу ми кажува каков е некој човек е скромноста и онаа способност да се прилагоди на (речиси) секој човек при разговорот. Оние луѓе кои без разлика на искуството, животно, кариера, годините, никогаш нема да направат да се осеќаш дека си нешто подолу од нив, дека не смееш да кажеш нешто пред нив од страв да не бидеш понижен ради годините или искуството. Дури и кога зборуваат за своето искуство или успеси, секогаш успеваат индиректно да го возвишат и твоето, иако е 100 пати помалку од нивното или и не постои.
За жал и јас сум тепано дете. Не можам да се сетам точно на причините, меѓутоа многу добро се сеќавам на ќотекот (брутален некогаш) од мајка ми. Еднаш знам и дека бев „акана од земја“ ама буквално кревана па акната (ова мислам дека се случи само еднаш). Многу ја изнервирав, мноооооогу беше нервозна мајка ми.... Не памтам кога го добив последниот ќотек, меѓутоа можам да кажам дека и во доцно тинејџерство добивав ќотек (поретко, ама добивав) иако тогаш можев да вратам. Ама ја оставав - прво пошто сум воспитана да почитувам родители/„хиерархија“, а можеби и ми е вродено, а второ затоа што НАВИСТИНА веруваВ дека сум заслужила да бидам тепана и казнувана на тој начин. ВеруваВ дека ја добивам казната што ја заслужувам... Бидејќи од кажувања нели, сум важела за ултра немирно дете. Долго време верував во ова, дури имаше и моменти кај што ВЕРУВАВ дека ради тој ќотек сум испаднала ок личност. Меѓутоа како што созревам, се почесто се сомневам во ваквото воспитување... Ми се појавуваат милион прашања како на пример, 1. Дали со хиперактивно дете навистина така треба да се постапува или да се најде начин таа енергија да се пренасочи во нешто друго? 2. Дали тоа тепање има последица на мене и каква би била сега доколку не би била тепана? 3. Дали некои од чудните мои реакции е последица на некои трауми од тепање. 4. Дали нешто не е во ред со мојот развој како дете па не им текнало да проверат дали воопшто сум ок... и ред други прашања на кои не можам сега да се сетам во моментот... Се сеќавам дека кога бев помала некогаш ми беше јасно/некогаш не ми беше јасно што сум згрешила, меѓутоа никогаш не ми бил јасен критериумот за ќотек. Со каква тежина требаше де биде грешката, за да поминам само со викање, а не со тепање? Меѓутоа во тинејџерските години многу добро знаев што сум згрешила. Но, не сите грешки беа за ќотек. Подоцна сестра ми правеше исти работи, но тогаш тоа стана нормално, а јас ќотек... Најмногу бев тепана што криев работи и не кажував ништо. Меѓутоа мене ми беше страв да кажам било што. Имаше моменти каде што сум фатена на дело (на пример единица на есеј по македонски јазик што го добив само еднаш), мајка ми ми вика: имаш единица ја најдов - јас по секоја цена не признавам и викам само едно ообично „НЕ“ никако од уста не можев да изустам било што, едноставно не ми излегуваше од мене, се блокирав и по цена на смрт немаше да признаам. Дали е од уплав, дали е од страв само еден Господ Бог може да знае. Тогаш не бев тепана, ама па тортурата психичка од целата ситуација не можам да ви ја доловам од мој аспект... И до ден денес се прашувам зошто едноставно не можам да изговорам „ДА добив единица, не ми доаѓаше да напишам ништо“. Дали ова е здобиено од тепањето или не? Навистина имам милиони прашања... Да не ме разберете погрешно, освен ова имав прекрасно детство и навистина се чувстував сакано од двајцата. (татко ми немаше кренато рака на мене). Ништо не ми беше скратено и тоа во гранците на нормалата. (кај нас важеше правилото дека ако се има, не мора по секоја цена да се потроши без осет) Што и да побарав во границите на нормалата, сум добивала. Поддршка за многу работи исто така... итн. Поради сите овие работи кои сметам дека се ок, ВЕРУВАВ дека заслужувам да бидам така казнета, бидејќи им верував нив дека тие знаат најдобро. Дека се нормални родители и дека ТАКА треба да се постапува со мене како карактер... Никогаш не сум се налутила за ова, не сум ги напуштила. Си терам нормално... НО, прашањето дали навистина сум заслужила до тој степен, ќе остане мистерија која никогаш нема да ја дознаам. Можеби и заслужив... Се извинувам за долгиот пост. Се чувстувам многу лошо и виновно што го пишувам ова. Како да правам грев. Чувствувам и страв дека од некоја страна ќе прочита и ќе се препознае. Знам дека ќе се почувствува изневерено од моја страна, што воопшто се олеснувам (иако анонимно) Знам дека ќе се навреди. Учена сум дека е грев да кажуваш лоши зборови за сопствените родители... Не се осудувам да разговарам за ова со нив сериозно, страв ми е да не направам полоша атмосфера во семејството, било поминало. ЗНАМ дека ќе ја повредам до болка мајка ми ако и го кажам ова, бидејќи ја познавам жената како дише. Не дека не е спомнато, сме зборнале за ова ама онака како уз муабет, тепана беше, немирна беше, ништо не разбираше итн. Можеби понатаму еден ден, но сега чувствувам дека не е моментот.. Едноставно твојот коментар ме наврати на тие лоши моменти, кои сакам да не ми влијаат воопшто и се надевам дека не ми влијаеле. Има различни родители, родители кои преживеале лично трауми. Никогаш нема да знаеме како и било на другата личност во тие моменти. Никогаш нема да знаеме дали и на нив тоа му е некоја последица од некоја траума... И морам да признаам дека воопшто НЕ МЕ БОЛЕШЕ НИТУ ЕДЕН УДАР од сите можни, од што верував дека сум заслужила од срце, не ми е јасно како може да имам блокада на болка од тепање? Единствено нешто од што се плашам, дали и јас ќе станам таков родител кога би имала деца? (иако од дното на душата ќе се трудам да ги средам работите со различни други методи на воспитување, БЕЗ НАСИЛСТВО) Еден саат се мислам дали да „испратам одговор“.. Но, од друга страна се чувствувам олеснето на некој начин, како ова да ме лечи...
Прекрасна си бидејќи и покрај сета болка со која обилува овој твој пост, се обидуваш да разбереш и простиш. Родителството е многу тешко, многу грешки се прават. Ти посакувам понатамошни моменти на спокој кои ќе ги избришат лошите сеќавања. На мајка ти и посакувам моменти на покајание, преку кое ќе ти ги објасни своите постапки. Животот носи своја тежина за секого, мора борец да се биде.....делува дека ти тоа и си.
Купив денес хируршка маска, беше 5 денари. Во време кога еве короната стивна, маски се купуваат помалку и чинат толку. Во време кога масовно требаа, чинеа ебени 30 денари една. Ма кажуваа некои и до 50 стигале. Ограбија народ на велико Надам се за лекови сте ги дале тие пари што ги заработивте од нечија мака Барем јас не заборавив колку одвратни створења бевте тие 2 години.
Само што се вратив од маркет… улошки 230 денари… истите улошки што пред две недели беа 150 денари… значи ние не сме нормални. Цел свет наоѓа начини за менструалните продукти да бидат или без пари или најмалку што можат, само кај нас се поскапуваат. Во некои земји жените се ослободени и од работа… Катастрофа!!!
Ај жити све види колку им е данокот, ако ја чуваш фискалната. Нели требаше да го намалат на 5%. Немам купено месец ипол, си изнакупив претходно од омилените дур ми беа на попуст Додуша скоро земав секојдневни и си беше 18% што не знам дали беа предвидени во мерката.
Затоа купувај на акција ,јас последно купив Либресе на каса акција во Тинекс 115денари .Однапред купувам и тоа големи пакувања со по 20 парчиња
Првпат у животов ми се случува да се секирам дали локалот кај што планирам да јадам со другарка има јадења френдли за мојата нова диета.
Сите нешто многу просветлени и длабоко реализирани, па тебе ќе ти кажуваат како да го живееш животот. Важи, ќе ве послушам обавезно еве
Ми се гади од лоши особи што глумат добрина некоја, ако помагаш некому помогни до крај, не само додека имаш корист. Само човек кога ке падне ја гледа реалната слика каде живееме и со какви ментални накази сме опкружени.
Во 8 саат сабајле да искочиш со пушка и да стрелаш маалски кучиња па каде го има ова бе? Ви ебам психопатите сѐ најлошо на светов да ви се задеси!
Го мразам секој момент кога се разделуваме во аеродромските ходници. Заминувам со грутка во грлото и мисла за следниот пат кога ќе се чекаме едниот да слета и да се гушнеме најсилно.