Абе нека не шмркаат брашно многу, да не биде после "5000 денари за секој шо ќе донесе некој да работи" па уште оној дебилон не вика ќе зголемиме плата/унапредиме услови, вика "пошо и во тир зоните не е сјајно, ќе се вратат" Аха, ВАЖИ. Нашиве "газди" мислат дека се робовладетели, а не работодавци. Уште некоја година, па светло ќе изгаси некој дедо евентуално. Работам државно, а толку сум изреволтирана и од приватно и од државно, немав намера да се селам никогаш, сега се понеизвесно ми е. Не ја можам дебилнава држава веќе Немало леб да продаваат, а кога го продаваат мислиш со злато внатре е, да им се' живо. Исто како за пандемијата, мочанава држава кога остави приватните болници шо кур сакаат да прават, наместо во вонредна состојба да ги "присвои" т.е. користи за државен интерес, како што плаќаа однапред по 12к евра, така и леб, така и лекови, така е можно 6 месеци бомби да пријавуваат со еден погрешно осомничен, така може фонд да ти хакираат со лични податоци за секој жив овде, така може цело здравство без плата да остане, лекови рачно да се препишуваат, лекови да НЕМА или има, ама не се на позитивна листа, може стотици договорци во здравство се' уште да немаат јануарска плата која изнесува цели неверојатни 16 000 денари, како што може некој копук да изиграва шериф и да пука во сред Скопје во сред бел ден, така и сега може да нема леб, или да плаќаме 100 денари пола кило, зошто да не? Кога државава е приватен бизнис на 5 души, се' може. И пс следен пат кога ќе ви земаат крв, или сестра ќе ви пушти инфузија, или болничар ќе ви пресоблече некој ваш сакан во кревет, сетете се дека тој човек работи за мочани 16 000 денари без стаж и без здравствено. И да, каков народ, таква држава. Сакам надвор. *ова за испукајте се ќе да беше, ама гневна сум многу.
Ќе си работат докторите приватно мала конкуренција од државно, повисоки плати, голема побарувачка, добри профити. Малку доктори си избегаат во Германија сега ќе одат приватно да работат во Македонија.
Да искористат ситуација продавнициве за бела техника на големо натопориле апарати за правење на леб, со рецепти со сВе
Да го земеш лебот на сиромашен народ е дно.... Не е работата дали јадеш или не леб, јас еве не јадам меѓутоа многу луѓе во земјава јадат и не е фер има луѓе што се сиромашни и што тоа и јадат. И не знам како може да викате не треба за здрава храна добар изглед блабла. Не е фер нит споредбите што е поефтино што поскапо. Не е фер и греота е ова што го прават
Добро тоа е друга тема. У Бигорски стварно се иде за лечење од дрога. Поентата ми беше шо жената бараше БОЛНИЦА. Не манастир Глеј и ние овде кажуваме пиј ова напиј се она, а не сме доктори, итс сејм
Кога бев мала гледав документарна емисија со морски коњчиња и ги прашував моите дали може да купиме едно за да го јавам. После чуден упатен поглед, ми рекоа дека не може, многу се скапи за чување. Сега како возрасна знам зошто така ме погледнале, ама желбата е сеуште присутна иако е неостварлива
Мене од секогаш ми се јавувале мисли од никаде, сцени, слики, ама во последно време почнаа да се остваруваат. Пред една недела, откако доручкував, ми се појави една таква мисла, поточно сцена, од едно семејство како јаде вечера заедно. И затоа што како што реков, сега повеќето ми се остваруваат, решив да ја опишам и напишам на ливче хартија. И сега пред малку гледавме филм со мајка ми и крајната сцена беше иста како таа што ја замислив! Да напоменам, не сум го гледала филмот претходно, сигурна сум.
Леб не јадам, посебно не бел, ама е најосновна намирница за преживување. Не може леб да биде 1+ евро во Македонија, не може едноставно. Погледни како живееме. Државата се' субвенционира. Сметката за струја, сметката за греење. Како да не се револтира и полуди човек, кога на 1300 денари сметка за струја, 800 и кусур ми е дистрибуција. Живеам во централно Скопје! Ок субвенционира, ама зошто и од каде? Од кој буџет? Субвенционира за да го покрие денес поголемиот проблем, оној кај што поголемо дно не сме биле никогаш, ама никогаш од 1991 навака. Светот е во криза, ок, АМА, светот презема мерки за кризите, овде абдали копаат на диво криптовалути, а државата ти субвенционира тебе сметка за струја. Овде школи и болници штедат, ама некој си прави што кур сака. Овде пари има за се' и сешто за пред јавност, пари за договорци нема. Овде синдикат ти вика ама нема за што да штрајкуваме. Има за што да тужиме а тужбата еве 10та година се спрема, еј, никад није касно! Овде шефчиња со матни бизниси ти викаат ако сакаш работи, ако не 2ца ќе најдам за таа плата. Овде градоначалници трујат и пукаат кучиња. Овде лик во сред бел ден пред полн кафич акна секира во глава на куче што спиеше. Овде се умира од лечливи болести. Овде државата те силува, и ти вика сама си го барала. Ама ќе се караме со Грци и Бугари, оти едно име имаме. Кешки нешто друго освен мизерија да имавме.
Вака и за зејтинот се збореше Леле големо чудо немало зејтин. Сега леле големо чудо оти нема леб. И за млекото Е шо ако имало токсини, се може без млеко. И друго ќе поскапи или снема па ќе ги просветлиме луѓето дека и без тоа се може. И така за секоја храна. Не знам ја па вие шо јадете шо кур ве боли за токсини и покачувања и немање намирници.
Ме потсети на видеото. Бегајте спасете се сите шо можите. https://youtube.com/shorts/nlPNKEY-iVc?feature=share
Нели ви укинаа радиодифузна такса па што повеќе сакате од оваа влада? Сега лебот ви бил скап. Што утре ќе барате? 520 евра просечна плата? Болница да ви изградат? Некој пат? Инвестиција? Ах ненаситни и безобразни едни. Преку леб погача барате. За вас само 350 грама бел леб да се научите на скромност у живот. На татко ми и мајка ми стигнала струја 4000 денари повеќе за месец јануари од јануари 2021. И тие незаситни. Сакале да се тушираат секој ден. Еднаш у три недели со лонец за такви нескромни.
Јас како што сум запознаен Скопје и Штип требаа да добијат нови клинички центри. Во Скопје не е фрлена ниту лопата а во Штип неколку години е само карабина. Државата за тоа платила 58 милиони евра провизии за незавршена работа на време. Буџетски пари. Мои и твои. Само скромно у живот. Што ќе ви се болници и лекари. Лечете се на врачари и гатачки.