Сакаме кислородна поддршка. Неблагодарни и лакоми. Во Скопје има централен довод. Во Штип без боци останаа пациенти на кои животот им зависеше од нив. Тиха језа. П.С. Збореле за магнети преку ред. Не се проблем дечки апаратите. Втора смена нема оти нема кадар да ракува (техничари) и чита (специјалисти радиолози) со апаратите. Голем дел дремат некористени попладне. Оти... сами не снимаат. Сами не читаат.
Социјализирање не ми е во муд последната година. Плус станата сум неподносливо категорична. Екстровертот во мене лом прави, не може до збор да дојде.
Ви се има ли десено серија/филм/книга/албум да ве смени? Ама стварно да ве промени како личност, одеднаш перспективата кон животот да не ви е иста, да почнете поинаку да го гледате и светот и живеењето. Ми се има случено повеќе пати до сега. А неодамна ми се деси на велико. Всушност, уште ми се случува таа промена затоа што не можам да престанам да мислам на приказната и секојдневно осеќам последици. Додека ја гледав серијата, со секоја сцена, со секое случување, со секој збор, осеќав како карактерот ми се соголува, па ми се моделира, па ми се таложат нови слоеви. Ме гаѓаше толку многу што ми се чинеше како физички да осеќав дека молекулите ми се менуваат. Одеднаш поинаку дишев. Сфатив многу нешта. Многу нешта за себе, за човекот општо, за природата, за важноста на сегашниот момент, за суровоста, за љубовта, за фамилијата, за човечноста, за издржливоста, за храброста, за борбеноста. Животот е краток и суров. На природата не и' е гајле за луѓето. На луѓето не им е гајле за луѓето. Сè е минливо и менливо. Луѓе продолжуваат да се раѓаат, луѓе продолжуваат да постојат на кратко, луѓе продолжуваат да умираат. Светот продолжува да се врти, сонцето продолжува да грее. Среќна сум што постојам во ова време и што сум привилигирана да ги имам сите модерни удобности што сегашноста ги нуди. Среќна и благодарна сум што ако ожеднам, можам да отидам во соседната соба, да ја пуштам чешмата, да си наполнам чаша вода и да ја испијам. Среќна сум што можам да пуштам правосмукална и да го исчистам домот; и да уклучам шпорет и набрзинка да зготвам ручек; и да напикам алишта и детергент во машина, и да стиснам едно копче за да ми ги испере алиштата. Среќна сум што можам да се излежавам пред тв со грицки и да не се замарам со ништо. Среќна сум што можам слободно да шетам надвор, каде сакам и кога сакам. Среќна сум што можам да бирам што ќе правам. Среќна сум и благодарна за сè што имам во животот. Немам време за жалење и лигавење околу глупости, само зашто така сме научени као генерација. Зошто ни се може, привилегирани сме на тој начин. Да, животот е тежок и суров, за некои многу повеќе и неправедно. Ама факт е дека премногу често самите си го правиме многу потежок од што природно е, само затоа што бираме да не бидеме доволно цврсти и навикнати сме на постојано жалење. Стисни заби, исправи се и биди силен функционален човек. Toughen up. Ионака животот ќе заврши многу побрзо од што сме свесни. Иначе, серијата е "1883". П.С. Музиката само ме кине, ме боли нешто внатре, ми навираат солзи, никад нема да бидам иста, жими сè!
Ја симнав. Само што ја догледав и "1923" - дејствието е после "1883" со истата фамилија. Предобра е и оваа, иако ја нема таа кинематографија, музика и поетска драма. И следна ќе ја гледам "Yellowstone", дејствието е со најмладата генерација од истата фамилија. Всушност, оваа серија е прва, па 1883, па 1923, ама јас се решив хронолошки да ги гледам. Ќе ги ѕирнам тие што си ги спомнала. Мене друга слича серија ми е "Godless" која ми е исто така одлична.
Ене ги ми стојат негибнати. Да ги читам викаш? @MissChievous Yellowstone е делмод трилогија? Ми ја фалеа па сакав да ја почнам. Ај да прогуглам. Едит. А бе што не кажувате за овие ремек дела.. А ова мора да се гледа.
Значи колку мразам родители што ќе го однесат детето некаде и го оставаат да ровари а они си седат и си пијат кафе. Ауууу
СДК од Драчево или Илинден до Волково со воз/шинобус е убава и практична идеја, би требало повторно да се воведе - нешто како урбана железница која без проблем би ги заобиколува градските гужви и би овозможило пристигање од едниот до другиот крај на предградско Скопје низ транспортен центар за само дваесетина минути! https://plusinfo.mk/pruga-imame-zhe...-skop-ani-baraat-alternativen-gradski-prevoz/
Три дена без леб останавме и готово - полудевме начисто арно викаше онаа рекламата "Ти не си ти кога си гладен" Како нација сме лебари невидени, додуша и џаболебари сме во голем број, ама тоа е друга приказна ама ептен е нехумано во денешно време на човек буквално да му го земеш лебот од уста. И не, не знае и не умее секој да меси, не дека е некоја наука де, ама ете, мора да постоиме и такви, и да, ич не сте смешни со хехенцата на сметка на ситуацијава
Има брате, ама прашај колку саати се чека дури да дојдиш до него кутри пензионери, по два саати чекале прееска, јас со 40 минути поминав
Ќути сестро златна не ми кажвај, построен во ред на улица чекав и јас со батињата пензионери, какви не животни приказни слушнав
Еее јас во културни се паднав да чекам, арни беа, немаше давење со муабети од типот на Екс Ју и тажење по Тито, ама џабе кога на крајот уништија секаков позитивен впечаток кога се пуштија чопоративно да грабаат лебови и да си ги тргачат од раце абе душички, барем ќе го насмеат човек. Туку, ај во Трета ќе си чатоваме, овде ќе речат утре дека од темава сме направиле чет