Тешки да беа такви муабети немам гајле со задоволство би ги слушал за добрите стари времиња да си раскажваат, овие кога почнаа кој шо го болело и како ќе стоеле да чекаат, кој месел кој не месел леб, кој колку купил, пак колку било брашното во Србија тука шо го набавувале а овие алчни биле за пари... абе си реков ексик и леб и се
Спојлер: . Леб и можеш да го замесиш дома(доколку имаш се потребно за месење секако), што ќе биде кога ќе почнат да фалат утре ствари што не можеш да ги направиш дома, за генерација навикната да има се на лагер 24/7 (клај тука и струја и интернет слободно). Спојлер: . Еми како ќе се одвиваат тогаш исправно важните заседанија по решавање проблематики од сектор задруга, МЈФ,што си купивте последно, кого би кексале денес, pornhub-ови, фетиши, должината на машкоста итн. Спојлер: . A дечките во супер-мен мантили не се нигде на видик да го решат тоа за 3 дена. Спојлер: . Ама подобро да не мислиме на тоа и се правиме до до тоа нема да дојде. Спојлер: . Иако ќе дојде, ама добро. Спојлер: . Децо buckle up и toughen up ако не па, ќе се најде. Спојлер: . Постот во никој случај не го поддржуа протестот на пекарите.
Ете видиш, и момент на социјализација несакајќи предизвикан. Башка надвор, на воздух, што друго би ги извадило од дома на толку долго. Абе не џабе викаат, секое лошо за арно. Мажот ми вика ништо чудно не било, ко бил тој дете, исто со саати се чекало за леб одсабајле. Сдк на пензионерите, не им е невидено чудо. Жив чоек, на се ќе се навикне. Само симболиката на тоа ретро е малку повеќе загрижувачка...
Абе до дупењето у здрав мозок е, не до лебот само по себе. Еве сабајлево донеле ама државата ќе ја тужеле.
Морав неколку пати да ти го прочитам постов,за да го разберам. Добро утро There is no ,,right time,,.There is just time and what you choose to do with it.
Јас сум човек што си има омилен прибор за јадење. Мој тањир, моја вилушка и лажица, кригла за вода, мое соларниче итн. итн... И гледам најчесто тие да си ги користам, затоа што ако користам нешто друго, како да не е исто вкусно јадењето, како да не е тоа, тоа... Чаша за јогурт си имав со битолско чупе, од оние што ги даваа гратис. Таа ми беше омилена и само во неа пиев јогурт. Епа, утрово ја скршив... И е*aв пиперот. Кажувајте ако знаете дали има сеуште акција со битолски и гратис чаша, да купам. Не сакам да користам друга.
Хаха,како мене да ме опишуваше. Освен прибор за јадење си имам и свои пижами за спиење,што многу си ги сакам,иако ќе ми се смалат уште малку Едит:Јас немам сретнато таква чашка,мислам дека веќе не даваат ништо од кај нив гратис
Политичари be like: Имам сопствено обезбедување, приватен возач и скапа кола зашто мојот живот и безбедност се секогаш на ризик. Bruh, безбедноста баш затоа ти е на ризик
Да, и старо и младо се на едно место збрано, прекраснотии Еве како изгледа таа идила во која прилепчани не спасуваат. Ред се редат битолчани за бел леб од 33 денари Точно, арното е шо домаќинките ја фатија работата во свои раце
Искрено леб никогаш не сум купувала од маркет, стриктно од пекари. Се надевам сега народов ќе се свести да сфати дека малите бизниси се секогаш подобри од фабриките кои се грижат за потрошувачите туку само за профитот.
Јас од Кам купувам кога ќе ми се пријаде лепче топло. Иначе генерално немам со што да јадам леб Не дека немам, ама преретко мачкам на леб нешто, а со 99% од манџиве не ми се ни јаде леб... Да знам од што сум дебела #тажноџвакакрофнасокрем
Сдк прилепчани се бизнисмени луѓе. Во ниеден град немам видено толку мали бизниси како таму, а и се поддржуваат меѓусебе. Плус не се алчни.
https://www.instagram.com/reel/CpFPnEJL3X8/?igshid=MDM4ZDc5MmU= Ова цениве само во Македонија поскапени. Ама скапана држава сме.
I feel you. Јас си ја скршив летоски така омилената чаша, од водка Путинка, мајка ми ми ја даде. И ја исполепив со лепак сите парчиња што ги најдов (да, до толку бев desperate), ама колку е добра за пиење така не знам, ене ја стои в кујна. Unpopular opinion: Всушност пекарата која доставува Битола не е прилепска, таа на сликата каде што е комбето барем, туку од Кривогаштани, што си е посебна општина.