Абе, прилепчани друго ќе ти кажат, ама ај, нека ти биде. За грев е сето, та Прилеп, та Битола, та Скопје, какво беше, какво е сега. И пошироко и подалеку е за грев, ама тоа е друга тема.
Лани работев во една ординација ама кратко 4-5 месеци и денес на фризер таа до мене ми вика бев еднаш кај вас на преглед и ми падна малце незгодно дека не ги памтев сите пациенти ама и некако така чудно, чудно убаво чувство ми дојде. Плус дека имаше моментално некој проблем и и кажав нешто и ми рече исто ми рече и мојот матичен. *Горда*
Ова што сакам да го кажам е за да си ја олеснам душата и да си кажам мислење а не да развијам дискусија или некој да се осети некако.....да не речам засегнат. Сите родители сакаат најдобро за своите деца, работат за своите деца, сака децата да имаат се ..... Од друга страна децата имаат се,задоволи од "глупости" како на пр еден куп играчки (непотребни, некои и неискористени) патики Најк Адидас на 4-5 годишњаци, бомбини мастики крем банани и све за кое дете ќе се потепа во маркет а после излагањето ќе се дрецка да се врати оти се премислил не го сака. Ќе работиш да му обезбедиш дом куќа стан соби спални апартмани луксузи, утре ќе ти рече ајт не можам овде да живеам сакам сам/а, кој те тераше да правиш куќа за нас кај сакаме ќе живееме.... Од све задоволени од ништо задоволни.... И така стануваат збеснати нервозни незадоволни.
Родители што се правдаат дека во нервоза кажале нешто на децата... Абе чудно како баш нервозата ве тера ним да им се истурите, а не на комшиката или колешката. Мислам, ако не можеш да се контролираш при нервоза, не можеш. А не да можеш да бираш кому да се изнадереш ко искомплексиран будала ама зборовите не си можел да ги бираш. Мхм. Не ќе да е сѐ до нервозата
Одиме со другар да гледаме фудбал, тука во околината имаше митинг нешто не знам шо беше автобуси, околу 300 и кусуро луѓе наоколу, а на нишалка гледам паднат чоек во вир! Никој не му помогнал или бар да го видел ко падна, се стрчавме со другаров, го кренавме од вир, не можеше да се движи, на гла падна. Алал да му е на брзата помош одма дојде за миг, го кренаа и го однесоа. Не можам да го заборам моментот главата во вир му беше, скоро цела поклопена... па че се удаеше. Дознав имал повреди на главата, скршени пршлени ама че се опорај. Си велам во себе, не е можно никој да го немаше видено, само емпатијата е во минус влезена!
Тоа е тажната и мизерна вистина за нас. Друг ден на тебе на глаа ќе ти се случи,па ќе се чудиш. Епа чуди се. *не е упатено до тебе.
Од битолскиот јогурт имаше нешто длабока чинија гратис со два јогурта,во Кам а за чаша немам сретнато
Нека им кажи некој на жените шо на 5ти март маршираја по повод празникот 8 март дека не се носат знамиња со текст СДСМ. Не е митинг. Е да ми извините ама глуп народ!
Кај нас во Прилеп ги собирале жените од секој град и марширале во ПП, па клаваат слики. Јас се прашувам дали стварно така треба?
Леле. Не. Дека се пред времето, логично. Луѓе со визија. Овај водичот на "маршот" пред три дена жена вреѓаше.
Pocnaa zivite patetiki po 10 dena slavenje 8mi Mart,najsmesni mi se zenite koi edino izleguvanje im e toa i pravat live,739284492 sliki,frizuri ko za na bal i kostumce od poslednata svadba kaneni pred koronata.... vo drustvo so koleski koi edna so druga sekoj vtor den si e...e sve po spisok
Можеби на некој луѓе тоа им е единствена прилика да искочат и да се социјализираат, прослави за нова година и за 8 март, а и која ти е потребата да коментираш кој што носел и од кога му е облеката.. Или тебе никој не те викна па сега као криво ти е? Или немаш со кого да искочиш да прославиш?
Си се почастив за 8 Март сама себе патики, и сакам да кажам дека најубаво е кога си независен, си имаш твој пари, си трошиш твој пари, и чувството е преубаво кога можеш да си купиш што сакаш самиот на себе..