Јас никогаш не осетив дека за мене се грижат доволно за жал и имам пишано на форумов. Се осеќав ко партал.
A кога одиш на одмор и плаќаш по 100€ од ден мислиш дека на нов душек спиеш и од нов прибор јадеш? Мало сутра. Тогаш не ги жалите парите и се ви е рамно. Ако не знаеш цените се качени на се, а према тоа и кириите рипаат. Ја незнам што очекувте во главен град стан од 60м до г'з факултет кирија треба ли да биде под 250€? Edit: Згора на се кога ќе им заврши договорот кираџиите станот го оставаат како прчвара и тоа без никаква одговорност, е за такви покрај кирија треба два депозита да остават унапред
Првите три дена после објавата на одлуката на нашата ни мила Влада, беа критични, сега леб достапен имаме колку душа ни сака, ама некаде е од 45-60 денари цената за бел сечен леб, а некаде 33 денари... Тоа е. Ионака воглавно сме село без кучиња. Буквално вакви сме како нација, дај ни од пиле млеко, не бе, пак леб ќе ни фали
Па не можеш да споредуваш одмор од 10 дена и стан каде треба да живееш преку цела година. Кога издаваат стан треба да бидат свесни дека таму ќе живеат луѓе, а не стока. Сум се изнагледала секакви станови и секакви газди и голем дел од нив си ги преценуваат становите. Само ради тоа што ќе е добра локација не значи дека треба да плаќаме 300 евра и да живееме во штала со намештај од чеизот на баба им. Нека опремат убав стан, ќе добијат пари. На крај на ден за мои пари имам право да прибирам и да кажувам кај ќе живеам и какви услови сакам да имам. И јас сум била студент и никогаш ама никогаш станот не сум го оставила прчвара. Не велам дека нема и такви меѓутоа само затоа што се студенти не значи дека треба да живеат во прчвара какви што издаваат и ги наплаќаат по 300 евра дека им е до г’з до факултет. Пред да издадете стан најпрво размислете дали вие би живееле таму и во такви услови.
Случајот со бебенцето кое почина од туберкулоза,ме потсети на еден мој поранешен газда. Ние го знаевме за болен,ама не откри дека е од туберкулоза. После долго време разбравме од друг.Тој важно си ги тестирал и вакцинирал неговите а ние не сме важни,тој важно да се скрие,да не му избегаат муштериите,да не му пропадне бизнисот. А дома јас и сите колеги со мали деца.Само господ не чувал. Сакам да кажам какво дно од луѓе постојат .
Па и ти си вакцинирана претпоставувам.Прва вакцина е токму бсж вакцината.А дека он накнадно ги вакцинирал неговите кога дознал за болеста ,нема шанси.
Можеби си во право за вакцинирањето,но така ми кажаа.Не знам и колку би имала временски заштита од вакцината, ако сум од дете вакцинирана,ама знам дека ги тестирале сите од неговото семејство и деца и внуци,претпоставувам претходно сигурно вакцинирани, а на нас никој ништо не ни кажа а со него претходно бевме во постојан контакт. Навистина среќа што децата ни беа вакцинирани.
Ми се трча навечер, онака во тишина. Али ми текнува дека уште има напалени говеда што последно женско што го пипнале е мајка им дур ги доела. Оти баш кај што си трчам тие патеки навечер не се осветлени многу или слабо има луѓе барем дур е ладно. Онака пред-осмомартовски да си се потсетам нели.
факт е дека секакви родители има. Зборам за повеќето (нормални) кои живеат нормален живот и се трудат за семејството децата.
Знам многу примери каде што родителите им направиле милион трауми на децата а нормални родители кој стварно се борат за децата и се прават за нив ги има многу ретко за жал.
СДК дека се осеќам неодредено во однос на верверицата шо ја спасив. Од една страна живна и ја пуштив во двор да си живее по дрвата. Ама од друга страна сега ми донесе други верверици во дворот. И така јас денес додека си лежев по пижами, гледам митинг на 3 верверици на прозор. Имаше момент кај што ме зјапаа и се осетив ко да ми ја нарушија приватноста во куќава