Затоа што е реторичко прашање. Не е прашање за кое барам одговор или совет. Исто како кога ќе кажеш "Од каде да знам?" не очекуваш да ти набројат. Спојлер: . Исто на "Кој те ебе?" не се одговара.
Прво, кој би рекол дека јас ќе ја слушам Мајли Сајрс?? Новиов албум и' е супер, баш таква чил музика ми треба периодов. Второ:
Се збунив сега. Прашањето било реторичко затоа што било одговор на реторичкото прашање но реторичко прашање не се одговара, а одговорот на реторичкото прашање на реторичкото прашање е реторичко прашање..? Сдк, некогаш на човек му е потребно само едно мало убаво цвеќенце за да му го разубави денот, да ја види убавината во природата и да ја врати вербата во луѓето...
Човек кој прочитал три стиха во животот, а сепак успева истите да ги искористи за да објасни сложени геометриски задачи ( со цел да ги разубави и поедностави истите тие задачи ) е човек за почит. Не вреди ниту едно знаење, ако не умееш да го живееш истото, ако не успееш со него да разубавиш или олесниш туѓо секојдневие.
Како за во работен ден и тоа понеделник, и покрај тоа што поќе од пола го поминав на работа, оваа година денот ми беше баш онака во роденденско расположение. Добив топли честитки од драги луѓе пријатно изненадување , а допрва ќе се слави уште. Си посакувам најголемата желба да си ја остварам оваа година, ќе ми треба целата храброст на светот, но сакам да си докажам на себеси дека можам, дека желбите вредат да се остварат, дека нема да поминам уште една година околу сонцето само мечтаејќи. Еден е животот и нема смисла ако не одиш по она што го сакаш.
А јас па обратно, навикната да станувам пред 7 и секој пат кога имам слободен ден се молам да поспијам докај 9 ама не, јас во 7 сум будна Секој со свои проблеми
Обично кога гледам филмови, ги пишувам во соодветната тема, за рецензија на филмови. Сега мислењето ќе го напишам тука. Дури уште трае месецот на жената, кој никако не е наш, морам да го спомнам Promising young woman. Мене многу е тешко некој да ми ја пробие листата на омилени филмови, ама овој го рангирам токму во најдобри филмови кои мене лично ми оставиле толку силен впечаток. Чувството на гадење што го имав дури го гледав ми беше толку силно, што филмов го гледав на 8ми Март, а дури денес успеав да се соберам за да споделам импресии. Според мене е пострашен и од најстрашните и најкрвавите хорори, одвратно те тера да се осеќаш, луто и гневно, немоќно, сакаш да ги задавиш пола од луѓето и сфаќаш дека нажалост понижени сме како пол насекаде низ светот. Ако некој филм доловил како државата и општеството може да се маќеа некому, тогаш е овој филм. Ако после овој филм не се подигне културата и совеста за тоа колку лесно може да паднеш во канџите на систем кој никако не те штити, нема кога. Мастерпис кој ми остави горчлив вкус во устата. Буквално откако го догледав го исчистив цел стан од што мораше да ми искочи нервозата. Устата ја миев 2 минути со mouthwash за да прекине да ми се гади. Да го гледате. Сите. Чиста десетка од мене.