Дали и вие сте го искусиле ова кај луѓето што живеат во Скопје, и оние од помалите места? Јас, да. Секојдневно. И многу мразам овакво лицемерие.
Во Скопје да те видат паднат на улица може само да те поттурнат на страна да не им пречиш. Многу се во филм "живеј брзо умри млад", демек немаат време за ништо.
Да, имаме, мада и дискутабилно е. Исто така имам слушнато на пр.за Велес битно било дали си од East Coast/ West Coast, демек едните биле за нијанса пофини, ама не ми текнува точно за која страна стануваше збор.
Да престанат да ми стигнуваат известувања од темта за хиџаб, да не ми ја мачат душата наново со секое. Спојлер: . Исто така зошто ми стигнуваат известувања кога немам пишано уопште на таа тема?
Си ја читала. Кога повеќе пати ја отвараш,читаш и лајкнуваш мислења,веќе ја ,,надгледуваш,, и ти стигнуваат известувања. Добар ден.
@-црноока- може си приметила,дека те следам по темиве,и јас не знам зошто. Немам ништо против тебе,само некогаш имаме различни мислења,па сакам да се надоврзувам и така. Сори.
Се е во ред, само ниту едно мое мислење не е посветено за тебе. Не знам зошто понекогаш се пронаоѓаш. Всушност ниту едно мислење не ми е посветено за конткретна личност овде.
Во врска со фејсбук објавата на дотичниот Лука за поделбата Скопјани-Кумановци(објавата што е погоре): Не се согласувам со напишаниот статус и ова го сфаќам како наверда и да од Скопје сум, без разлика што на некого можеби му е смешна објавата, мене не ми е лично и го искажувам своето мислење тука како и сите вас. Се нашол некој нас(скопјани) да не класифицира какви сме. Хаха ти па друже многу си добар уживаj, цвеќе за мирисање Поздрав и пријатен ден!
Многу едноставен е одговорот. Во Куманово ти помагаат луѓе што ги познаваш со години. А и да не ги познаваш затоа што е помало место исто како да те знаат. А во Скопје затоа што си дојденец не ги знаеш доволно луѓето околу тебе. Кога би те знаеле од бебе,ти ја знае фамилијата, сигурно и од нив ќе се погоди некој кој ќе ти помогне. Значи одговорот е во тоа колку долго се познавате. За некој да си дозволи да ти каже а бе глуп треба навистина да те познава добро.
Интересно објаснување зошто би можело да биде тоа така. Но, исто така е приметливо дека кога од Скопје, одиш во помало место (колку помало, толку поизразено), луѓето се по гостопримпливи, љубезни и спремни да ти помогнат, па дури и ако не си побарал помош од нив. Дали големото место, модерниот пристап, брзината на животот ги прави луѓето да бидат по ладни, пa, истите тие луѓе, кога доаѓаат и живеат во Скопје, по некое време ги губат овие особини и се прелеваат во масата.
Сончев ден помешан со пукање и аплаузи од плоштадот,22 год .од кога го нападнаа нашиот роден град, 22 год од кога прв пат почувствуваме страв од куршуми и пукање, 22 год.од денот кога не знаевме дали кога ќе се вратиме ке имаме куќа или ке станеме скопјани. Денес сеуште се на власт, а дел од народот кој не слушнал како свири куршум, релативизираат и обвинуваат за национализам.
Не знам јас дали е големо место и што е модерен пристап, ама сдк ко ќе дојдам во Скопје, сообраќајот комплетно ме збеснува и сум најлошата можна верзија на Билјарка. Иначе многу сум фина
Медицинските лица слободно нека бараат покачување на платите зашто заслужиле и заради инфлацијата ама кога спомнуваат како им е понижување чистачката да земала колку сестра, само се брукаат онака малце.
Денес разгледував коли на интернет бидејќи ми треба да си купам. Но никоја не ме бендиса сите скапи и грди. Јас сакам уникатно количе по кое ќе ме препознаваат во градот бидејќи сакам да сум центар на внимание. На пример кјут розева кола со цветни шари. Може да е и олдтајмер. Ако знаете таква некоја кажете ми.