Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    Сите сме луѓе,сите имаме проблеми,дали поголеми или помали,сепак ги имаме.
    Секогаш сите сме биле во некоја дилема. :^)

    Сакав да кажам,утрово малку чудно.
    Ете го сонцето пак,станува се почесто.
    А дали знаете што значи тоа?
    Дека уште малку мечките ќе се разбудат од длабокиот зимски сон и се ќе биде прекрасно наоколу.
    Оваа проклета зима веќе си ги пакува куферите,доста и беше.

    И да,се изненадив од неколку случки во последно време.
    Среќата вчера цел ден ме пратеше,се надевам и денес ќе биде така.

    Мило ми е што донесов некои одлуки кои требаше одамна да ги направам.
    Цело време ставав запирка,и мило ми е што конечно ставив точка.
    Резултат се чувствува после одминати денови,и многу ми е мило што не погрешив во одлуката.
    Мило ми е што се ставив себеси на прво место,и веќе престанав да дозволувам некој да ме гази,понижува и навредува. Битно мислам дека ја извлеков поуката и ја научив лекцијата.
    Па затоа продолжуваме со животот напред,во потрага по среќата и успехот. :)

    Пријатен ден девојки! :*
     
    На Marossa, Barbie20, Anabelle.Amorette и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Avenged

    Avenged Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.611
    Пол:
    Женски
    Драга пријателке, дали е ова се што остана од нас? Дали е стварно крај на се? Иако рековме дека нашето пријателство нема крај, дека ќе трае вечно? Што се случи? Зошто се одалечивме? Некој нека ми одговори на сите овие прашања, затоа што јас не ги знам одговорите..Ова не е живот таков каков што го замислувавме, требаше да биде сосема поинаков. Требаше да бидеме посреќни и поопуштени, а ние не сме такви. Седиме цела вечер заедно и не ја гледам истата личност со која ги поминав најубавите моменти.. Не знам може да е до мене. Можеби јас сум крива за се, па и овој пат го губам тоа што најмногу го сакам. Знам дека сум неподнослива и тврдоглава, ама секогаш попуштав пред тебе. Затоа што со тебе бев таа вистинската, не се преправав. А сега не сум ни јас тоа што бев со тебе, а и ти не си истата. Нешто се смени, нешто го уништи тоа што го имавме. Некаде погрешив? Нешто реков што не треба? Кажи ми !! Имам право да знам после се, заслужувам барем толку. Не оставај ме без ниеден збор, доволно ме боли и ова. Кажи ми во што е проблемот, само немој да глумиш дека дека е се во ред кога знаеш дека не е.
    Одамна не е ова пријателство тоа што беше.. Каде исчезнаа разговорите за момците што ни се свиѓаа, за тоа кога некоја од нас ќе се заљубеше и не знаеше што да прави? Каде се оние денови кои ги поминувавме заедно? Каде е сето тоа? Зошто одеднаш исчезна? Зошто сега го правиш со другите истото што го правеше со мене? Зошто на нејзе и даваш тоа што ми го даваше мене? Зошто ме заменуваш со нејзе? Ме боли сето тоа, ме боли кога ќе те видам со неа, кога ќе видам што се правите, а јас стојам на страна и се смешкам на сето тоа.

    МИ ФАЛАТ ТВОИТЕ ПРЕГРАТКИ, ТВОИТЕ БАКНЕЖИ, СЕЕЕ МИ ФАЛИ ПОВРЗАНО СО ТЕБЕ. Што направив за да се однесуваш така? Кажи ми го само тоа и тогаш ако си посреќна без мене, одалечи се од мене и уживај во животот.. Знаеш дека твојата среќа ми е најважна...
     
    На tinka-mace, Papillon.Papi и lana.del-rey им се допаѓа ова.
  3. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски
    Ми заврши сесијата...конечно!!!
    Мислам дека нема поголемо олеснување од фактот дека немаш за учење,дека можеш да дишиш слободно без да ја гледаш книгата како стои на бирото осамена :D
    Не дека нејкам да одам на факулетет,ама кога ќе се погоди предмет како овој што го полагав,предмет во кој мораше да испишам како се слави Велигден и Водици,човек нема простор да се чувствува задоволен од знаењето што го прима :lol:
    Инаку,јас секогаш славам после испитна,без разлика како поминала,па вечерва ќе испијам се што требаше во текот на Јануари,да не заостанам,не за друго.
    После тоа,планирам да спијам со денови.Ма дури и месеци,и во тоа сум заостаната :D
    И така.Ве сакам многу,имајте пријатен ден :lol: :*
     
    На anabel-a, SparkyAngel, senza.parole и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Потот низ Скопје, за 95 минути. [​IMG]

    Имав само два часа во школо, па си реков и онака дома ќе ми биде досадно, си тргнав пешки. Четиринаесет автобуски станици, поточно седум кома седум километри изодев, одма јас прерачунав. (според гугл мапс) [​IMG] Сите со капути, шалчиња... само јас со капутчето во рака, жар црвена во лице, со по некоја капка пот што се тркала, по моето лице. Еден куп погледи. Мислите некаде одлетани, Господ знае каде. Ветрот ми ја дувкаше косата, како ќе му текне. Секакви, најмодерни фрузури ми правеше. Помирисав разни парфеми. :mm: Меѓу кои и оние непријатните, секако. :wasntme:

    Мирис на ќебапчиња, што секогаш ме потсетува на Охрид. Мирис на крофнички, што ме потсетува кога како мала со моите одевме на саем и бегав од Дедо Мраз. :lol: Мирис на лиснато, месено... секаква храна.

    Кога не ти држи задникот, да се ставиш на диета, ќе си го мрднеш малку истиот. :wasntme: Кога никој не сака да ти прави друштво до Водно, ќе си бараш сама начини. А и кога немаш доволно шушки за фитнеси, теретани... Ќе си имаш воспалени мускули. До денес имав воспалени мускули на рацете, од кошарката. А утре претпоставувам и на нозеве, исто.

    Ма џабе, стигнав дома, одма се качив на вага. И... ништо.
    [​IMG]
    Стрелката нејќе да се помрдне. Видов, не видов, си направив појадок. Една калориска бомба. [​IMG] Џабе сестро се мучиш, џабе ти е. [​IMG]

    Некој имаше пишано... Јас сум од тој тип на луѓе, што откако ќе направат десет стомачни, одма ќе проверат дали им се појавиле стомачни. [​IMG] Таа сум. :handshake:

    Додека одев, на моменти самата на себеси си се смеев. Го знаете она чувство, кога ќе убаците у трета, а пред вас, ќе се нацртаат неколку бабички? И не можете да поминете. E тоа, е е тоа. [​IMG]
    [​IMG]
    А богами и Марфи беше до мене, цело време. ]:) Секојдневно менувам два автобуси, кога се враќам накај дома. И тој вториот, што ме води накај дома, секогаш највеќе го чекам. А денес, буквално цело време ме пратеше, како темпиран. Само што ќе поминам кај автобуската станица, ене одат два. Еден приватен и државен. :doh: Така се поздравивме со шест приватни и три државни автобуси. Знам дека изгледа неверојатно, ама навистина. Само што ќе стигнев до некоја автобуска, ене иде празен автобус. А кога го чекам, нигде го нема. Е па нема бе, не ти влагам, НЕ ти влагам! :rofl: И тоа нацртан пред мене. А бре, да пресметав кога треба да го фатам, немаше толку точно да биде.

    Среќа дома имаше топла вода, па си се истуширкав. Инаку ќе ги потепав дома, ако немаше. :wasntme: И покрај тоа што нема капка дожд. Јас успеав да се уцапам во кал, до коленици. Неоткривен таленат сум, знам јас. И што друго да Ви пишам? Ај па доста беше. [​IMG]
     
    На Monna.Monna, anabel-a, Mama25 и 23 други им се допаѓа ова.
  5. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.854
    Пол:
    Женски
    Де па ти Лилит, па кажи еднаш веќе дали имаш дечко *смајлиштоширирацевознакнапрашањеиподмолноинтересирање* :D

    Јас се зафркавам, мене и за мојов ми премногу да мислам, а не па за нечиј друг :^) :D
     
  6. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Не се бега од судбината..Колку и да сакам да заборавам пак се враќа..дали на овој или на оној начин :x
     
  7. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    578

    Добро бе Лилит, ти правиш ли нешто друго освен што се нервираш? Мислам не ми е злонамерно прашањево, али сите постови ти се со доза на фрустрација и плукање по другите, чекај малкуу.. јас искрено не знам за кој збораш ама нема потреба од навреди. Мизерии? Тежок збор.. стварно.

    Велиш си нечиј извор на фрустрација ама по постовите гледам, ти самата по себе си една голема фрустрација, ете ти кажав.. кога веке другите не се осмелуваат. :D Иако незнам зошто речиси никој не се осмелува да ти се спротистави за нешто, па побогу ова форум е, не ке ги каснеш. :) Поздрав и обиди се малку посветло да гледаш на некои работи, немора главата од ѕид за се и сешто. :hai:
     
    На lana.del-rey, LittlePinky, summer-lover и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    11.734
    Денес баш сакав да бидам оптимс ама кога ми текна дека е четврток ми се скрши филмот...
    Ајде утре здравје!
     
    На Mama25 и vitomir им се допаѓа ова.
  9. Maria.Vampire

    Maria.Vampire Нов член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    437
    Знаев.Ама ајде,несакав проблеми,несакав да се замарам со таквите како тебе.Откако успеа да ми го уништиш животот,почна да пробуваш да ми се доближиш.Јас иако те знаев каква си,ти допуштив да ми се доближиш.Да се однесуваме како да сме немале лоши односи,како во се да се сложуваме,како да сме само две многу добри другарки.А јас знаев дека ме зборуваш зад грб,дека тоа не си ти што се претставуваш пред мене.Знаев,и помислив дека би можело и вака да функционира.Да се нејќеме,ама да се сакаме.И се се врати на место како што си беше и порано.Си ги повратив сите мили личности назад.Ама јас не им бев мила ним,како и на тебе.Сега почнаа уште подобро да ме запознаваат,почнаа да ме прифаќаат уште повеќе,и конечно си ја најдов другарката која сум ја посакувала.Другарката која ке ме прифати каква и да сум,која ке ме сослуша што и да е...Го увиде тоа и одма почна да ми се исперчуваш кога таман бев пред да си ја грабнам среќата.Твојата љубомора се претвори во гнев,толкав гнев кон мене што се би направила за да не ми ја видиш насмевката на лицето,за да не ме видиш како имам успех во замислата да си направам убав живот.Мораш да се израдуваш на мојата несреќа,мораш да ме навредиш,да ме понижиш и јас да се чувствувам како ѓубре на овој свет.Ама ајде,се храниш со солзите на другите.А всушност треба да се исхраниш со своите солзи.Причината за твоите солзи ке биде и самата помисла на тоа колку си скапана внатре.Си имаш друштво,си имаш пари,си имаш семејство,СИ ИМАШ СВОЈ ЖИВОТ бре човеку што тражиш во мојот?Ама колку и да мислам дека овојпат нема да ме згазиш длабоко во себе знам дека ке ме згазиш.Зошто?Затоа што секогаш во животот лошите,бездушните победуваат.Што полза имаш од тоа да бодеш некого постојано во срцето,да им ги наоѓаш најслабите точки и да ги повредуваш нив.Од обиди да уништиш нечиј туѓ живот не се живее.А мене навистина ми е мака да живеам веќе вака.Постојано некој да ми зема нешто.И сега,драга пријателке знам дека моите чувства ке те направат среќни.Ама добро.Можеби еден ден ке си потонеш во сопствената „среќа“.Можеби јас нема да можам да ти направам ништо,ама знам дека еден ден вистината ќе те уништи,фактот дека си понижила милион луѓе,фактот дека си среќна што другите страдаат.Се надевам.А надежда последна умира.
    Човештвото пропаѓа од таквите како тебе.

    Mood: Sad,but hopeful :'(
     
    На Srckata28 и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Антонинке мор, ами не е толку страшно, четврток према петок е :D Нека не ти се кршит филмот.
    Ден ко ден, секој ден си е убав мор, само од што на нас луѓето не секогаш ни е арно, па така и денот не е арен, времето и се по ред :D :geek: Човек и на крајот на светот да е, ако не му е ден, џабе.Пушти си таму музика, разбираш и потпевнувај си :D :dance: и ќе се развеселиш :geek: Зш ако човек се замара со се и сешто, ќе требит да обели во косата, рано, рано... :!:
     
    На Antoninaaa и Someonespecial им се допаѓа ова.
  11. Avenged

    Avenged Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.611
    Пол:
    Женски
    Знаете ли зошто ги затвараме очите кога плачеме ? Кога сонуваме ? Кога се бакнуваме ? - Бидејки знаеме дека најубавите работи не можеме да ги видиме туку да ги почувствуваме !
     
    На ph.orhideja, Mama25, ilipili и 9 други им се допаѓа ова.
  12. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Стрпи се бела до утре,петок е спасовден со душа и јас го чекам. ;)
     
    На Antoninaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Четвртоков, сончев, опуштен и прекрасен - можам слободно петок да го наречам. ^_^
    А мене иначе може секогаш мрза да ме фати, ама толку голема за да одбијам пешачење на вакво временце - не. Е ај, има ли нешто поубаво од прошетка на сонцево, со слушалки во уши и убаво музиче? Едноставно нема подобар рецепт за релаксација. :sun:

    Нервознава недела веќе е зад мене, стресовите во школо поминаа... а она олеснување што ми е уште поважно - средивме еден проблем со една личност што ми значи. Се смиривме по една мала караница, но сепак секогаш тоа ми е важно, абе едноставно колку и да покажувам заби, не можам јас да останам лута на некој со којшто се дружам. Ден - два и толку, рекорд ми е тоа. :D

    Туку, многу е убаво и исполнува да си ангажиран во нешто интересно, и со мерак, со љубов да го правиш тоа. Плус и тимски, со прекрасно друштвенце, милина е. ^_^
    Школото ни е во знак на Валентајн, со растрчани ученици за подготвување атмосфера меѓу кои се вклучив и јас, и изгледа почнува таа маја да ме фаќа... :wasntme:
    И така, денов ми е прекрасен и не дозволувам ништо да ми го расипе, греам како сонцево... :sun:
    А некои луѓе, кога се среќни сакаат секогаш да има некој до нив, да му ја пренесуваат позитивната енергија и така се чувствуваат уште повесело, јас сум меѓу таквите. Па еве и со вас да споделам виртуелно еден дел од колачот на насмевката. :D
    Ариведерчи, развлечете насмевка и свиркајте си. :music:

    http://www.youtube.com/watch?v=51V1VMkuyx0
     
    На Buttterfly, ilipili, Kaylie и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.829
    Допаѓања:
    163.225
    Не разбирам луѓе на кои им е испод чест да се напијат кафе и да си поправат муабет со жената што чисти?
    Животни приказни и искуства, имајте уши за тоа луѓе. Баш се сјани, необврзни, лесни, питки, мелодични, емотивни, необични и обични. Човечни!!!
    Ептен си чекам да дојде. Магија си прави. Уредна ромка и ми вика- му викам на маж ми напиши материјали што ни требаат, он земал напишал на тоа чекот што примаме социјална помош, како циган некој, циганска работа. :D
    И ќе ми рече, ајде што чекаш, мажи се на свадба да ти играм!
    Некад ми е психијатар и муабет подобар него ли со многу луѓе кои ги знам.
     
    На mims-89, Monna.Monna, Buttterfly и 19 други им се допаѓа ова.
  15. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Само ти си вистинскиот учител на твојата најголема лекција.
     
  16. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    11.734
    Така си е Горде,нема погодија на човек.
    Ама јас сум отпорна на нервози а и по сој нема никој побелена коса и свиркам си :D
    Еве едно музиче за тебе од мене специјално :!: за добро расположение.

    http://www.youtube.com/watch?v=omPsnsh8d5M
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Женски
    ааааааааааааааааааа :@ :@
    Проклет пмс бе , најгаден период од месецот ми е овој.
    Го мрзам светот денес, сите ме нервираааааааааттттттт :@
    Ќе се истурам на некој ни крив ни дужен...
     
  18. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.194
    Пол:
    Женски
    Сакам да се катапултирам на Марс. Подобро сам во пустелија, отколку опкружен со будали.
    [​IMG]
     
    На lana.del-rey, LittlePinky и Srckata28 им се допаѓа ова.
  19. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.231
    Допаѓања:
    91.843
    Пол:
    Женски
    ... Најмногу уживам на вакво убаво време да шетам сама ... може и со друштво но повеќе уживам кога сум сама и размислувам,кога никој не ми ги прекинува моите мисли,кога чекорам слободно без никаква цел...едноставна уживанција... 8)
    Го видов човекот кој што во минатото во еден период од мојот живот ми значеше многу ... не очекував дека ќе го сретнам баш него ,како и да е ми го разубави попладнето сосема неочекувано ...

    Не го заборавив јас ,но не ме заборавил и тој а во тоа се уверив баш денес :)
    Јас сум среќна посакувам и ти да ја најдеш среќата што ја заслужуваш,убавите моменти ќе ги оставиме во минатото за да не ги повредиме луѓето кои сега се до нас и не сакаат бескрајно ...

    А вие феминки имајте убаво попладне :*
     
    На Barbie20, Kaylie, Desert.Rose и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    77
    Може срцето ми е скршено, ама не се предавам. Положив и денес.. ла ла ла :dance: :music: Убав сончев ден. Ги сакам ваквите денови!
     
    На kikav и EMoonlight им се допаѓа ова.