Се моли ЕСМ да олабави денес со парното, бидејќи не ми е добро уопште. Не можам да се дооладам.. Ве молам.
Ко јадење шо ми паѓа притисокот - ништо друго. Еве блеам на телефон и се думам да се навалам и да поспијам. Кое ооолеснување беше ко ми ѕвона алармот сабајле и видов дека е Сабота.
21 век е кога сите ние имаме телефони, пред да дојдете на гости, ред би било да се јавите, ако немате бесплатни заѕвонете, културно е да прашате човек пред да му се тутнете дома, живти викендов и сите планови поради непланирани гости!
Salzburg e ubav sam po sebe,no edno nesto sto mi se najmnogu dopaga e toa sto: Salzburg e poln so zivot... Ve pozdravuvam so edna slika
СДК дека Реин воопшто не си фер со бановите. Се погрешни личности банираш, а оние членки што вреѓаат се пред себе, им прогледуваш кроз прсти. Срамота е ова..
Мајка ми е во некоја група на ФБ за дворови, нека ми е здрава и жива, ама ми ја поду глата со муабет за хортикултура
Моево преубаво куче обожава луѓе и веројатно мисли дека е човек. Какви средби ми приредува, од најмладо до најстаро, не можат да и одолеат кога ќе им се пикне да ја галат. Со кучиња не е баш блиска,веднаш посакува да им ги превземе газдите Запознав еден куп луѓе,се изнаслушав најразлични приказни,често ги добивам буквално одговорите на прашањата кои ме мачат моментално,туку така, без да прашам. Преубава размена на енергија добивам благодарение на моја џуки....иако повеќето сум ги сретнала еднаш и никогаш повеќе, умеам да ги раскажам тие средби како да сум живеела со нив...фасцинантно ми е сеуште како луѓето лесно со непознат умеат да се расприкажат и да се разделиме насмеани и чудесно олеснети
Одам со внуците по сладолед, и внук ми гледа дете колку (5) него и вика - гледај мало бебе. Are you kidding me dude?
За многу работи е виновен системот и политиката во Македонија но не и за ова. Аеродромот и дестинациите се планираат и воведуваат врз основа на интересот и патувањата. За да е профитабилно и исплатливо летот треба да е бар 60% + полн. Нашиот народ е распространет низ Европа, САД и Австралија. Оттаму се и дестинациите. Европските авиокомпании имаат воведено доволен број дестинации за низ ЕУ, а за останатите особено поегзотични дестинации се знае дека се бара поголем аеродром на кој оперираат големите авиокомпании, за да профитираат. Ако нема интерес нема ни дестинација. А баш ние имаме супер конекции со Виена, Истанбул, Дубаи, Доха, Париз и Лондон за интерконтинентални летови.
Настан во Центарот за КУЛТУРА. Почнува во 20:00, публиката во 20:20 уште касни, влези-излези со блицот. Ве видовме, океј е. Артистот станува да се поклони, публиката пола облекла јакни и се турка да бега. Кафаните да не ви затворија? Кај брзате? Не сум ни јас нешто принцеза ама барем основните работи. Да не расипувам расположение, а и да не е фокусот на негативното. На "Нокаут" сум била десетина пати и секогаш ми е убаво, песните слушани 100 пати пак знаат да ме наежат и развеселат. Многу голема почит имам кон тоа што го работат. Ми недостига времето кога се правеа повеќе концерти. Свирки не е тоа-тоа.
Нокаут се едни од ретките на кои колку и постави внатре им се сменија, што од виша сила причини, што ете од преселби итн. сепак опстоија и секогаш останаа да нудат само квалитет. Пере е едно човече преполно со емоции, мало, ситно, ама динамитно на сцена. Се надевам долго ќе го има и слушаме.
Ако го имало кон конкретната дестинација и сакала таму си размислува одам плаќам летам и стигам. Вака треба воглавно до Истанбул или Виена, па имаш дупка до следен лет, мораш да чекаш па од таму на дестинацијава. Повеќе е мачење, губење време на безбедносни проверки, се малтретираш цел ден со временска дупка помеѓу летовите, а и поскапо испаѓа на крајот два поединечни лета наместо еден директен. Може на тоа и беше фокусот кога размислувала за пат и се разочарала дека е укинат. Мене лично ништо од ова не ми е проблем, обожавам да запознавам нови луѓе уз пат, да си шеткам по аеродромите, просто сум како овој типов од Кракозија, си се осеќам на нив како дома
МИ ТРЕБА ОНАЈ КАЛЕНДАРО ЗА ПРАЕЊЕ ДЕЦА, ФАЛА! *за кој пол кога се зачунвал или така нешто имаше тема оооодамна ама ya girl има меморија на златна рипка.