СДК си создал бренд од 132000 членови кои редовно те следат. Бренд кој има поголемо влијание од било кој инфлуенсер во земјата. Си поплукуваш на брендот кој си го создал и дозволуваш некој без влијание, со половичен број од твојот да ти кажува што да правиш и како да работиш со својот бренд.
Почнав со мојата омилена терапија: точак. Уште да немам обврски, па убаво да се испотам на кеј со 15ина км извозени, па да си седнам на трева под дрво во парк, па да си измедитирам додека ме лади летно ветре, па ко ќе си се вратам дома да си мавнам ладен туш, па по шорц и маичка лабаво да си седнам пред тв, и со грч ладно пиво и сладолед да си изгледам по некоја епизода. Или навечер после полноќ кога нема толку многу сообраќај, да се повозам од кај дечко ми назад до дома, градот е колку-толку привлечен, има посебен филинг, живурка дека е лето, ама онака едвај зш сепак е Скопје. Ми фали таа рутина. Сега се задоволувам само со вожњата низ град, од дома до работа и од работа до дома. Повеќе е нервоза, ама јебига, обожавам возење точак.
До кога ќе ни ги убиваат децата во "Клиничка болница - Битола" Втор случај месецов. Го однеле детето да го излечат... Детето со покачен шеќер прима гликоза. Кој не лечи??? Зошто никој не одговара за ова???
Онаа изреката - "Ќе сретнеш многу доктори без диплома и стручност, ама никогаш нема да сретнеш електричар без стручност" највеќе одговара у нашево здравство
И повторно, повторно за тебе. Секако е за тебе. Секогаш е за тебе. Слушам музика за да те пронајдам во неа, читам книги за да те пронајдам во нив, читам објави за да си замислам дека ти си ги пишувала. Не знам дали ти си пишувала некаде каде што барам? Но, знам, сѐ што сакам е ти и те наоѓам во сите форми. Добро е тоа? Не знам. Секако дека човек е кадарен да љуби повеќе пати, јас не верувам дека постои само една љубов и сѐ друго е пролазно. Но, јас мислам, нема да сакам никогаш како што те сакам тебе. Или не сакам никогаш да сакам друга девојка. И засега со таа состојба сум согласен. Навистина, иако не си тука, си тука. И секогаш се насмевнувам. Знам дека тоа што те љубам тебе, значи дека и се љубам себеси. Ти ми ја разбуди повторната фасцинација од тоа да се разговара, да се осознава тоа што не се осознава, да се ужива во текот.
Се стаив на тикток поради една типка, хуморот ептен ми се бендиса. Нејсе, се загледав деновиве разни ствари и пред некој ден налетав на видеово. Ме заинтересира, па го најдов филмот и го изгледав. Супер филмче. Па ми се врати желбата за гледање стари sci fi филмови, па ги изгледав и Dark City и The Thing. Па сеа ме фати мини опсесија за John Carpenter, па планирам да изгледам уште пар негови филмчиња. И така, не било лошо воа тикток.
Еднаш еден кафич ајде напрај хумантирана акција со рок-метал и во 11 часот идат цајкани ја запираат сета забава. Алал да ви е, и то ретко шо се случува во градов и то го убивате.
@MissChievous среќа што го видов твоето мислење за 1883. Сега ќе ја гледам последната епизода, намерно ја одложувам Следно 1923 па Yellowstone. Ако налеташ (или знаеш) слична серија... плис. Или ВСВ. Многу сакам историски, и фикција и нефикција