Предобар серијал, нели? На сите само им зборам да ги гледаат. Добро е што си нашла кај да ги гледаш, видов дека ме праша и се планирав да ти ставам линкови во пораче, ама заборавив. Друга слична серија која е супер е Godless. Ѕирни ја ако можеш.
Ajda Pekkan - Yakar Geçerim - YouTube TAMARA - Nejkes Da Sum Sama (official video) 2011 - YouTube Спотовите многу слични
Ако живееш со твоите во заедница а си 20+ години, можда не плаќаш за кирија и сметки, ама плаќаш со ментално здравје, приватноста како поим е непозната и испрашуван си за се’ и сешто нон стоп! Плус добиваш константно коментари за тоа како треба да го живееш животот и солење памет за ситуации кои не можеш да ги промениш, а сакаш. Додавање сол на рана накратко. Ми се здосади, го чекам денот да пресечам и да си живеам сама.
Дефинитивно ќе ти е една од најдобрите одлуки, иако на почеток ќе ти е многу чудно ако никогаш не си живеела настрана. После 10 месеци живеејќи сама под кирија, сфатив колку ми требало тоа, и сега единствено само со партнер би можела да живеам на долг рок. Не ми се враќа назад, не дека прелошо ми беше, ама ко ќе имаш стекнато свои навики, мир, слобода и независност не ти се фрла тоа во вода. Друго исто така што приметив е дека ми се смена односот со моите на подобро откако живеам сама, мерак ми е еден викенд да си дојдам и да поминам дома со нив. Најверојатно дека не е сеедно кога детето веќе живее настрана и не го гледаш секој ден, друго е. Но дефинитивно мислам дека секој еден треба да поживее сам барем некој период од животот, како тоа што те вади од комфор зона и ти дава храброст ништо друго не можи.
Знам скроз, свесна сум дека ќе ми биди најдобра одлука ама претешко ми е да се одлучам. Друга работа е тоа што не планирам да живеам во друг град, останувам во овај, па одење под кирија само за да живеам сама а сум на 15 мин од нив ќе биди пропратено со драми. Ти нас не нејќиш, ние ти пречиме, па луѓето шо ќе речат итн итн.. Иначе имам искусено како да живееш со цимерки, две години за време на студиите во Скопје живеев така и имам огрооомна носталгија за тој период. Ми се плачи од што ми фали таа слобода и мир. И да напоменам, не дека не ги сакам моите или се ултра лоши, баш напротив. Ама не можам да трпам испрашувања, интроверт сум, ми треба приватност и убо ми е сама, ама тоа е непознато нешто за нив.
Не се јадосувај и не дозволувај никој да ти ја црпи енергијата. Ти единствено треба да живееш така како ти што сакаш, не како некој друг замислил за тебе.
Гледам една емисија и откривам дека Буре Барут како драмски текст од далечната 1995 година доживеал повеќе од 150 светски премиери, стигнал дури до Јапонија. Тоа е податок кој ја пишува историјата на македонската/југословенската драма. А колку луѓе воопшто поим си немаат кој е човекот кој го напишал овој драмски текст.
Сакам да кажам дека кога се води дискусија фер е нели да се бришат навреди. Кога нема навреди и е само офтопик, нема смисла, значи воопшто, да избришиш се сем последното пишано. Нема контекст. Нема цел. Отворено фаворизирање е.
Не знам дали периодот ми е таков, нешто се ме стрефуваат серии, музики, книги. Онака, баш ме гаѓаат. Пример, деновиве ја читав "Flowers For Algernon" каде еден ретардиран човек после медицински експеримент станува екстра интелигентен и сфаќа низ какви сè гомненици поминувал кога бил глуп и луѓето го газеле во секоја прилика; некако ептен ме растажи приказната. И воедно ме натера дополнително да дојдам до заклучокот дека секогаш треба да си претпазлив со луѓето затоа што не знаеш низ што поминуваат. Општ хуман однос треба да се има со секого. И исто така, родителите кои се изживуваат врз своите деца и ги отфраат ко да се партал за во канта, треба страшно да патат барем задњите 10ина години од нивните скапани мизерни животи. Дека бегам од реалноста со книги, серии, филмови и сл., бегам. Ама: Исто, многу ме погоди "Fleishman is in trouble". Малце као да се депримирав, но некои нешта во животот појасни ми станаа. Се мотивирав похрабро да се погледнам и да си ги разберам сопствените чувства. Како сакаш врти, сепак секој живее во свој свет, заглавен во посебен балон. Секој е сам со себе секогаш. Сè друго е илузија. Се поврзуваме едни со други само на моменти, толку. А помеѓу тие моменти, сами сме. Во нашите кревки балончиња во нашите мали светови.
Океј е да се чувстуваш осамено кога си сам, ама не е океј да се чуствуваш осамено кога си меѓу дваесет души
Ако видите дека некој си кулира на клупа: 1. Не седнувајте 2. Ако седнувате, прашајте дали е слободно и не ги малтретирајте затекнатите со вашето гласно смеење. Да си дете на професорка и да си некултура во движење е жалосно.
Во цел свет, па и во една Србија, за јавните личности се и сешто се пишува и никој не го погодува тоа, само нашиве ни мили јавни фаци увек се увреѓени, увек драмат Wow за нивниот инфлуенс, wow што се моќни таму на некојси форум да затворат тема по вторпат
Мјф е под клуч, и под знак прашалник е темата за натаму А не така многу скоро, имаше "опомени" на стори од знаеш кој