Тоа ти е скупштина на квачки. Сори, нат сори. 50 пати до сега ме аднаа во мајката група и ќерките групи, дур не почнав да ги блокирам. Толку глупоќа на едно место рак на мозок ќе ми предизвика.
И јас сум во една од нив Ама единствено имам прашувано препорака за специјалисти или каде нешто специфично да најдам да купам. **** Инаку во подетални крвни слики и параметрите што укажуваат на корелации ги има. Баш скоро видов една стави таква и пак прашуваше.
Секој специјалист си гледа "своето" ако е х ова, а у она, тогаш z треба да е... итн Како ги издржуваш жити мајка
Епа кога сите сакаат да одат у Њемачка, да станат програмери, инфлуенсери, пеачи, глумци, тогаш не треба никој да се чуди зошто нема кој да згрижи и да воспитува деца од улица. Очекуваме некој друг да биде вечито одговорен за ситуации кои зависат од нас како колектив. Сакаме да уживаме права на колектив, ама да немаме никаква индивидуална одговорност и да не придонесуваме за истиот тој колектив од кој многу очекуваме да нѝ даде. Не знам кај го има тоа.
Не сум човек што верува во сонови, ама во последно време многу често сонувам кловнови. Вчера вечерта сонував дека еден костумосан во шаренило со црвен нос ме бркаше низ дома со врап од Ројал. Сакаше да ме нахрани, ама јас сум на диета, а освен тоа преферирам само бурито од Ла Пуерта. Што ли сака да ми каже потсвеста?
Најверојатно, денес се најадов убаво и се надевам ќе ме остават на мир кловновите...фобија ќе створам ако ги видам пак
Не ми се случува прв пат, и еве, уште еднаш сум за*бан затоа што верувам во искреност и чесност кај луѓето и не наплаќам пред време. За одлична работа што му ја завршив во најбрз рок, без никаков проблем, да се влечам со недели за да си наплатам. И, што? Сега ќе се молиме... А, не се работи за парите, големите пари, и така се ситница, туку за потрошеното време ми е криво... Од друга страна пак, на еден човек кој имаше хитен проблем, му го завршив, што мене ми одзема помалку од пола час, ништо. Не сакав да му наплатам, иако инсистираше. Потоа, со човекот вклучивме соработка за проект кој ми донесе 4 цифрена сума. Викаат, доброто, секогаш ќе ти се врати со добро. Кога, и од каде, никогаш не се знае. Универзумот работи на чуден начин.
Историски ден во САД. Доналд Трамп е обвинет со 30 обвиненија за business fraud. Ова е првиот претседател што некогаш е обвинет во Америка.
Пред викендашка мотивација: Се борам против сопствените грди мисли ко некој друг да ми ги кажува, а не ко мојот мозок да ги создава. Буквално сум као: "Ај заќути, кој к ти е, шшшшш, не замарај сеа, ЗАТНИ СЕ!". Да не урочам, сеа за сеа победувам.