Извини грешка беше, сакав да пишам 99.9999999999999999999999999999999999999999999999999999999999999999999% се вообразени кретени кои А) Ти кажуваат нешто најосновно, како на пример ти треба помош со делење и тие таму ти мозгаат и се паметат дека 2+2=4 Б) Дури и кога знаеш да што да правиш само ти даваат ,,совети" И ако се сметаш дека си тој 0.000......1%, не си во право. Се гледа и по постот. Мислам, САМО ЗАТОА ШТО ГИ ПОСЛУШАЛЕ??? ШТО, ПА ДА НЕ СИ И ОДЕЛА НАМЕСТО НИВ??? Не, мене со години ми да даваат совети и секогаш кога сум ги следела што ми донеле? Ептен ниска самодоверба и голема самокритичност, затоа што цело време ме осудуваа и нивните таканаречени совети беа чисто ѓубре, или и да беа нешто не ми го ни објаснуваа и ми се лутеа и ако мрднам со погрешниот прст. И денес тоа конечно се поправи, 4 години трпев, за сега да видат. Е да, најпрвин сум срамежлива, потоа малку чукната, па многу чукната, ама кога ќе се налутам (СТВАРНО ќе се налутам, како од многу години што сум го собирала бесот) подобро бегајте. Сериозна сум. Нема веќе извини бла бла, е сега да ја видиш вистинската јас. И да ти кажам вака, тие другите кои не ги послушале, 80% се попаметни од тие што го даваат советот. И искрено, малку поработи си на твојот карактер
Ама и да ме навредиш, кој ми е крив што паметувам, или како и да изгледа... Инаку постот беше обична забелешка напишана врз основа на посматрање само....никако не сум вмешана, нити сум дала волшебен совет,ниту нечиј туѓ мене ме обележил.... Но, имам неколку примери на луѓе кои биле слаб потенцијал, па успеале максимум да извлечат... Право да ти кажам,ме фасцинираат,па споделив..
Ок, само ти кажувам затоа што денеска како што реков конечно им вратив на тие што ме нервираа многу долго и некако уште ми се расправа И навистина помислив дека си ти таа што го дава советот па тоа уште повеќе ме возбуди Ништо лично у секој случај, и се надевам нема да ги сретнеш оние кои ти даваат совети дури и да имаш 100 години искуство а тие 0
Почнав да работам нешто што досега не сум го правела. Камо среќа да ми текнеше во 2019 година. Дали ќе ми донесе бенефит или не, времето ќе покаже. Ако не ми донесе пари, ќе ми донесе искуство плус. Информацијата не ја споделив скоро со никој, затоа што од искуство знам дека луѓето се користољубиви и живеат за да купат знаење, информација, совет од некого, а никогаш истото не го споделуваат со другите. Го затворам тоа поглавје кога бев Мајка Тереза. Не сум себична, само сум затворена.
Се вратив на форумов и од досада ги превртев сите теми и прочитав се што имав пропуштено Ми фалеше форумов и дружбата од тука
Кратко и јасно мислам, сакам да кажам секој своето си го плаќа https://www.instagram.com/reel/Cqe5ueUgWc8/
Добар ден. Од денес официјално не им верувам на временските прогнози. Пишуваше дека овој период ќе има сонце,и температури до 15-16 степени.Почна да се наоблачува,мислев дека е привремено,и сега истура дожд. Штета за дечињата што се маскираа,и нивните родители што сакаа да ги одведат на плоштад за денес.
Епа,тоа е. Нашата област баш на средина се наоѓа,помеѓу планина и зарамнето земјиште и постојано е променливо.
Ех како вчера да беше бебе кое личи на компир , а веќе денес е голем дечко , уште малку тинејџер .. Колку брзо лета времето . Благодариме дада Црноока од се ! Се најубаво да се враќа !
Ти си небитна ја сум небитен, егото сме го изградиле како резултат на сплет од околности и ситуации, имаме високо мислење за нас пошто се совпаѓаме у идеалите у кои веруваме или родителите веруваат или општеството верува или твојот дечко верува или комшиката или професорот (а кој кажа дека се у право??) и сите они ќе умрат и ние ќе умреме а со нас ќе умрат и сите сеќавања, и сфаќаш дека секоја грижа и повреда на егото е банална и ако гледаш од таа дистанца ќе се смееш колку е глупо да се нервираш.
1. @Bezimenka90 не те убедваше со Лајонес или Орифлејм каталог за било шо. Само кажа некои поими шо искрено еве ни јас не ги разликував дур не прочитав. Ама Вајлд хакната да не си, едно време беше за дискусија и аргументирано формирање мислења? 2. Туку со друга "мака" отворив СДК. Многу сум среќна дека децата шо се избегани се најдени. Ама крајно се осеќам uneasy дека се вратени на семејствата одма. Ако детето е избегано чим се најди, шо е приоритет, треба да се испита ЗОШТО избега to begin with. Пошто замисли то да бега и да не можи да бара помош, и ние упорно да го враќаме во истата средина од која бега не земајќи во предвид какво ќе биди неговата психичка и физичка благосостојба. Шо ако има насилство и се плаши да кажи па бега? Ова е нешто шо мора убо да се испита и соодветно да се реагира, а не само да биди: "лол ете то го детето, на" без земање во обзир зошто дошло до бегање. 3. Од ко извајв ова од патот. Јас не јадам многу работи. И сметам дека то е моја одговорност и често си обезбедвам сама чак и на настан. Ама кога се инсистира да ми е обезбедено, притоа прашани ми се преференците - очекувам дека ќе бидат сретнати. Од цел Балкан каде сум била последни 3 години, само и само Бугарија е веган френдли. Кога сум таму веќе се осеќам комотно со то шо го купвам дур ни состав да не ѕирнам пред време. Остатокот од Балканот... Веге сендвич. Каснувам. Туна. Од ова шо ми беше речено да не носам сама оброк, отворам, лигњи. Следен ден рижото со октопод. Мислам сфаќам дека за некој е то вау ама секој има преференци и ако не можиш да ги задоволиш - не ги нуди. Генерално како и шо кажав не очекувам некој да се мачи за мене. На сите собири сама си носам јадење. Ама ако ми се инсистира, очекувам барем то шо ќе го кажам како преференца да е испочитувано. Стварно. И морав ова да го извам од мене, ама на следно вакво инсистирање нема поќе да велам вегетаријанец / plant based туку секој поединечен продукт ќе го пишам одделно. Пошто ко ќе речиш: "ама и ова е месо", испаѓа како услуга да ти прај од после дека промена има. А уствари се е кажано пред време. П.С. И пилешко е месо. Shocker.
Дечки, тие што поседувате возила и сте возачи, доколку ги паркирате колите на јавни паркинзи внимавајте на истите зошто деновиве има голем број на кражби на катализатори и други делови од системот за издувни гасови кои истите коштаат преку 700 евра како и останати делови од возилата па и ситници ако оставате внатре како повредни работи итн. Синоќа во Аеродром неколку души оперирале исто и низ цела Македонија има пријави.