Колку разлика во искуство на дете/тинејџер и негов родител од дијаспора. На гости доле. Родителот: Австрија, па тоа не се споредува со ништо,преубав живот се е поубаво од Мк,се е пренајубаво, вие доле тоа немате видено,па на децава школите и професорите да им ги видите,совршенство. Детето/тинејџер(16):Сите Австријци се нацисти,не не сакаат,во школо те дискриминираат и професори и деца ако не си Австриец ама автохтон, деца родени таму со нивни имиња па не ги сакаат,немам друштво,се дружам само со деца на екс ју,зошто нацистиве не множат со 0, немам каде да излезам навечер,не е толку безбедно за сама да излегувам,ми фали животот во Мк, другарките, слободното излегување,тука немам никаков социјален живот , живееме во село подалеку од град,многу се радував пред 3 год.кога ми кажаа дека се селиме,Австрија е преубава ама да одиш на екскурзија , а не да живееш во неа и во нејзините сивила. Ние ко што се однесуваат тие никогаш во школо не сме се однесувале. Лоши се и сурови, ладни и неемпатични. И многу распуштени.
Времево е типичен пример за главоболка, ладно, топло, дожд, ветер. Дај нека се стабилизира, сакам сонце, топло, лето, плажа, море.
се осеќам прекрасно коа мислам поише на себеси него на другите, ми е боље. Па не сум ја 911 па 24/7 да сум на располагање.
Едно време ја пратев Бубало, ама почна да ме нервира со форсирањето дека секаде секогаш може да се вежба, а и ми здосадија истите рецепти што ги споделуваше, но тоа нема врска, ми се допаѓа тоа што го зборува во подкастов: Јосиф и Антонио ги почитувам многу, они ми се најреални и најдобри информации споделуваат според мене. Ептен препорачувам да си го изгледате, или ислушате (на Spotify: https://open.spotify.com/episode/2Eul01sOgmEZzHO4Ntr6SY?si=dkQ-h6zeSn6SBYsZJSCuAA&dd=1) муабетов, ништо ново не научив, ама на многу нешта се потсетив и стварно ме мотивираа периодов да се посветам повеќе на тоа што јадам и колку се движам. Одличен разговор!
Ова е малце поново од огно ко се измислил, само ај. Че се занимаваме со глупости сеа и че занемариме на моменталните глупости шо се прат.
Жити се. Кој ви ги продава овие глупи приказни? Ај што ви ги продаваат но со кој памет ги впивате во мозокот
Не е приказна. раскажано искуство од гости дојдени тука на велигденски распуст. Само различното искуство на родителот и детето не го менува фактот дека детето не е среќно таму.
И тоа дете треба да е некој показател и ултимативна вистина? На нив не им се допаѓа. На илјадници други им се допаѓа. Имаат избор. Пакувај куфер и назад во Мкд. Ете јас живеам во странство и фала богу што имаше наши таму да ме спасат инаку се спремаа бубрезите да ми ги извадат тоа сатанистите од Запад
Баш тоа дете е ослободено од калкулации и манипулации за разлика од возрасните. Невино тинејџерско доживување на животот што го има. Возрасните можат филмови да продаваат,децата баш и не кога не се среќни.
Не знам зошто се бараат совети кога не се применуваат. Та овде та сегде. Колку да има да се каже/напише нешто. Некои изгледа навистина не сакаат да си го решат проблемот. Епа носете си го, што да ви речам.
Она кога пријателот ужива со тебе во добар поглед Ништо друго не ме буди и полни со енергија како вакви предобри изгрејсонца.