Сите теми ги имате отворени за комуникација. Користете ги. Со спам впрочем можите само side eyes да добивате од сите и да не ве земат сериозно. Шо се случва. А спам е генерално осуден и вон наши македонски форуми. А е особено icky чувство ко ќе некој не е активен три години и чита сегде (а не пиши) и моментот ко ќе не можи - се активира со спам и се буни. Не е фер кон тие шо душа си остават тука. Сакам да кажам дека после цела недела полека настинвање, конечно настинав. Во викенд. Не ко чоек во Понеделник пример.
Никој не брани никаде комуникација, ама ако спамаш, ќе ти се каже дека спамаш. Или, секако дека ќе те цитираат/конфронтираат, суштински поента на форум е дискусија, не е ама јас така мислам. Ок, мисли си, ама секој секого може и треба да цитира и каже свој став на дадената тема.
Море април, море тешкотијо. Два дена чистев стан и едно деноноќие спремав за трпезата. Дур ја спремав храната ми паднаа дел од кифла и мало парче салама. Се сепнав. Се вратив назад кога полнев 8 години. Имаше многу луѓе, две големи маси со куп јадења и куп столици. Трчкав наоколу и возбудливо чекав гости. Добро, среќно време. Назад во реалноста, покрај радоста и болка во душата. Се сетив на гласовите на баба ми и вујко ми и шегите на тетин ми. Се сетив колку ги сакаа тие јадења и тортата. Се сетив на нивните насмевки кога гледаа колку се радувам на поклоните. Сега седам и среќна и тажна бидејќи полнам 28. Мала трпеза со малку луѓе. Се плашам што и како ќе биде понатаму...
Времево е те жешко те ладно.. да не знаеш што да облечеш, ми фали времето кога имаше 4 годишни времиња и убаво си знаевме, а ова на ништо не личи, уште снег у мају ни фали
Се што си напишала ми е познато, сум минел низ истото и признавам, многу, многу е тешко. Искрено те поддржувам во целите кои ти се зацртани и ти посакувам што побрзо да си ги реализираш. А најтешко им е на оние кои решиле да ја напуштат татковината, и во новата држава да почнат буквално од минус да си го градат својот живот. Што да кажам, ваљда секој човек барем еднаш во животот се нашол пред таква угорница која мора да ја искачи за да продолжи понатаму. И залуден ви е муабетов да си ги мериме маките. Старите рекле: "Секоја планина си има своја тежина". Така да почит и разбирање кон сите. Оти бре луѓе вака зборите? Толку ли сте неискусни или сте наивни? За странецот ти си само обична балканска провинцијалка (извини на изразот, немам лоша намера да те навредам туку само ти одговарам на муабетот) граѓанин од трети ред, балканот за нив е едно од најзапуштените места на светот.ќе нема никаква почит кон тебе. Исто важи и за мажите.
Македонија е една од најлибералните европски земји а Македонците (мажи) едни од најлибералните во Европа. Тоа е моето искуство живеејќи долго време надвор од Мкд. Гледам таа тема сте ја начнале и често се пласираат лажни информации. И тоа најчесто од личности кои немале додир со живеење надвор и додир со други култури. Убав ден.
Прејаки ми се нутриционисти и диететичари кои наводно се залагаат за здравје и здрава исхрана и се најголема поддршка на луѓе со нарушувања во исхраната ама иствремено ругаат на велико луѓе кои малку јадат заради такво нарушување или мораат да јадат малку или преограничено ради здравстен проблем
На тема нутриционисти, вчера ми излегува еден reel од нутриционистка која реагира на режимот на исхрана на Миранда Кер. И воопшто не ми беше јасно зошто индиректно ја исмеваше и се правеше попаметна, кога Миранда изгледа 110% поздраво од неа