Толку многу ми фалиш мамичке...како да беше вчера. Мислев се намалува болката, но не, секој момент ми навираат солзи кога ќе помислам Така деновиве откако не си тука, се разболев за првпат така повеќе. Бев исплашена и збунета, плачев. Бев научена да бдее некој над мене. И сега наеднаш го немам тоа. Ја нема таа љубов. И најмалата болка која е смешна за другиве е најголема кога не си до мене. Да беше ти тука немаше од ништо да се плашам. Знаете што, чувајте си ги родителите, но посебно мајките. Тие се херои за своите деца, тие се жртви, тие се непроценлива љубов. Без нивната љубов сме оставени сами на себе. Нема ништо посилно од нивната љубов. А јас, учам да бидам силна без неа, и морам да научам зашто ќе пропаднам. Знам дека ме гледаш мамичке, нема да се плашам од ништо и ќе бидам најсилна. Те сакам најмногу,најмногу. Ќе живеам до денот кога повторно ќе се сретнеме. Те сакам
Да, каде што 70% од мажите се "Mama says". Отвори во темана за снаи и свекрви, читни некоја страна, после најди форуми од земјите кај што си бил, пробуричкај дали ќе најдеш тема, натрупана со толку проблеми, од живеење сите во 3 соби, невестава има празен стан или спрат кај нејзините, ама овој нејќе да си оди од кај мама. Најлибералните, my ass. А после најди ја темата за семејно насилство и така после прави си споредби, па види.
Едно е кога економската ситуација ти диктира правец на живот а друго е кога устав и закони ти одредуваат правец на живот. Пред устав и закони јас и ти сме исто. Тоа што важи за мене важи и за тебе. Што тоа ти е скратено во Македонија како ЖЕНА (не како граѓанин) а на друго место ти го даваат? Ништо. Ти како жена во Македонија не си стигматизирана по ниту едно прашање што го доведува твојот квалитет на живот. Ако знаеш како у живот да дојдеш до пари, да си купиш свој стан, да живееш со мачка или 5 мажи во вонбрачна заедница. Никому не му е гајле. Освен можеби на твоите дома. Да ќе те оговараат пар комшии и другарки како и секаде во светот но тоа не ја менува твојата одлука. Ниту некој те затвора 10 години во Идризово. Економијата диктира многу правци на животот меѓу кои и трпење на брачно насилство или живеење на 5 генерации под ист кров. Тоа нема врска со либералност или конзервативност на еден народ туку на чиста економска логика дали тој народ знае да направи успешна држава или не. Очигледно не знаеме. Не значи дека либералното во животот секогаш е нужно добро а конзервативното нужно зло. Како и за се во животот така и за многу работи сме повеќе либерални а за некои повеќе конзервативни. И што е либерално или конзервативно е многу субјективна категоризација и варира не само од држава до држава туку од градче до градче. Мое лично искуство е дека Македонците мажи се едни од најлибералните во Европа по многу прашања. Па и во светот. И тоа не од сега туку последните 100 години е така.
Знаеш што ни е скратено? Во Швајцарија жена со 3 деца зема минимум 600 фр месечно, кога ќе се роди 3тото зима 3000 еур еднократно. Во секоја држава во Европа имаш месечен надоместок за секое дете. Во Македонија за 3 деца од 3те подолгото ти го даваат,не па за едно. И не ми почнувај дека тоа е од економски аспект на државата, зошто чим во време на Грујо имаше да даваат по 8000 ден секој месец дур третото стане полнолетно, има и сега, ама не им чини, помалку ќе има за тие во влада. Друго од што сме скратени? Од здрав воздух, позагаден од овде, нигде не е воздухот (ова општо и жени и мажи). Од правда и закон сме скратени. Од безбездност на улица, што од мајмуни позади волан, што од исчезнување на луѓе на сред бел ден. И се така, до утре можам да ти набројувам. И како семејно насилство нема врска со либералност бе? Како има врска со економската ситуација? Просветли не
Јас не знам како е да си жена во Австралија, пример, ама знам како е да си жена во Македонија. На легитимен проблем кај што изнесуваш легитимен став ти одговараат - ама не си ебена, а? Другарка ми бремена ја отпуштија. Другата другарка по враќање од трудничко - многу боледувања ќе земала. 90% од жените кои ги познавам (па и на форумов!) домаќинството е нивна обврска, мажите "помагаат" Се' уште збориме за курви и ороспии, секогаш се жени. Џабе ми е сите закони, ако маж (кој било) очекува од мене да се вклопам во традиционална улога, да му изигравам слугинка, за било која каже дека е курва, да ми изиграва "глава" на домот. Знаеш, сама живеам и се' можам сама, пред некој да се јави со мењање сијалици и уље во кола - се' правам сама шефе. И сијалици мењам, и мебел преместувам, и уље проверувам, и пита месам, и мебел склапам, и сарма виткам, и перам, и чистам. Не ми треба маж за ништо од ова. Ама ако сум со некој, да, се' ова мора да прави. Мајка на дете можам да бидам, не на возрасен маж.
@CameliaMiller Штета да си немажена, пропушташ единствена либерална прилика после работа да миеш нозе и переш гаќи, сега со акциска цена омекнувач + гратис свекрва над глава Ама ти си знаеш
Бев во 15 годишна врска, и иако бившиот не се бунеше, пак требаше ЈАС да му кажам - пушти машина, усисај, измиј садови. Абе ајде. И јас до вчера бев нечие "бебе" и ме тимареа и мајка и татко, па јебига, живеење сам подразбира сам да си мислиш на обврските. Убава работа да чекам мајка ми да ми каже пушти машина ебаго.
@CameliaMiller Amen! Ова ми e како Они имаат "либерални -пушти бригу на весеље-" мозочни клетки, бидејќи прво е мамин син, потоа старателството се очекува да премине во рацете на сопругата. И на крај ќе ти рече "ама зошто се нервираш?"
Тоа има врска со економија и стандард. Ако имаш пари ќе купиш стан или куќа. Ако не ќе живееш во заедница. Крај краева не се мажи. Живеј сама. Не мораш и деца да имаш. Македонецот изградил таква држава каде ти имаш право дали сакаш брак или деца или да живееш во заедница. Не мораш. Швајцарија е една од најбогатите земји во светот. Ние уште се заебаваме со канализација и асфалт. Не споредувај баби и жаби. Се друго нема никаква врска на релација мажи-жени туку дали како народ знаеме да правиме држава или не. Очигледно не. Како е да си жена во Македонија? Што тоа ти го немаш а една жена во другите европски земји го има? Не зборуваме за економски стандард и работнички права. Тоа е социо-економски модел. Зборуваме релација маж и жена, брат и сестра, комшии и така натаму. Се е исто. Нема разлика. Жал ми е за искуствата на твоите другарки али тоа нема врска со либералност или конзервативност туку директор-вработени. Жени директорки и газдарици исто се изживуваат врз работнички. Таков ни е табиет и свест. Сите бараат некој што ќе му робува цел ден а не да плаќа породилно или што ти знам. Тоа е целата поента. Тебе не ти треба маж за ништо затоа што немаш никаква стигматизација или реперкусии за тоа дали си мажена или не, имаш или немаш деца. Никому не му е гајле. Во многу земји не е така.
Едно исто го повторуваш од прееска, ништо конкретно не кажа. Ене ти го, уште е тазе случајот со Пале од Велес. Безброј пати го пријавувала за семејно насилство бившиот партнер полицаец и ништо не се превземало, за да резултира на крај со убиство. Изгледа од сиромаштија ја млател според тебе, а он либерален ептен да ти бил, затоа гние под земја сега. Вакво нешто да се дешава по другиве Евроски држави, прво ќе биде суспендиран, ќе гние во затвор и ако излезе нема да смее да и се доближи. Затоа ти викам влези во темана семејно насилство и види колку либерални мажи има. Нема врска тоа со економија. Едит: Иначе ти дадов пример дека во време на Грујо се имаше пари за 3то дете, 8000 не се за потценување. А друг дојде и ги скрати. Значи според тебе до пред 4 години бевме ко Швајцарија, а сега нема услови. Аха важи. Како шо има за оние во фотеља преку 100000 ден секој месец, може да има помош ко на пример за самохрани мајки. Ама нема
@Monofonik не ми кажувај прикаски, не сум дебил. Дај ми кратки примери, како тоа македонските мажи се либерални? Едино шо се сексуално либерални оти на раат можат педери да бидат и да ебат транџи и животни по јавни куќи, оти никој не ги знае..
Не е тој, жена е, се гледа колку си информиран шо се дешава во државава,ќе си кажувал колку биле мажите либерални.
Легендата вика дека и на странски форум имало тема- зошто мажот не ја пушта жената да работи. Сдк-3 дена ќе ме нема на форумов, и веќе добивам вајб ко на скопски плоштад 2010- мрачно и страшно место