Па тоа затоа шо е прав муж и татко, работи со земја, знае шо е лопата и копач, за децата да му имаат подобар живот продонел, нема време да продава муда за бубрези, живот му се дешава...
Интересно ми е кога им го читам булшитов, едниот дедо умрен е пред да се родам, ама другиот беше жив до мои 16 години. Не копаше нива, ама бидејќи баба ми уште работеше, а тој пензионер, кај нив не беше чудно тој да направи ручек, да ме чува (единствена внука бев тогаш), се подразбира чување од ручек, до садови ќе измие, до мене ќе ме анимира (ќе читаме, или крстозборки решававме), или ќе ме однесе некаде. Кога мајка ми и вујко ми биле деца, баба ми повеќе од еднаш патувала низ и надвор од Југославија, тој ги чувал нив. Не мајка му, не сестра му, тој лично. И денес кога ќе прочитам вакви неандерталски мислења се прашувам наназад генерациски што створови воспитувале деца, за во 2023 маж да се јави и да каже дека се' сме исти и еднакви. Абе џабе на хартија сме исти, кога уште пишуваат/кажуваат "сама си го барала".
ММм, ко ќе ми текне какви џигери и кременадли ми спремал татко ми, еден живот давам за таков ручек, наместо боранијата од мајка ми. И кременадлите од баба ми врска немаа. Животе, ни бурек ни месо
Човек и очи да му дадеш на слеп да прогледа, ако не сака, слеп ќе си остане. Јас примерот погоре што ти го дадов упорно го игнорираш, а е баш тоа што го бараш. Не верувам дека Швеѓанка на еден куп пријави ќе мора да си го заколи мажот за да се спаси од него. И одлучи за шо сакаш да збориш. Дали мажите во Македонија се едни од најлибералните во светов, зошто ја пуштаат жената на кафе кај комшиката или што ние како жени имаме помалку од тие во Шведска. Зошто убави примери ти дадоа, ама тебе не ти се опипливи и ќе си тераш празни муабети до утре, само за да излезе по твое. По Грчец, Арнакија, Велешта, Дебар итн татковците и браќата уште им бираат мажи на своите ќерки/сестри, без право на избор од нејзина страна. (Се извинувам на исклучоците) Или па и кај нашиве го има тоа, "си се омажила, не се враќај во куќава, на брат ти е".
Ајде уште некој ден да набилда пораки, па ќе си оди да трачари на раат у темана. Таман да не поштеди од мудростиве.
Женети мажи на Фемина - рандом форум каде што со кафе во рака тепаат време во трета смена за да не заспијат па да направат беља на работно место. Плус вака побрзо минува времето. Жени на Фемина - 20.000 жестоки мислења, чиниш општеството ќе го оправат тука преку форумов. Чиниш, ќе променат нечие мислење преку форум. Закани со банирање од форумов, чиниш ќе ми одземат социјален живот. Сумирано: Пристапот на мажите кон форуми Vs. пристапот на жените кон форуми. THAT SAYS IT ALL
Или пак твоите те испуштиле од раце На темава не се билдаат мислења. Па тука сум најактивен, сеа ти види али со оглед на тоа што јас сам ве дигнав на нозе пола форум, изгледа држи вода онаа старата " позади добриот коњ, голема прашина се крева."
Од социјални мрежи, меѓу кои и форумов се отвори предмет јавна соба и креаторите сеа се во затвор. Жени како нас го смениле општеството, посебно тие што излегуваат по протести. Нема ништо помоќно од група на изнервирани жени, па сеа ти види.
Да, на мој подалечен братучет со стројници му донесоа жена, мирно, повлечено девојче бараа, да не била растурикуќа (читај невина да е). Другарка Албанка (за среќа, среќен крај имаше), за да може да се ожени брат и помал од неа, брзаа да ја омажат, она на факс, татко и и договара вечерта да дојдат да ја бараат, среќа дечко и беше сериозен во врска со неа (криеа дека се заедно) па кога му кажа што планираат, се појави пред татко и попладнето и му кажа дека они се заедно, па договорија веридба. Имам другарка одкога се омажи, што само Вибер смее да има, маж и и го контролира, он си излегува со другари на кафе, она дома дете чува. Да, може либерални се маживе, кај сакаат си одат. Секоја 3та што ја знам има некакви ограничувања од маж и, овој тука ќе ми обесуе опипливо нешто не сме кажале.
И оние од Твитер мислеа дека го мењаат општеството па на крај сфатија дека уствари мишто не направиле. И они од протестите мислеа дека ќе променат нешто на подобро па ги начукаа во затвори. Во оваа држава ништо не можеш да промениш. Затоа и се иселија преку 600.000 македонци.
@RainBow те молам банирај го @Gornn Цела недела читаме глупости од него И мислам дека не е океј на ЖЕНСКИ форум, да дое МАЖ и да вреѓа жени. Треба да иаме едно е***о место само за нас, кај шо ќе си бидеме тоа шо сме-жени и без да нѐ вреѓа и деградира некој сељак. Ова на ништо не личи
тоа на јавна соба беше класично кривично дело. Додека се друго е само муабет пре коперација. И оние од Твитер мислеа дека го мењаат општеството па на крај сфатија дека уствари ништо не направиле. И они од протестите мислеа дека ќе променат нешто на подобро па ги начукаа во затвори. Во оваа држава ништо не можеш да промениш. Затоа и се иселија преку 600.000 македонци. Бреееј, кој е сега шовинист? Кој сега вреѓа?
Еве ја пак таа. Да се банираше за глупости кај ќе беше крајот. Нек седи, гледајте и учете какви мажи живеат околу вас и од какви да бегате подалеку .
Точно дека македонците се далеку од либерални но кој бил на одредено време надвор од земјава и имал секојдневен контакт со различни националности сигурно видел и знае каков примитивизам знае да искочи од најелитните европски држави (В.Британија, Франција, Италија, посебно овие три..) а за Азија, Африка да не правам муабет.
На форумов фали да се воведе опција да реагираш на нечие мислење. Значи да се смееш, да лајкнеш и уш нешто, слично како на фб. А не вака.