Денеска една '' колешка'' ме прашува каде работи мајка ти, нешто зборувавме за работа... И реков, чистачка е, еден поглед како исмејување, па ок не си ни ти некоја кралица, само што ние работиме за 18 000 едвај а таа во приватна фирма како чистачка зема и до 30.000 ден. Зашто сме толку заостанат народ? Никогаш не ми е јасно, зашто се понижуваат професии, работа е работа, сигурно не е подобро да седиш дома и од маж да чекаш, не знам како е правилно.
A so ako e cistacka,porano toa otkolku da raboti necesni raboti,ic da ne ti e gajle za liceto so go naprajla taa nema ic vo glavata,covek se ceni zaradi toa so e ,ne zaradi toa so go raboti,bidi gorda so majkati sekogas,poz
„треспаса“ ова го прочитав како збор на македонски форум треспаса!! не е за пасење трева.. треспаса... треспаса... треслеле
Да, мене ме прочита. И навистина не го знам и не можам да се сетам на нашиот збор. Ако не ти е проблем, кажи ми го да го научам. Благодарам
Не знам чие мислење прочитав инаку немам проблем да цитирам, само го прочитав како цитирано и ми се стемни, не ни продолжив да читам... Престап, незаконско влегување во туѓ имот. Тоа би бил соодветен превод. И мене не ми текнува само на еден збор, нека се надоврзи некој ако знае посоодветен
Е добро, неколку пати и јас кажав непокането влегување. За да скратам на збор кажав треспас сметајќи дека сите знаат за што зборувам. Јас барем не знам точен превод на конкретниот збор.
@CameliaMiller Мислам кај нас немаме еден конкретен збор за тоа. Но, може да се каже незаконско влегување на туѓ имот, влегување без дозвола, пречекорување на границите на туѓа територија. Гугл го преведува како прекршување, но така не се дефинира какво прекршување е. Мислам, треспас напишано во неформална дискусија како тука одма се сфаќа, ем пократко, барем мое лично мислење. Или пак и престап е океј
Да и тоа е добар превод. Не знам, не читав претходно. Од тоа мислење почнав Не дека и јас не користам такви зборови и англицизми (за жал) ама ова така се потресов на трева пасење, овци пасење ми текна Ништо лично инаку Македонски форум. Да користиме македонски јазик, барем колку можеме. Иако веќе си пишав погоре дека и јас користам англицизми, не дека не ама се обидувам да ги сведам на минимум
@NoirSerpentine Се согласувам, ама ете некогаш се брза во дискусија, а на врвот на јазикот ни е зборот, па не е страшно ако се напише на англиски за да си ја долови поентата.
Пред некое време пишав баш за ова слично. Колку бев исмевана и сум се срамела. Уживај и не се замарај
И јас сум за тоа да користиме македонски јазик и прилично се трудам да сум точна, некогаш не ми текнува соодветен збор и знам да напишам англицизам. Некогаш намерно се зезам, ама тоа е очигледно. Си го сакам јазикот многу, на форумов се трудам да не терам ептен на скопски на пример, ама се случува. Некогаш немам ни нерви да се сетам на зборот што ми треба, а конкретниов нема ни најсоодветен превод. @Gosh може да биде упад, меѓутоа trespass најбуквално значи "да влезеш на нечиј имот без дозвола". Упад повеќе е како намерно, смислено со некаква цел, додека треспас може да е и најобично да се прошеташ. Немаме баш најсоодветен превод.
Да, упад кај нас во речникот повеќе се дефинира во насилна нота. Односно, насилно влегување или насилен прекин на нечија работа, говор итн.
Можност за во блиска иднина да ми се оствари сонот. Ми треба сета среќа на светов како никогаш досега.