Денот кога ќе побарам надворешно одобрување или валидација е денот кога ќе си ги компромитирам принципите и чесноста. Не затоа што имам големо его или сум самобендисана, не затоа што мислам дека се' знам или дека сум подобра од некого. Туку затоа што постојано, 24/7, работам на себе си, работам да бидам подобра личност со повеќе позитивни особини и размислувања. Затоа што ми е високо развиена самосвесноста. Затоа што знам дека не сум совршена и дека никогаш нема да бидам, и дека тоа е сосема океј, бидејќи не ми е целта да бидам совршена. Затоа што знам дека не сум подобра од многу, и дека и тоа исто така е сосема океј, бидејќи ми е битно само да бидам подобра од самата себе. И затоа што знам и дека СУМ всушност многу подобра од многу други луѓе, и дека и тоа исто така е сосема океј, бидејќи нема потреба да се смалувам само за да некому не му биде незгодно. Свесна сум дека имам многу нешта за менување и подобрување, но и свесна сум дека многу се имам сменето и подобрено. Бидејќи имам работено и вложувано. Се ценам и вреднувам, бидејќи има еден куп валидни причини за тоа. А кога другата личност е видно несвесна, не се замара ни да се запраша која е и која сака да биде, поминува низ денот ради реда без да помисли како се однесува затоа што не и' е важно како се однесува, само и' е важно да се однесува како што ќе и' годи во моментот и да ги задоволи само нејзините лични потреби и желби, и притоа ќе мудрува наоколу како треба другите да се однесуваат и ќе те убедува колку многу грешиш во животот и колку глупа личност си ти; тогаш не ми е важно мислењето од таа личност. Ако, нека бидам глупа. Во нејзините очи. Јас знам дека не сум глупа. Не ми треба одобрување дали моите постапки се паметни или несебични или коректни. Знам кога се и кога не се. А кога знам дека не се, работам да дознаам зошто сум дозволила да не се и како да не ги повторам во иднина. Не кревам раменици правдајќи се "таква сум каква што сум!". ¯\_(ツ)_/¯ Бидејќи тоа за мене е газење врз сопствените принципи и самонепочитување. Не се откажувам од самата себе и нема да дозволам да бидам било која. Не ми треба валидација дали сум мудра или способна или вредна. Знам дека сум.
Сте биле ли некогаш во ситуација кога имате дома гости и ви доаѓа место тие уствари вие да се поздравите и да си заминете од дома? Јас да.
Да СДК @MissChievous нема ништо поубаво од работа на себе. Најголема грешка во животот ми беше што си дозволив да се "затупам", тешко си го простувам тоа. Свечено си ветив себеси пред неколку месеци - веќе нема застанување. Никогаш, додека постојам. Едно од најубавите работи кои сум ги искусила како возрасна, е секоја новонаучена работа. И не мислам на образовна
Дефинитивно! Кога работиш на себе, се запознаваш, се поврзуваш длабоко и интимно сам со себе, сфаќаш што сакаш, што не сакаш, гледаш слабости, гледаш јачина, рефлектираш, менуваш, зацврстуваш... сето тоа за да имаш позитивни принципи, цврста самодоверба и јака психа за да не може некој туку така да ти се избаци и да те изгази. Сам си правиш само добро кога работиш на себе, тоа не го сфаќаат мрзливите, недисциплинирани, незаинтересирани особи што не сакаат да си ја нарушат удобноста. Не сфаќаат дека моќта е токму тука!
Дојдов да си ја олеснам душата на форум оти морам во пишана форма да кажам што ме мачи иначе ке ми пукне глвата. Пред месец дена се пружи можност не викаат мене и маж ми на работа во Швајцарија ( не поканија негови роднини плус брат му од маж ми е во Швајцарија заминат од минатата година оти он се разочара од Германија и му скурчи и се пресели во Швајцарија. И сега она што мене ми ја пука главата се моите родители - НА ДУШМАН НЕ МУ ПОСАКУВАМ ДА ИМА МАЈКА И ТАТКО КАКО МОИТЕ ----- ИДИОТИ, НЕГАТИВЦИ ПРВА КЛАСА !!!! Јас: Размислуваме со маж ми да се селиме во друга држава , не мора веднаш, ете нека биде до крајот на годината Моиве: Кај ке одите ? Што и фали на Германија ? Јас: Швајцарија Моиве: Дали сте нормални и двајцата ? Кој ве има натерано за да смените планови ? Ти будала ли си да напушташ убава работа , двајцата сте средени , дали сте ретардирани за да почнувате скроз од почеток во друга држава ? Јас : А што толку имате против тоа селење , плус не одиме на Марс, пак сме тука у Европа. Моиве : Ама ке се разболете бре будали ојјјј, скапа е Швајцарија, не дај боже да ви притреба доктор, сите пари ќе си ги потрошете ( муабетот за Швајцарија го имам спомнато во друга тема, каде имам објаснато колку ЛАЈНА јадел чичо ми, брат на татко ми , они живеат во Швајцарија и зборат дека животот бил многу тешкоооооо, подалеку од таа проклета држава, седите си Германија, а возат и мажот и жената скапи автомобили над 50 000 евра од кола, плус децата им се школувани во Швајцарија и сите живеат во различни градови) Јас: Што сакате зборите , ние сме во план да се проба таа варијанта, па не сум закована за Германија , штом се пружи шанса сакаме да пробаме. Моиве : Само ве лажат , седете си Германија, ете сестра ти фамилијарно се таму, ќе си одете на гости за празници , се научивте на животот таму. Јас: Ама нема вие мене што да ме притискате , АКО Е ТОЛКУ МИЗЕРИЈА У ШВАЈЦРИЈА, ОТИ НЕ ИМ РЕЧИШ НА НАШИТЕ РОДНИНИ НЕКА СЕ ВРАТАТ НАЗАД У. МАКЕДОНИЈА !!!! Моиве : Не се мерете вие со нив , они се таму од многу одамна , а вие тек треба почеток , многу ќе ви биде тешко. ............. Има уште од муабетот и пред 2 недели дојде татко ми на гости во Германија да го почува детето на сестра ми , па моментално е на 1 недела гости тука кај нас --- додека пишувам сум сама, му реков на маж ми излезете со колата , прошетај го оти уште од сабајле на нерва ми иде Додека доручкувавме пак се спомна муабет Швајцарија и татко ми наместо поддршка он само јадење ЛАЈНА : сигурен сум дека повеќе од 3 месеци нема да издржете во Швајцарија оти животот таму е тежок. Јас : ај излезете со маж ми прошетајте до надвор !!!! Значи ејјјј, РОДИТЕЛИ,,,,,,,,Наместо поддршка, разбирање, утешни зборови , со позитивна мисла , они НЕГАТИВНИ , ЗЛОБНИИИИ Многу сум разбочарана. Многу , уфффф преку куров ми Алал да ви е на сите што имате добри родители кои се на ваша страна , за жал јас цел мој живот само критики слушам од моиве. на секакви теми, ма да не отворам уста за темата оти не сум сакала да имам деца , ауууу ке ми се качи притисокот. Да си ставам сега кафе да се напијам на раат оти главата ми чури. Уффффф
До лани превртував очи кога ќе видев слики од јајцата на стори. Секое стори е со како испаднале. Годинава не само што не ме нервира, саглам ги загледувам за да се инспирирам. Ова ли е тоа што го викаат староС?
Нешто најмерак ми е кога ќе видам богати луѓе со совршен моден вкус. Милина за гледање, рај за очите ми се
Скопје и границите за излез од Македонија денеска. Возење од Центар до Карпош 50 минути, тргни застани, мислиш апокалипса се спрема и сите бегаат.
Ќор административец нема во Скопје на работно место, уште на шалтер ти кажуваат како да е најнормален неработен ден денес, не дај Боже нешто да ти притреба до 24ти април од некоја институција. До 24ти април имале сите споено еј, државава е до 24ти застаната во место. Жална државичка.
Не знаат да дадат поддршка, разбирање и они не знаат подобро од тоа, не се лути. Прости им да ти е полесно тебе
Ми треба некој, да лудувам од јутра до сутра во клубови, да дремам во паркови со лименка пиво и сончоглед до зори, да се будам мамурна и да појадувам најевтини нудли... Да биде до мене и во добро и во зло, и во луксуз и во дно... Ми треба, како порано... Ми треба некој да си се вратам во нормала, старата ја. Полна ентузијазам и енергија. А не вака, како пензионер по 12 саати в кревет... Ми треба, ми треба...