Пред неколку години кружеше едно видео на јутуб снимено од безбедносна камера на куќа. На камерата се гледа како во дворот набрзина влегува некоја жена и панично тропа и ѕвони на вратата. Па кружи околу куќата и се слуша како тропа и вика гласно по домаќините. Причината? Рано сабајле било, ми се чини некаде 7 саат. Жената што тропа и вика им била комшика и кога станала сабајлето видела чад од куќата, а домаќиниве ги немало низ двор. Одма отрчува, тропа да ги разбуди и повикува пожарна. Овие биле дома ама спиеле. За пуна среќа, од тропањето еден од нив се буди, ги буди останатите и сите у пижами ги гледаш шпринт низ врата. Не памтам добро ама мислам од некоја печка за греење беше пожарот и среќа се немал проширено пред женава да примети. Сите од фамилијата на крај здрави и живи. Близок пред неколку години додека бил сам во двор, падна и скрши нога. Телефонот за беља не му бил на дофат. Кој му помогнал? Комшија што минувал по улицата. Влегува во заградениот двор и вика брза помош кои нормално влегле во двор и го земале во комбе. Либе дури седел на тераса, комшиката негова што е стара жена случајно паднала и не можела да стане, а била сама дома во моментот. Отишол и ја кренал. Среќа не била повредена. И така некогаш многу се лупаме во гради за некои работи све дур не дојде "скраја да е" ситуација.
Пред да направите некое срање, не си викате ,,абе за ова ли да идам у затвор'' ,,абе може да ме фатат да го наебам''. Или вашиот мал мозок само праи рационализација на делото, за да си се самооправдате дека е океј? Зборам за идиоти као докториве у државава, рекетари итн не ви е страв онака? Не размислувате?
Сиромаштија тешка, едвај крај со крај врзуваме, пари за леб се нема, кромидот скап, ама затоа граничните премини полни.
Жена прашува во ждм дали да продолжи да ги пие таблетите зашто постела а во составот нивен имало говедски желатин и сончогледово масло. Одговорите се - прашај свештеник, иди исповедај се итн. Абе дали сте нормални, мајке ми Здравје ќе ризикувате за таа вера и празник.
Ако не си верник ич немој да коментираш, посебно последната реченица “за таа вера и празник” е скроз невкусна. Биди си атеист или па верувај во шо и да сакаш, твое право, ама ако неќиш никој од страна да ти коментира за изборот шо си го направила, тогаш и ти не давај вакви коментари. Среќни празници и тебе.
Како сакаш кажи ама сосем е глупаво пред здравје да ставаш било што друго (а не е зорт) уште и свештеник да прашала. Нивното не е невкусно, ич. Медицински совети од свештени лица не ни требаат. Вака и меѓу муслиманите се плукаат оти некоја за рамазан не постела, а кутрата во рана бременост или пие лекови.
СДК Не знаев дека The Blacklist и слични серии како оваа ќе ми помогнат мене и на моите пријатели во животот. Последно што ми се случи ме застана полиција, ме одстрани од сообраќај за да ми каже, цитирам: - Господине, ако имаш барем малку поштовање за МВР, контролирај се како возиш. A јас не знам дали да се смеам или да плачам. Он мене зна, ја њега не знам. А порано си мислев, како бре некои факмени фи застанува полиција и му се извинува оти го застанала. Коло срече се окрече . . .
Сите грешиме, но важно е да не ги повторуваме грешките, туку тоа што се случило да остане на еднаш и да си ја научиме лекцијата
Најтежок период во туѓина ми се празниците За жал од кога се преселивме веќе не го осеќам тој дух и возбуденост околу деновиве.
Сдк дека вие цурите коа прашувате за нешто,било што или за цена во инбокс или дм што ве интересира и добиете одговор се вика "Во ред, ви БЛАГОДАРАМ, пријатно,поздрав! Немора да значи тоа дека веќе готово сте закажале термин, туку некој одвоил време за вас да ве услужи да ви врати одговор, ете тоа значи! Не ги разбирам овие шо замараат а оставаат на сеен потоа. Врие од некултура врие!
Искористете ги празнициве и неработните денови да се посветите на себе и на фамилијата. Да имаме средени и чисти мисли и да бидеме одморени.