Од дете си прам сама торта за роденден ама вчера како свекрва седев и само кажвав каква торта сакам дур мајка праеше пошто бев во болки. Така да кој сака чоколадна торта со чоко-пудинг фил со смокви, суви кајсии и урми, нека повели, има за сите. Никогаш во животот не сум се осеќала поспремно да остарам година или да се наречам "жена". Во рани 20ти бев чупе. Не можев да сфатам дека еден ден ќе речам дека сум жена оти ми беше далечно и возрасно и старо. But here we are. Едино болка ми е дека надминав години да сум шугар бејби, па сега морам да сум сама себе шугар мами. Туку кај е членката шо ми рече дека Јупитер "ќе ми влези" на 27 години, пошто не го гледам во транзитите. А памтам еден важен детал околу то иако поминаа години од муабетот at this point. Среќен роденден и именден на синчето исто така. Роден испадна да е на 18ти. Иако јас две години го славев на 11ти. И за да си испрам грешката, како добра мајка (debatable) славам Велики деној од 11-19 Април годинава и секој ден го разгалвам.
Нека и е среќен роденденот на таа што е престара за Леонардо Дикаприо Чувај едно парче од тортата,зашо откако ја видов,ми прави да не постам веќе Да не заборавам,нека му е среќен роденден и на Велика-нај cute маче што некогаш сум го видела Поздрав4е
Во оваа држава ништо не функционира, како да не се доволни скандалите со родилките сега уште еден мега скандал и тоа со Тикток. Значи возрасни лица без свест и памет се снимаат за Тикток, кај мене на работа е забранет Тикток. Значи, немам веќе коментар ќе почнам да не читам затоа што се нервирам.
Епа такво е приватното сакаш работи сакаш не. Посебно онлајн јас секогаш ко ке ме бендиса прашвам за цена ако ми одговара цената пишувам да ми се испрати ако не ништо не пишувам ако те замараат не им враќај
А, пример има и друга страна: Имаш бизнис и имаш преполно сандаче со пораки. Јас ако сум потрошувачот кој прашал нешто - не одговарам затоа што повторно ќе им пречам и ќе им правам непотребно гужва. Ама, задолжително се заблагодарувам однапред уште заедно со прашањето. Тоа е единствената причина ако некогаш не напишам одговор. Не е се' до некултура, напротив, заради осет, иако признавам дека се ретки такви случаи.
https://shilomagazine.com.au/2023/0...acientki/?mibextid=l066kq#lghsuwp97ob50y2dlv7 Стоката на улици, луѓето по штали…
Не мене не ми смета ако прашале, туку напротив,ме нервира фактот тоа што не ми возвратиле почит да кажат едно фала јас затоа се наљутив за момент . Иначе секој си има право да си избере дали према квалитет или према цена зависи како ги гледа работите. И јас пример кога имам потреба за нешто кај друг артист да прашам за цена, морам да кажам фала на крај, бидејќи се осеќам неубаво а незнам зашто така го сочуствувам тоа, дали дека и јас го работам истото па....ни фала ни чао, мани се грдо чуство
Деновиве освен за хибернирање и гледање серии за ништо друго немам енергиј и воља. А ни потреба. Ко издрогирана се осеќам.
Не е такво приватното. Никогаш немало ваква некултура како што се дозволува сега заради тоа што е на интернет. Да не нормализираме некултура.
На онлајн продавници нема ништо поиритирачко од "цена во инбокс" И после немале време да вратат на сите, да ги услужат сите. Па многу нормално ќе немате. Сами си поебувате, што да ви кажам
Да се собереме ние што останавме во Скопје за Велигден и да си се кршиме утре со јајца . Среќни Велигденски празници !
Пак во швајцарските весници 46 годишниот северномакедонец си ја убил жената со нож. Не знам вие во Македонија колку сте свесни но, албанците ни ја имат уништено репутацијата за цел живот. Тука не прават разлика меѓу нас и нив мислат дека сме сите албанци и дури и не знаат дека ние постоиме затоа што тие се многу, многу повеќе и кажуваат дека сме албанска држава. Не бев снесна ни јас додека не дојдов тука, и затоа ми смета многу кога ќе кажат македонците: Па, што вие таму гледајте си за таму. Како да си гледаш кога имаш етикета? И кога ние се делиме на вие и ние нема до никаде да стигнеме.
Христос Воскресе Да сте живи и здрави и за многу години празников. Секогаш со фамилија да го славите во мир и среќа
Социјалните мрежи полни со слики од цркви, храмови, свеќи, јајца велигденски, пораки за мир, спокој итн... А во реалноста се обратно... Жел ми е шо живееме во доба кога среќата ја докажуваме со сториња, цитати и слики... Жал ми е шо сум дел од таа генерација... Како и да е, денес е голем ден, голем празник. Да сте ми среќни и исполнети. Помалку слики и повеќе искрени насмевки, Христос воскресе !