Најпрво да кажам дека не знам која е таа мистериозна членка, иако звучи како интересна личност. Значи не сум и под кожа повторувам и сега не зборам у нејзино име, у мое зборам,ама претпоставувам мислела на Сатурн, не Јупитер, и би требало да ти е влезен веќе Демоне. Како и да е, Среќен роденден и добредојде во клубот 27 на кои што Сатурн им влегол. (и гледам Сатурн си го прави своето веќе)
Неее, Јупитер беше. Памтам дека голем требаше да ми влези. Да не речам со години се спремам да го примам.
Најјак момент ми е овој. Сите 'поштени' девојки што ги знам со свеќи во рака по литургии за Велигден. Претходно сликани со виски . Многу побожни се за празников. А што отишле со три кила шминка и минич тоа не битно. А од маживе момент ми беше еден комшија тежок наркоман на литургија во петок. И така секоја година е. Господе не простувај сите знаат што прават .
Глава ме скина. Ни апче, ни лекови, ни крстена вода, ни басни помагаат. Колку си ги сакам ваквите празници толку и ми се мачни. Аман ми е од бабите со зли очи, шо меркаат од глава до пети и те разлагаат до третиот ден. Шо ѕвезда ќе имав, пу
Не е добро вака да се суди, ти не им ја познаваш душата ни покајанието ни вербата. Последната реченица е ужасно да се помисли, самиот Господ за оние кои му нанесуваа зло не им помисли вакво нешто, напротив, а тебе овие што ти направија за да не сакаш да им се прости? Ако си верник, грижи се за своите грешки и поведение, тоа е праволо број 1. Ако не си верник, пак треба да си гледаш за себе, за подобар квалитет на живот.
Според мене не е во ред да пиеш алкохол и после тоа недолично облечен да идеш во црква. Отиди другиот ден пристојно облечен . А за комшијата што е наркоман го имам гледано како шмрка . И не само тоа и други работи да не набројувам. Дали според тебе е во ред нашмркан да отидеш во црква ? Мене не ми згрешиле ништо али треба да се има малце почит кога се влага во Божји храм.
Има работи за кои помислувам "Верник не треба да го прави ова" ама посакувам да им биде простено и да добијат спасение, не осуда. Самите не сме подобри од оние во кои ќе впериме прст оти во тој момент грешиме. Секој верник паѓа на нешто... никој не е безгрешен. Среќен празник.
Со ова и се сложувам, но поентата на постот беше (осуда на) лажната вера/верници и лицемерие. Се сложувам дека секој заслужува втора шанса, опрост и неосудување, но доколку си ги освести и признае грешките, побара (искрен) опрост (доколку некому згрешил) и покајание и потоа тоа покајание и го живее. Но, да не претеруваме и се лажеме дека живееме во идеален свет каде ова не постои и нема лажни ''верници'' (далеку полоши примери од овие што членката ги спомна) што покајание нити побарале, нити покажале, а едина духовност за која знаат на која и посветиле време заедно со време за духовен (па и личен) развој се тие неколу часа во црква за Велигден и Божиќ, чисто дека сите се таму и колку да ги види народ. Исто и за пораките на фејс, дека сте поставуваат, па да не останат и они покусо нели. Ова(спојлер) нели важи и за нив /општо за лажната вера и верници, што и самиот Исус го осудува. Спојлер: . 1. Тогаш Исус му проповедаше на народот и на учениците Свои, 3. Затоа, сè што ќе ви кажат да пазите, пазете и извршувајте; а според делата нивни не постапувајте, оти тие говорат, а не извршуваат; 4. врзуваат бремиња тешки и мачни за носење и ги клаваат врз плеќите на луѓето, а сами не сакаат ни со прст да ги помрднат; 5. и сите свои дела ги прават, за да ги видат луѓето; ги истакнуваат своите записи од законот и прават големи поли на својата облека; 14. Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, оти ги подјадувате домовите на вдовиците и лицемерно долго се молите; заради тоа ќе добиете поголема осуда. 23. Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, оти давате десеток од нане, копра и кимин, а сте го оставиле најважното во Законот: праведноста, милоста и верата; ова требаше да го правите, а и она да не го оставате. 25. Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто ја чистите чашата и чинијата однадвор, додека внатре тие се полни со грабеж и неправда. 26. Слепи фарисеју, очисти ја чашата и чинијата најнапред внатре, за да бидат чисти и однадвор. 27. Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, оти многу личите на варосани гробови, што однадвор изгледаат убаво, а внатре се полни со мртовечки коски и секаква нечистотија; 28. така и вие, однадвор им се покажувате на луѓето како праведни, а внатре сте полни со лицемерност и беззаконие.
И не е само за пред луѓе, туку стварно мислат дека тоа е доволно за да не бидат казнени од Господ. Може да прават, кажуваат и мислат што сакаат, но сè додека отидат во црква на празник и ги истераат оние најкласичните традиции, тогаш сè е океј, они се верници, прави (во случајов) христијани, сè ќе им биде простено (а немаат капацитет да размислат за постапките, не па ли да осетат покајание и да побараат опростување, всушност не ни сфаќаат што е грев in the first place) и ќе бидат наградени со бесконечен живот во рајот, зошто тоа е the ultimate goal, а не да се биде чесен човек.
Тоа ми беше поентата . Баш кажа како што е . Најверојатно членката не ме сфати па затоа и не и напишав реплика .
Каква врска има колку кила шминка носи женската што била на литургија? Каква врска има што наркоман бил на литургија? Не смеат да веруваат во Бог? Можеби на наркоманот му е почетен чекор за спас од порокот? Каков верник си ти што ги осудуваш другите? Што те прави тебе по различна од нив?
Нашето гајле да го береме, не туѓото. Ви ја сфаќам и вашата поента, ама не сме ние тие што треба да мислат другите што прават. Не е се' црно и бело, може да ги гледаме дека прават нешто грешно, ама што ако нивната душа е подобра од нашата? И ако е всушност полесна од гревови отколку нашата. Не знаеме се', да не се залетуваме да судиме, нема ни потреба. Пак - својот двор гледајте си го. Со осуда самите на себе си наштетувате, нема да ве направи вас совршени ниту подобри што ќе речете за некој каков е.
Форум е ова не ги пишав со име и презиме што ме нападнавте Комшијата веќе 5 години се дрогира далеку од почетен спас А иначе не е дека сум безгрешна како што пишав и погоре форум е ова можам слободно да кажам што мислам
Непопуларно мислење не ти носи популарност ама барем знаеш дека размислуваш критички, а не си воден од толпа или емоции.
Ми имаат кажувано една приказна, ќе пробам да ја доловам поентата иако искрено целосно не се сеќавам на содржината, ни кој ни зошто ја напишал, нека ме поправи некој. Девојка разголена отишла во црква, сите се вртат и ја осудуваат, свештеникот исто така, па дури и ја избркал од црквата. Господ му рекол, шо сè не направив да ја донесам до црква, а ти ја избрка. Јас сум атеист и приказна со овие ликови можи да ми е смешна. Но поентата е одлична, не треба да судиме на никој, посебно не надворешен изглед, бидејќи не знаеме шо носи внатре човекот. Делумно и јас се согласувам со тебе. Туристичко одење по верски објекти, само зато шо е викенд и убаво времето, па 300 слики не те прават верник. Одење во Црква само за Велигден и честитки со јајца и крстови исто. Јас не одам ама ете моите ми кажаа дека за време на цела служба, ѕвонат телефони, разговараат, се смеат, значи не се таму за службата туку да се видат со другарите. Ова истото важи и ако одиш на кино да речиме, оди ако ти се гледа филм, а не оти е премиера па да те видат дека си бил таму. Има лицемери да, ама ако судиме би биле исто така лицемерни. Уствари не знам ни дали се работи за лицемерие, можеби е незнаење. Некој им рекол ти си христијанин и за Велигден се оди во Црква. А од друга страна нема кој да им пренеси, тие шо се задолжени за тоа гледаат само да земат 3000 за крштевка, 3000 за венчавка... Или пример муслиманите, ајде да видиме дали нареден викенд некој од нив ќе се товари да оди кај соседите на викенд или ќе седат дома со семејството.
Многу интересна приказна Единствено од ова можам да забележам е дека религијата е делумно соединување на луѓето. Одат за да се помолат ама таму сретнуваат и многу луѓе, не дека намерно отишле со таа цел. Се' додека не пречат на останатите и сето тоа поздравување го прават во дворовите сепак е нешто добро - се сретнале луѓе што можеби немале друго време како да се сретнат па ова пак потсеќа на приказната - толку време сакал тие луѓе да ги соедини, а некој се буни не знам, така си го разбрав Многу си во право за работите кои ги напиша. И тие што одат на црква не носат марами на главата па не се осудувани од останатите верници. Не знам кој е проблемот да се биде нашминкан. Да, скромност, но токму овие кои коментираат дека така не се одело во црква, одат 3 пати во годината. Најнашминкатана и со најголеми штикли оди секој ден на литургија, ама оваа што коментира дека така не се одело на црква ја гледа само тие 3 пати. А и за ова со парите -