Сдк нит отец гледав, нит од џедаи се разбирам...ама ја сакам Пинат во поштенското сандаче. Ај пиши почесто, да те гласаме за форумџика
Не знам за стрелање, ама дека и во двете има штетност тоа знам. Од гушкањето дрва бар ќе се здобиш со подобри плуќа, ова другово со главоболка најмалце...
Те сакам и јас тебе Биљо! Тешко за форумџика, ме мрзи понекогаш да пишувам, а и дискусииве се знае како ќе завршат кога ќе видам кој се вклучил. Сакам да кажам, не сте ми на ниво.
А дали сте знаеле дека има и Светски натпревар за гушкање дрва? Еве на пример како изгледа тој натпревар во гушкање дрва во креативни пози (во Шкотска) https://www.bbc.com/news/uk-scotland-highlands-islands-62291116 Доколку имате повеќе информации за практикување на оваа прекрасна работа нашироко во светот споделете, секоја нова информација е добредојдена. Во духот на Светскиот ден на планетата Земја (Сабота 22 Април).
Колкава е улогата на мажот во сето тоа “изопачување” на жената? Жената сама е во брак? Каде е разведениот маж во цела приказна? Не смеела жена цигара? Пеце да си гледа алатот! Кој му дал чин на ваков лик? Кој е тој да суди и тоа со статистики колкав број од жените биле разведени? Овој у земјоделска аптека да не работи, смкни ја мантијата Пеце!
Ако г. Петар сака за нешто да прави муабет, нека почне од тоа како денешниот маж е се, освен вистински маж Нека прво си ја обработи таа тема, па да види зошто на модерната жена и е преку глава од се
Незнам што кажал неточно низ светот 50 проценти од браковите завршуваат со развод во над 70 проценти жените се иницијатори на разводите тоа е непобитен факт
Од убаво никој не бега, поради убав и среќен брак никој не се разведува. Значи штом дошло до развод тоа значи дека имало причина. А штом жената е иницијатор за развод, значи дека мажот не чини.
Баш ме интересира твое мислење, зошто ти мислиш дека жените се иницијатори за развод? @INNERBEAUTY да станиш да се поклониш чупе. Или шо би рекол некој, стани "Инер" да те види сала.
Не знам како не сфативте до сега дека жените се криви за се'. Ако е феминистка крива е за распад на бракови ако не е феминистка спонзоруша е и чека на мажот да и' обезбеди се'. Никако не чини со жените едноставно ние мажите сме совршени, така сме родени совршени по цело тело.
Денес вторник, како и по обичај вриеше од пензионери во автобусот со кој што се возам. Гужва до плафон, не можеш да се мрднеш. Кога ете ти од нигде никаде во цела таа гужва влегува една баба со сушара за алишта(оние решеткине за алишта пружање што се). Се и сешто сум видела по автобусиве ама ова... Огромна сушара кај ќе ја ставиш жено? Ништо, нареден пат ќе си земам едно плинско решо со мене да си варам кафенце во автобус, може и некоја палачинка да свртам
https://blog.gitnux.com/reasons-for-divorce-statistics/ Eве една статистика околу причините за распад на браковите од сето набројано семејно насилство е тек на последно место од причините а неверството на трето. Од сите овие причини само неверство и семејно насилство се доволно оправдана причина за развод се останато се решава помеѓу партнерите ама денес не е време кога се решаваат и се гледа да се надминат проблемите во браковите туку е најлесно да се разведеш.
А ти во Америка живееш? Најмногу од разводите се ради свекрвите, според истоимената тема. Врти сучи па жена е крива Феминизмот оган да го изгори, тој од либето ме раздели @Peanut Butter дај бе тоа средството за стрелање, ќе се самозастрелам
Па Америка е некаков архиетип на современо општество кон кое се стремиме нели, сакаме да идеме у ЕУ кај нас балканското маже е проблемот тоа веќе го утврдивме. Епа во Америка нема балкански мажиња сите џентлмени, културни, вистински мажи а пак бројот на разводи повисок и од кај нас шо така
Свету засрами се. Либан живее во 80% сиромаштија и со три милиони жители и прима два милиони бегалци од Сирија, јер јеби га, невоља, комшилук, емпатија, пријателство, почит. А ти свету, немаш место и немаш време и немаш пари јер мора да се гомила богатство за човечко око ненаситно. Ужас.