Место да МОРА кучето што ќе го купите да биде минијатурно, па бело, па беж нели тренд, па со не знам какви очи, па со онакво крзно, па најпопуларна раса - може фино лепо да се отиде во лајка да се вдоми или да се посвои од луѓе што секојдневно прибираат напуштени миленици и очајно им бараат домови. Ај тоа прво, друго што сакав да кажам, не може кога шетате со кучето да го шутирате уличното што само ви се нашло околу вас. Ако више така се понашате со џукели, сте можеле и плишана играчка да си земете и да ја ставите на поводник зашто очигледно за украс ви е животното.
Не обвинувајте го народот за случајот со таквите како Антонија. Едноставно луѓето се презаситени од нејзиниот стомак. Ко само таа да била трудна на овој свет. Стварно не ми е јасно која е поентата со сликање на гол стомак и постојано постирање на слики од него на социјалните мрежи. Згора на се' порталите наши за клик повеќе не знаат друго да напишат освен (барем еднаш во 2-3 недели) "Антонија го покажа трудничкото стомаче..." Не се трудат дури ни различен наслов да смислат. До толку го сметаат народот за дебилен...
Yeah, за тоа беше мислењето, но истите муабети се водеа пример и за Ријана и едноставно никако не ми иде во мозок зошто толку навреди... завист ли е, што ли е. Пошто кога не се работи за Антониа, бременост е најслатко нешто, бремени жени зрачат... глупости. Трудна е девојката, како сакате да се слика..
Каков дебил треба да бидеш да кажеш на комшија да исече дрво со овошје затоа што му сметала гранка, се допирала до неговата '' златна'' ограда а што е најјакото и тој береше од тоа дрво, иначе да се пази како ќе заврши ако не го стори тоа, wow закани за дрво.. Лечете се со време сите вие кои сакате комшии да ви сечат дрва а од истите јадете, багра невоспитана, јадете фекалии тогаш, со опроштење... Добро утро
Би ги замолила сите граѓани на оваа прекрасна Република Македонија да престанат да ги пријавуваат комшиите кои слушаат гласна музика и да почнат да ги пријавуваат комшиите кои ги малтретираат своите жени и деца дома.
Шо ми е мило да ги гледам Бабичкине и Дедовците секој ден како трчаат низ река Јас едвај 10 метри ке истрчам Ама се си е до навиките.
Датибам спотифајот на секоја минута факинг реклами. Му го зимате правото на чоек и да сака да се исплаче поштено на песна веќе не може.
Знам дека е една од најпосетените теми, па ќе искоритам да споделам , кој колку може да донира. Многу ми е жал што се повеќе почнуваме да наликуваме на Србија, каде се помлади и помлади невини души заболуваат од ретки малигни болести.. Gofundme.
Ахх тој ПМС, колку сум нервозна деновиве, треба да ми дојде циклусот. Ми иде дечко ми да го истепам се ме нервира
За да се објаснуваш во секоја тема, за се, со сите членови си бара стварно многу слободно време Едно време имав и јас време читав по сите теми, сега не можев подолго време да седнам на фемина асално и ооп гледам уште истите луѓе во секоја дискусија
Јас имам слоновско памтење И во реален живот, од нафталин ќе ти кажам ситуација што сме ја збореле, а како не бришам ништо од кога постојат смарт телефони, веројатно и доказ ќе најдам дека стварно било така Исто и со форумски ликови со кои повеќе сум дебатирала или ми оставиле впечаток, памтам и те како што сме зборувале Како клетва му доаѓа да ти кажам, убаво е да можеш да забораваш Е од друга страна денес си ја заборавив саксијата со посадено цвеќе за на работа, ама за 5 години точно ќе се сеќавам дека сум ја заборавила
Последни 2 дена во Мк и се враќам назад , ако ништо друго паметна ми беше одлуката да поседам 1 недела Мк да се видам со баба ми , па сега и да умре жената, нема да имам грижа на совест бидејќи се видов со неа додека е уште жива. Сега ќе може да спијам на раат без да ми идат мисли дека сум можела да издвојам време да се видам , џабе ќе беше ако починеше после да идам Мк, ке нема ефект повеке. Паметно направив. Се чувме со маж ми, он е втора смена на работа, па здравје ќе си дојдам , душа мила, ептен ме разбира и поддржува во се. Туку сакав да кажам денес бев спасувач на дете од 3 улични кучиња. Се враќам по улицата накај дома и слушам вика едно дете ПОМОШ ПОМОШ на цел глас и се приближувам да видам шо е работа ко гледам 3 агресивни улични кучиња му се приближуваат. Епа Херера не е Херера ако не проработи тој кучешки инстинкт ( сигурно сум била куче јас во претходен живот ) и одма без размислување го зедов во раце детето , преку една ограда имаше го префрлив и се завртив кон кучињата. Нема да се објаснувам на долго и широко, само ќе кажам дека во мој живот до сега има некоја енергија не знам како да објаснам јас ама ми иде бе , и со мирно и со лошо куче , секогаш знам да ги смирам. До душа и тие кучиња осеќаат, јас и муабет знам да си направам со куче и повеќе да се разберам отколку со човек. А жив пример е и кучето од кај баба ми , имаат ротвајлер , и не дека се фалам ама од цела фамилија јас сум единствена што не ми ржи тоа куче и што ме нема каснато. Тоа е, си признавам дека мене не ме бива за чување деца, јас не се разбирам не сум способна за дете, ама за куче душата си ја давам. Не дека имам нешто против маче, ама куче , аууууу на смртна постела да сум, ќе станам да се гушнам со куче. Премногу сакам кучиња, премногу ги сожалувам кучињата било која раса , се осеќам духовно поврзано со куче и немам никаков страв, колку и да е агресивно, колку и да е со црвени очи изнервирано кучето, јас пак знам да го смирам. Поздрав @CameliaMiller , те читкав некаде и ти спомна дека немаш страв од куче , дека те немаат каснато
Сакам да кажам дека цел божји ден ми се повраќа,значи неможам да се ослободам од мирисот во носот,накратко требаше да се сретнам со некој си човек за некоја си небитна работа,ама кога го видов,можеби 65 години или тука некаде,од кога е роден не си ги измил забите,толку многу му мирисаше здивот ,цел ден се гадам од помислата.дај на денешно време,не ми е јасно,миете се заби,дали се ваши или вештачки,вилици или како и да е,миете сееееее,на некој денес му се згади животот,нема изговор зошто и како,едноставно нема ИЗГОВОР.......МИЕТЕ СЕ ЗАБИ!!! крај
Да не се тие 3-4 да пишуваат во останатите теми, овде само една категорија ќе остане. Како што ги „укинуваат“ оговарачките теми и кратат на слобода на изразување во име на заштита од тужби (што е смешно) уште толку помизерно станува.
Велат проаѓа се Но не знаат, не дека доаѓа претешко Време на плачење Не зборувај не, Ти не знаеш како е Имаш свој дом пак некаде А за мене касно е
Ако е нормално да држиш растојание од човек кој е настинат/кашла итн нели за да не се заразиш, што се па луѓе толку увреѓени ако не сакаш секое улично животно да го погалиш.
Не знам како губите енергија да глумите добри пријатели. Муабети од типот : Ене го другар ти. Потсмев, иронија... Fake, fake, fake.
Koga ke pocnas da razmisluvas za drugo rabotno mesto,za promena,koga ke pocnes da se interesiras/informiras za drugi firmi... ocigledno potsvesno sakas promena. I ne e toa uopste lose osven ako ne sum jas vo pitanje koja sama na sebe osekam krivica sto ete mi tekna da citam oglasi i razmisluvam za promena
Денес се изненадив колку сме мизерни во чуството за човечност. Зошто? Одам во банка..влегувам. Внатре! Гужва пред гол. Чекаат "луге",а меѓу нив и трудна жена. Ке се степаа,се испобуткаа кој е прв на ред. А не се чукнуваат да и кажат на онаа шо носи два животи во неа...да повели да не чека. КАТАСТРОФАЛНА МИЗЕРИЈА е мал збор. Фрапирана сум.