Неможел да ти биде за после две недели, бидејќи упатот важи седум дена. Убаво ти објасниле, термините треба да се испочитуваат, доколку се најде простор измеѓу те убацуваат, доколку не, ќе почекаш. Инаку, доколку некому му е премногу лошо секако дека и луѓето на термин ќе го пуштат преку ред, луѓе сме нели?
Човек пред умирачка. Човек на кој му треба амбулантна помош. Негодавач то ест синот има проблеми со грбот, тие што ја возат амбулантата велат не е нивна работа да го натоварат, дали да го оставиме човеков да умре? Кого да викнеме да го товари? Багер? Среќа човекот најде уште некој да му помогне.
Дали можи мене да ми објасни која е поентата во силењето со брзински мотори кога ке запролети, силењето шо можи појке тој гнасен звук им е пријатен? Каков кеиф е то не можам да го разберам.... поке прашање за мажи
Прееска ми се пожали продавачка од месарница со случајов. Пред 5 години имаше исто случај со постар човек во зграда. Куманово. Ако сум чул бар 2 пати, страв ми е да не е почест случај. Едноставно тоа им бил наводно изговорот и во двата случаја.
Епа оти малце ќутек имаат јадено, затоа. Следен пат малце воспитната, па и на раце пеш ќе ги носат. Али им се може, нашиов народ има менталитет на жртва, никад ништо нема да направи, само ќе се лигави по чошкови.
Упат со важност од три дена не постои. Има приоритетен со важност од седум дена и итен упат со важност од 24 часа.
Постои итен упат со важност од 24 часа и приоритетен со важност од 72 часа, едно време поранешниот министер имаше најавено за упат со важност од 7 дена, но не за првична дијагноза... мислам дека тоа не е уште воведено
Напротив, сум имала многу ситуации, повеќето негативни. Ама муабетот беше за тоа како правилно функционира приоритетниот и зошто. Приоритетен е затоа што можиш да се прегледаш уште денес или утре, наместо да чекаш за термин во јуни. Ете тоа ти е приоритетот. Не знам што ти значи тоа приоритетот ти бил после две недели кога кажа дека си чекала 2ч и те примиле. Нема дата на приоритетните само важи ограничено време што значи штом ти го издала матичната си можела истиот ден да одиш на преглед и да почекаш.
Епа тие што дошле уредно на термин кој го чекале со години ако не нека те чекаат тебе да завршиш, затоа што твоето е итно нели? Вие правите разлика меѓу итно и животнозагрозувачко?
Не испревртувај… кажав дека нема ред ни поента приоритет. Нит па мој термин се е хаос. Сигурно чим ти дале приоритетен не било од што немаш што да правиш. Разграничи поим.
Не знам ама јас кога еднаш бев со приоритетен, матичната ми кажа важи една недела. Ова пред неколку 7-8 години де.
Сеуште е така. Ама не е поентата дали важи седум дена или две недели. @Feniksgirl не испревртувам. Сите ти објаснуваме дека ИМА поента приоритетниот упат. Не знам каков ред бараш кога ТИ самата сметаш дека не треба да ги чекаш тие што имаат уредно дочекано термин затоа што имаш приоритетен. Btw тој хаос 90% самите го правиме, затоа што ете мислиме дека нашето е побитно од нечие друго па бараме врски подмитуваме доктори бараме да не протнат преку ред и слично. И ајде разграничи ми ти поим - како мислиш да отидеш со приоритетен и да не чекаш? Не бе, за наш менталитет никогаш ништо нема да чини затоа што сите сме паметни и сите се знаеме .
Аууу, оке така нека е. Никаде не кажав дека моето е битно. Имало и други коа сум била со мој термин што биле со приоритетен, па мислам дека треба да имаат предност дента. Тоа што кој што сака праи и кога сака, тоа е тоа што сакав да кажам. Сите ми објаснувале . Сфаќам што сакаш да кажеш, јас зборам за хаосот општ, низ здравствово наше. Секако не може на форумов да не ти испревртат мислење.
Па тоа е проблемот, што нит така нит така има ред. Чекаш со месеци или коа ќе ти дојде терминот никад не влагаш на време, пак чекаш.. тоа сакам да кажам.