Имав толку нешта во план, речиси сигурни да почнат да се остваруваат и со само еден повик се пропадна во вода. И почнав да плачам како лудача, зошто не знам на каде да го фатам сега патот. Личноста со која можам да направам муабет, да се потпрам на рамо и да се исплачам нит е тука, нит па можам да ја добијам. Се чувствувам ко во дупка од која не гледам ама баш никаков излез. Ма ни трошка надеж. Проклета година!
Си ги гледав лајкнатите страници на фб-во и се мислев на шо банани сум била. Какви глупости имам лајкано... Топла шоља <3 Едно време имав лајкнато 7.000 страници, па скратив на 3.000, ама уште имам за кратење. Можам и сите да ги забранам, ама интересно е да глеам шо глупости сум допаднувала. Eве на пример, дознав дека сум била у војната у 1945 година. Буби го боле меот. Ама ти е убава косата, „Брилијант“ ли користеш? Можда е петок, али има да спијам, ауууу. Кој ќе ме разбуди сабајле, чу га патошем. Ај, ја порано ве напуштам, па кој ќе биде последен, да не забораи светло да угасне.
Бившиот ми маж подигнал кредит, хахаа дојде да се пофали дека го земал. Многу ми е жал што се зезна, му кажав што треба да купи за новата школска година, успат и гардероба, а успат и уплатниците хаххаха. И тој се покаја што дојде хахахха. Ете тоа сакав да кажамм
Седам кај мене во соба и ги слушам моиве во другата соба како прават некои сериозни муабети, задлабочени двајцата, тук-там ќе наслушнам нешто, па нешто нема да наслушнам, ама луѓево нешто ми се шушкаат... Ама кога зборови како неверства, абортуси, бремености, грабнувања, пукања почнаа да се спомнуваат и повторуваат - крвта ми се смрзна. Си викам што е со луѓево? Што е со муабетиве? Мора да кријат нешто. Нозе ми се пресекоа, најсериозно. А тоа дечките да си прераскажувале турска серија. Забавно.
Многу сакам да станам независна жена. Сакам да се тргнам од сите и да си терам на своја сртана ,среќна. Не ми треба никој само он , и ке си направиме ние свој живот далеку од се. Се од почеток. Да заборавам се и да бидам среќна. Ке ме бараат тие мене ,ке им требам али нема да бидам тука. Може ке се покајат некој ден. Касно ќе им биде.
Ми иде да си ја пуштам најдепресивната песна што може да постои и да плачам. Чувствувам некоја тежина во последно време, грутка што ми стои во грлово и не ми дава да земам здив. Не знам дали е поради дождов и тмурното време кои ми ја отежнуваат ситуацијата, поради ПМС или поради грижите,мислите кои ми го блокираат мозоков и не можам да размислувам трезвено. Тешко ми е.
Се повеќе ме изненадуваат луѓево, тотално без зборови ме оставаат Не знам што да мислам, што да кажам
Едноставно не поднесувам промени ! Една од тие кои ужасно ми сметаат е промената на времето. Ме дотепа во секој поглед, ми ја исцади секоја клетка и психички и физички, уште малце и паничен напад да ме стрефи, се си е можно . А најмногу страда мојот стомак, уште едно трчање до онаму, мислам дека ребрата ќе можам да си ги избројам без проблем .
И како е онаа поговорката „Заборави го оној кој те заборавил!“ Ех да беше така лесно, пустото то не заборава.. Баш ко ќе сакаш да заборавиш најмногу, тогаш се присеќаш на се, на секоја ситница, секој детал.. И баш се срамам, и од сабата себеси што не можам да заборавам некој кој одамна заборавил на мене.. како да си ја оправдам вината и болката? Понекогаш сакам ова срцево да си го искорнам од градите за да не чувствувам ништо. Секогаш погрешните.. Секогаш.. И баш оној кој мислев дека е вистинскиот.. Не знам што треба да направам за да го спречам ова повредување, премногу се врзувам за личности кои немаат намера да останат. Се во круг се врти, минатото се повторува само со друга личност. Смачено ми е.. Како тоа само јас успевам да се заљубувам прва, зошто некогаш и другиот не се заљуби.. Каде грешам..
Што и да ви се случува,само смејте си се И ич да не ви чуе за глупости! Сакам да им се заблагодарам на сите кои што ми дадоа поддршка вчера,кога ме фати жута минута некоја и ме посоветуваа. Колку и да е позитивна некоја личност,природно е некогаш и да се растажи. Само ако после тоа си ја врати насмевката!
Најубаво чувство?! Па тоа е кога ќе се разбудиш со голема насмевка. Како што викаме ние, озабена од 6ка до 6ка.
Се сетив на една изјава од комуналец...е снегот ко се закопа овде.Биле изненадени од снегот.Кутрите тие чекале снегот во август да падни,а тој во декември...
Стварно не се фер надлежните што не прават опција за конечно исклучување на мејлови-известувања за секој факинг коментар, после твојот . Саат време чистев инбокс
Имам дома 4 тањирчиња пудинг и сеа за да ми личи дека имам повише, си јадам од сите 4, по малку.. хаха лол една логика упм! али како би ги мавнала сите 4 наеднаш, тоа чудо едно. али не смем мама ми рече: Рецесија е Луци, мора да се штеди и да се чува!
Каснам со ова, ама нема поубаво чувство од саботните излежувања. Сум заборавила колку ми било убаво после цела недела рано станување да можеш конечно да се наспиеш и изналежиш. Па и онака есенски, со спуштени ролетни, со меко и миризливо ќебенце. И мене изгледа ме префати она есенското.