Светов оди напред, ти кај тетоважите си застанала. Ова не е можно да го пишува млада девојка, а не баба од 60+ години.
Мене најневкусно ми е да не знае да си ја работи работата, да е бавен, надмен и да кочи цел канцелариски процес Дрес кодот е решлив, тетоважите небитни
Не можам да верувам, кое вреѓање. Не може човек мислење да каже, ако е спротивно, одма вреѓања и напаѓања. Светот оди напред и со прифаќање и почитување туѓо мислење. Ако Америка оди напред со истополови бракови, една Јапонија воведува роботи за работа, зошто и ние не одиме напред?
А и да се надоврзам на ова негативното. Дали си приметила ..пар се.шета и кога ке сретнат некоја друга девојка..дечкото ке почне да ја омаловажува својата девојка да.се покаже пред оваа другата демек он е Бред Пит и сите вени сечат за него.. Мислам кој ти к*рац бе брат,шо ми глумиш маџарска собарица...демек не се знаеме кои сме. Оти мора да се тапчи во место затоа.
@GirlLove И самата си кажа дека ти е уназадено мислењето. Еве јас имам 2 тетоважи и тоа двете се на видни места, па соработувам секојдневно со буквално врвни луѓе во Европа, луѓе шо се врвни бизнисмени во областа на технологијата. Па ете Никој, ама баш никој, ниеднаш не ме погледнал накриво или не се зачудил што имам тетоважа. Мој избор, моја ствар. Мојот успех нема да го спречи ниедна моја тетоважа. Ако јас сум добра во тоа што го правам сигурно нема да им засмета мојата тетоважа. Не си ти крива шо имаш такво мислење и дефинитивно не си единствена. Таков е менталитетот тука уште за жал. Еве на пример баба ми прва би се сложила со тебе и би ти рекла браво девојче.
Абе, се изнаоде светов напред...доволно беше мислам. Му воведуваат 60 работни саати неделно, оно светот одел напред...yea, right
Кои златни луѓе ви рече дека тетоважата ви пркоси на успехот или некој ве гледа накриво ? Или вие имате проблем со перцепција. Жалам, што сеуште не научивте да се однесувате коректно кон луѓето. Директно вреѓате ако некој има различно мислење. Има луѓе што веруваат во астрологија, јас не верувам. Има луѓе што, не ставаат вештачки нокти, луѓе што не идат на забави, луѓе што слушаат класична музика, луѓе што слушаат хард кор метал, луѓе што се облекуваат кежуал. И сеа да му се убацам у муабет, као еј тапа си ти, ко баба ми си.
Ако мислиш на мене, само пробав да ти објаснам зошто можеби не си во право. Јас почитувам туѓи мислења и тоа како. Твој живот, твој избор. Како што кажав, не си единствената со таков став тука кај нас, така да разбирам. Јас само го споделив моето искуство и воопшто не те навредив Не само баба ми, туку и многу други од мојата околина би се сложиле со тебе. Ама крај краева, што ти е тебе гајле дали е некој тетовиран или не? Зошто би ти сметала нивната тетоважа? Не е твоја, нивна е.
Па има и специјални креми за прикривање на тетоважа, ако им здосади тетоважата има и ласер.Кога на работното место не им прават проблем за тетоважа не им пречи тоа е ок.Полошо е кога некои одат пренашминкани како дете некое да ги шкртало .
Дефинитвно треба многу работи да се решат на форумов. Став, има секој свој, нема погрешен. " И самата си кажа дека ти е уназадено мислењето" Јас ништо не кажав, реков можеби реков, ќе го сменам мислењето. Значи, ако некој нема и не сака тетоважа за тебе е уназаден? А ти, еве унапредена. Од сите најнапред си. Кажи ни плис, кои други работи се нанапред во општеството. Да не си во отворена врска, како стоиш со шугар дедис, како со пластични операции за силикони и усни, нешто од технологија? Voice command, дали се користи ко ќе се влегува дома или ко ќе сакаш да ја стартуваш колата? "Не си ти крива шо имаш такво мислење и дефинитивно не си единствена" А со ова ме изнасмеа. Јас не се осеќам ни грам крива ако сум сд изјаснила.
Или да му се убациш со муабет, еј со тетоважи си, невкусен, нема работа за тебе. Зато те прашав кој е проблемот, ако веќе не пркосат на успехот. Муабет си прајме, интересна тема ми е, можат и да не' префрлат да не замараме тука. Ако прифаќаме туѓо мислење, треба да прифаќаме и туѓ избор, не можи секој еден на работа за нешто да смета, и то е некоректност према луѓе, а и вреѓање.
Погрешно сфати. Јас не реков дека никој не смее тетоважи да има. Си има негови си се. Мене лично не ми е вкусно за в канцеларија. А се дружам со такви.,имам за извоз хаха Едностано не ми е етички за в канцеларија.
Мило ми е што те измасмеав, продолжи да се смееш и понатаму. Скокаш од тема на тема, мешаш шугар дедис, пластични операции, силикони, voice command, отворени врски, стартување коли…. Каква врска има било што од ова што спомна со тетоважите? Значи, ако некој нема и не сака тетоважа за тебе е уназаден? НЕ!!! Лично право дали некој сака тетоважи или не. Ама некој што си дава за право да коментира дали некој треба или не треба да биде тетовиран, тој е и тоа како уназаден. Јас си гледам за себе и не ме интересира што се дешава во туѓиот двор. А ти слободно продолжи да гледаш кој е тетовиран и кој не е. Не те цитирам повеќе, нема фајде. Поздрав
Мило ми е, и ти продолжи да си весела и да се смееш. Јас, прво си кажав мислење, после следеше напад, па контранапад за на крај некој се повлекува и кажува дека некој гледал дали некој е тетовиран или не. И не вреѓам дали некој е уназаден со размислување или не е. Јас не се расправам, тоа е твое сфаќање. Да се расправав, верувај немаше вака да изгледа. Прочитај си ги мислењата и пронајди дали некого вреѓаш во иситите. Поздрав и секое добро.
Не можам да се сложам за жал. Денес, секој прави тетоважа од некое значење. Не е како порано да ставаат ради мода. Но, сметам дека тоа е најмал проблем ако ти како работник си добра, снаодлива и можеш да ја однесеш компанијата на подобро ниво. Најуспешните личности носат тетоважи.Може најзгодниот менаџер има тетоважа а не можеш да ја видиш. Тетоважата е уметност. Така да, наместо да се контраш како што сама кажа “сите имаат право на мислење”. Можеш повеќе да истражиш за тетоважите, личностите и значењето па ќе видиш дека нема врска со тоа што го мислиш.
Јас мислам дека тетоважа и канцеларија оди. Е сега убава, дискретна тетоважа, а не целиот испошкртан.
Па, тој јасно покажува кој е...искомплексирана будала....девојките се небитни во приказнава, исто би се понашал со секоја....доволно за памет....